Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март


Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа. Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на […]

Македонската и бугарската делегација положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев


Делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас по повод 150 години од неговото раѓање. Министерката Костадинова Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни […]

На 17 април избори за градоначалник за Маврово-Ростуше и Центар Жупа


На 17 април ќе се одржат изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за Центар Жупа. Решението за распишување на избори денеска го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери. – Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен […]

Кирил Петков ја отфрли идејата Историската комисија да ја замрзне работата


Бугарскиот премиерот Кирил Петков денеска го отфрли предлогот на копретседателот на Истриската комисија, Драги Ѓоргиев, да се суспендира нејзината работа на две години. „Политиката ја водат политичари, а не експерти. Ние поставивме јасна политичка рамка во нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада, на Северна Македонија – исто така. Така што овие работи не […]

Што содржи Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев?


ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев. Во продолжение прочитајте што пишува во Декларацијата: „Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и […]

Каракачанов ги бара назад коските на Делчев


Партијата ВМРО на Красимир Каракачанов  побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија. -Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО. -Денеска, е незаборавен датум за […]

На Пендаровски му е „драго“ што го исвиркале, тоа за него е демократија


Претседателот Стево Пендаровски ги искоментира свирежите кон него пред влезот на црквата „Свети Спас“, додека положуваше цвеќе на гробот на Гоце Делчев. „Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме, за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. […]

Оддадена почит по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев


  По повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев, бројни делегации положија цвеќе на гробот на корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна држава во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Венци положија и се поклонија претседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски во која беа […]

Ковачевски со Мишел и Дер Лајен: ЕУ сака преговори со Македонија без одлагање


Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.  На средбата премиерот изрази благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање. Тој исто […]

Откако „сечеа вени“ за Александар Македонски, ВМРО-ДПМНЕ сега ќе го политизира Гоце Делчев


  Од свирежи за официјалната делегација пред „Свети Спас“, до најава за поднесување декларација во македонскиот парламент со која ќе се брани ликот, делото, а пред сѐ етничкото потекло на Гоце Делчев. Вака ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски мислат дека треба да се решава спорот со Бугарија, омаловажувајќи ги македонските делегации, правејќи срамен настан и […]

Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев


Одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев утрина започна со полагање цвеќе од страна на претседателот Стево Пендаровски на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.  Во текот на денот цвеже ќе положат претставници на други државни институции и партии. Во рамки на одбележувањето на јубијелот, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе […]

Ковачевски на средба со Шарл Мишел во Брисел


Белгија– Во текот на денешниот ден премиерот Димитар Ковачевски ќе се сретне со претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија со кои ќе разговара за ЕУ патот на Северна Македонија и бугарската блокада, јави дописничката на МИА од Брисел. Денеска во 9.30 часот премиерот Ковачевски треба да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, […]

МНР против „замрзнувањето“ на работата на Историската комисија


  По реакциите во Бугарија околу изјавата на Драги Ѓоргиев од заедничката Историска комисија помеѓу  Македонија и Бугарија дека е најдобро нејзината работа да биде замрзната за две години додека не се создаде подобра политичка клима за нејзината работа, бидејќи влегувањето во ЕУ ќе трае десетина години, со порака излезе и нашето Министерство за надворешни работи, […]

Мицкоски ќе повикa на народен отпор за промена на власта


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја радикализира реториката. Тој вечерва ја повика власта да седнат и да се договорат за предвремени избори, а ако не ќе повика на народен отпор за промена на Владата.  -Ако се одговорни и ако им мислат добро на граѓаните и на Македонија, треба да седнеме на  лидерска средба, да ги […]

Петков: Во Северна Македонија и Бугарија има сили кои не сакаат добрососедство


Во Република Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје. Тој нагласи дека  „за надворешната политика во нашите односи, одговорни […]

Мицкоски на средбата со Баздникин ја поддржал Украина


Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му порачал денес на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, дека се залага за  почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и за дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања. Тој практично се најде на иста линија со ставот на македонската влада, искажан […]

Министерката за култура на заедничкото одбележување со делегацијата од Бугарија


По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Владата на Македонија на 4 февруари 2022 година, со свои претставници ќе организира и ќе биде вклучена во неколку свечени настани и одбележувања. Во 10 часот, Владата ќе има своја делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан […]

Не се знае кој ќе оди на заедничкото чествување на Гоце Делчев со Теодора Генчовска во „Св. Спас“


  Пред утрешното заедничко македонско-бугарско чествување на Гоце Делчев, по повод 150-годишнината од неговото раѓање, од македонска страна сѐ уште нема информација кој ќе биде во нашата делегација која заедно со бугарската треба да положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св.Спас“. Сигурно е дека во делегациите нема да бидат премиерите на двете земји, […]

Столтенберг до Ковачевски: Подгответе се и за најлошото (Видео)


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утрово по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, порача дека разговарале за состојбата во и околу Украина и дека треба, како земја членка, да бидеме подготвени за секакви сценарија околу кризата, па и за најлошото.  „Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија. Ова е најголемо распоредување на […]

Петков и в.д. македонскиот амбасадор во Софија ќе положат венец пред споменикот на Гоце Делчев во Софија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање, соопшти прес-службата на бугарската Влада.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со бугарскиот премиер Петков ќе биде и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија Владимир Крстевски.