Во кое својство Мицкоски преговарал за набавка на автобуси за Град Скопје?


СДСМ реагираше денес на најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, дека во  разговарале за набавка на 100 автобуси на електричен погон за да се модернизира градскиот превоз во Скопје.  
 
„Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје? Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за ‘она на М‚?
 
За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите. Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик-градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо“, порачаа во реакцијата СДСМ.
 
Мицкоски претходно на отпет на градоначалниците не ни криеше дека ВМРО-ДПМНЕ го води Скопје место Данела Арсовска, која и натаму се преставува како независна градоначалничка. 
 
„В0 делот на организираниот превоз изминатиот период сериозно работевме на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании кои што произведуваат електрични автобуси за кои Градот Скопје. Нормално тоа е и дел од изборната програма и ветувања на независниот кандидат, градоначалник Данела Арсовска. Скопје да биде лидер по оваа технологија и во градскиот превоз на Балканот, а зошто да не и во Југоисточна Европа. Тоа е набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси кои што од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче“, рече Мицкоски, очигледно однесувајќи се кон буџетот на Градот како кон партиски.