Претседателот Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев


Претседателот Стево Пендаровски, како што информираат за МИА од неговиот кабинет, официјално не е информиран за оставката на премиерот Зоран Заев, што повлекува оставка на цела Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за […]

Оставката на Заев одекна во регионот: Виновна е и ЕУ, велат аналитичарите


Веста за оставката на премиерот на Македонија Зоран Заев синоќа одекна во регионот. Многу аналитичари се прашуваат како тоа ќе се одрази на понатамошниот пат на земјата кон Европската унија, но посочуваат и дека нестабилноста во земјата никому не би му одговарала. Зоран Заев ја презеде одговорноста за резултатите од локалните избори и поднесе оставка […]

Димитров: Политиката на проширувањето е со наведната глава


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава. На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување […]

Франкофонскиот печат со реакции за оставката на премиерот Заев


Франција– Францускиот и франкофонскиот печат ја пренесоа веднаш агенциската вест за оставката на премиерот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев по поразот на локалните избори, јави дописникот на МИА. За париски „Ле Монд“, оставката следува откако левичарската партија СДСМ го загуби главниот град Скопје и повеќето поголеми градови во земјата. Но, притоа парискиот угледен весник […]

Мицевски: Не е време за славење, состојбата е сериозна


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски денеска од Собранието порача дека пред Македонија е голема работа, а се надева дека ќе има и нови предвремени парламентарни избори. „Состојбата во државата е сериозна. Не е време за славење. Македонија во наредниот период ќе ја зафати енергетска криза, како што се случува во […]

Во Собранието не е стигната оставката на Заев


Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика седница за верификација на мандатите на новите пратениците кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии. Тоа […]

Грчките медиуми за оставката на Заев


Оставката на Зоран Заев и од премиерската функција и од позицијата претседател на СДСМ, од доцна синоќа е меѓу главните вести во медиумите во Грција, кои ја пренесуваат информацијата, без дополнително да анализираат или коментираат, јави дописничката на МИА од Атина. „Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во […]

Македонија пред нова влада или нови избори?


Oткако премиерот Зоран Заев вчера ја најави својата оставка во Владата и на лидерската функција во партијата , почнаа калкулациите како ќе се избере нов премиер. Уставот по ова прашање е јасен и вели дека не е можно да се избере само нов премиер, а владата да продолжи нормално да функционира. Со еден збор со […]

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот


Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата. Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата […]

Бугарските медиуми за оставката на премиерот Зоран Заев


Вториот круг од локалните избори во Северна Македонија е главна тема во бугарските печатени изданија и електронски медиуми, јави дописникот на МИА од Софија. Темата со локалните избори по кои уследи оставката на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, беше објавена во сите медиуми, без да се даваат коментари за тоа. Софиското издание „Дневник“, по […]

Флоријан Бибер: Има една добра и две лоши вести со оставката на Заев


Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер, по синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев на двете позиции, оценува дека во тоа има една добра и две лоши вести. – Добрата вест е да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата […]

Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов


Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26). Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе […]

Горан Благоев: Не е точно дека нема македонско малцинство во Бугарија


Кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата – КОД, Горан Благоев во изјава за БНТ коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија, вели дека се неопходни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се на точка на замрзнување.Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, оценува и […]

Оценка од Берлин: Блокадата на Бугарија фрла сенка врз целиот Западен Балкан


Според Кристине Хулман, шеф на одделението за Западен Балкан во германското министерство за надворешни работи, европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе биде надворешно-политички приоритет и за новата влада во Берлин   Одложувањето на отворањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, поради бугарското вето, ги засенува аспирациите на регионот за европска интеграција. […]

Орце Камчев нема бугарски дипломатски пасош, тврди Софија


Каква фотокопија доставил бизнисменот Орце Камчев до Кривичниот суд во Скопје на која се гледало дека тој има дипломатски пасош издаден од Бугарија. Лажна или вистинска? И дали навистина доставил до судот фотокопија од дипломатски пасош. Бугарското министерство за надворешни работи објави денеска дека Камчев нема дипломатски пасош издаден од таа држава. Ова е одговор […]

И Костадин Костадинов се откажа од користење службено возило


Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов денеска објави дека нема да користи службено возило од општината, ниту пак службен телефон. Во изјава за МИА прецизираше дека ќе се вози во сопствениот автомобил со возач, а средствата од продажбата на автомобилот ќе се наменат за проектотот за Младински културен центар, кој треба да биде сместен во […]

МНР се уште не виделе оставка од Ванчо Ѓоргиев


Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес, чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 […]

Јанев: Бугарија и Македонија имаат заедничко минато и иднина


 Со Северна Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, притоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари. – Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални […]

ОМО „Илинден“ – Пирин : Можеме да им позавидиме на проблемите на Бугарите во Македонија


ОМО „Илинден“ – Пирин реагира на промената на бугарските барања околу спорот со Македонија и посетата на преставниците на бугарските здруженија од нашата држава на Софија.  „Иако досега се менуваа само лажните изговори за блокирање на македонското членство во ЕУ, сепак за поздравување е што фокусот се префрла од обидите да се наметне лажно бугарско […]

САД работат на прашањето за правата на ОМО „Илинден“ во Бугарија


За време на сослушувањето во поткомитет на Претставничкиот дом на Конгресот американскиот помошник-заменик државен секретар, Пабло Ескобар, освен што рече дека Македонија и Албанија мора да започнат преговори со Европската унија до крајот на годината, спомена дека САД работат и на прашањето за отфрлањето на правата на ОМО „Илинден“ од страна на бугарските власти. Ескобар […]