Алтернатива до среда ќе има став како ќе настапат нејзините пратеници


Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува  состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица. Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, […]

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за доверба на Владата во скафандери


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска се позитивни на Ковид-19.  Пратеничката од Гевгелија е во изолација, но и двајцата во четврток ќе  присуствуват за да гласаат облечени во скафандер. „Секако ќе гласаме, имајќи го во предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање“, […]

Холандскиот премиер во посета на Македонија ден пред гласањето доверба


Холандскиот премиер, Марк Руте во среда, ден пред гласањето доверба на Владата,  доаѓа во Македонија. Ова е прва посета на премиер на Холандија на земјава во историјата на дипломатските односи меѓу Хаг и Скопје. Според информациите на „360 степени“, токму поради турбуленциите на политичката сцена, агендата на холандскиот премиер се прецизира во последен момент. Во однос […]

Заев се сретна со Џафери и со Ахмети во Собрание


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го повикал премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Собранието, велат од СДСМ откако во јавноста излезе информација дека тој се наоѓа во парламентот на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Причина за поканата е  лично да го информира Заев за покренатото гласање за доверба на владата и […]

Нов пресврт – Управниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема прегласување во Желино


Изгледа дека веќе ништо не е јасно што ќе се случува со иницијативата за изгласување на недоверба на Владата откако денеска Управниот суд, како што јави „360 степени“, ја прифатил тужбата на Беса за гласањето во Желино. Според оваа одлука, која е конечна, нов градоначалник на Желино е Блерим Сејди од Беса. ДИК во четвртокот […]

Германските социјалдемократи: Заев да размисли за оставката, немаме разбирање за ветото на Бугарија


Нилс Шмид надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи во Бундестагот апелира до премиерот Зоран Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер.   -И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на […]

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата


Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за четврток во 11:00 часот седницата на која треба да се гласа доверба на Владата. -Информираме дека во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат кој повеќе го урнисувал РЕК Битола


Двете водечки партии во земјава, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ со партиски соопштенија и прес конференции се обвинуваат меѓусебно за состојбите во РЕК Битола и за причините зошто доаѓа до испади во комбинатот и до прекини во производството на електрична енергија. Од СДСМ велат дека во август 2017 година кога новото раководство го презеде АД […]

Ванчо Ѓоргиев добил „клоца“ од историската комисија, не ја дал оставката


Шефот на дипломатијата Бујар Османи донел одлука да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, а кој пред две недели најави оставка од Комисијата, поради, како што напиша, директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата. Министерот Османи во изјава за […]

Заев: Повторно сакаат да ја заробат и упропастат државата


За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша попладнево премиерот Зоран […]

ЕУ заглави во семантика и го овозможи поразот на Заев, вели важен тинк-тенк од Брисел


Сите ветувања на Европската унија за регионот беа празни зборови, оценува Европскиот центар за политика БРИСЕЛ – Европскиот центар за политика (ЕПЦ), еден од највлијателните тинк-тенкови во Брисел, изразува загриженост поради слабата посветеност на ЕУ кон проширувањето и ризичните последици. Европскиот центар за политика коментира дека иднината на политиката на проширување на ЕУ оди во […]

Не ја дочекаа оставката на Заев и поднесоа иницијатива за недоверба на Владата


Лидерот на Алијансата, Зијадин Села, изјави дека проблематизирањето на потписите на Левица било дел од пропагандата на ДУИ   Откако стана јасно дека премиерот Зоран Заев нема да поднесе оставка во рокот што како ултиматум му го зададе Христијан Мицкоски, партиите што го сочинуваат новото парламентарно мнозинство поднесоа иницијатива за гласање недоверба на Владата. Ова […]

Иконому: Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите со Северна Македонија


Изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите се покажува како правилен избор, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во земјава, но и за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Во Преспанскиот договор пишува дека – не може да се отповика


Врз основа на стриктните одредби Преспанскиот договор не предвидува процедура за негово поништување или за повлекување, па ни можност за промена на основните два члена   Блеф или незнаење – е дилемата околу најавите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека, кога ќе дојдат на власт, ќе се повлечат од Преспанскиот договор. Иако оваа закана е во […]

Скендер Реџепи: Нема цена мојот потпис да биде во редот со Левица


Напред назад – така изгледа составувањето на новото парламентарно мнозинство откако денеска пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, рече дека се залага за рушење на власта на СДСМ и ДУИ, но дека не може да стави потпис на список на кој е се потпишани и пратениците од Левица. „Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел […]

За ДУИ сите опции се можни


ДУИ сака да се најде решение за политичката криза во земјава и за тоа ќе разговара со партиите од двата блока. Во таа насока Генералниот совет на партијата на денешната седница го овластил Али Ахмети да преговора со политичките актери во земјава. „Претседателот Ахмети ќе разговара со сите политички партии во двата блока, освен со […]

Мицкоски до градоначалниците: Местото ви е на терен, а не во фотелјите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски им порача на градоначалниците дека по ниту една цена да не се занемари она што беше ветено на граѓаните во изминатиот период на локалните избори. Од нив тој побара директно три работи. „Како прво, имајќи предвид дека во програмите имаме предвидено сериозни капитални проекти, ќе побарам од градоначалниците во наредните […]

Ахмети негираше дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Мицкоски


 Не сме загрижени за ситуацијата со опозицијата. За нас се приоритет државните, а не партиските интереси – да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира земјата во нормална состојба, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово. Како што рече Ахмети, ДУИ е отворена за разговори со сите кои […]

Мицкоски ќе чека Заев утре до 14,30 часот да ја поднесе оставката


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска објави дека новото парламентарно мнозинство чека премиерот Зоран заев утре до 14,30 часот да ја поднесе најавената оставка во Собранието. Доколку Заев тоа не го направи новото мнозинство ќе ја отпочне процедурата за гласање недоверба на Владата. На прес-конференцијата тој објаснуваше дека во целиот проект за менување на власта […]