Мицкоски бара со референдумот да се организираат и избори


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државната изборна комисија (ДИК) поднесе иницијатива за Референдум. Мицкоски очекува денеска во подрачните канцеларии на ДИК да бидат собрани сто потписи за таа да биде доставена до Собранието по националниот празник. Тој, како што кажа, ќе биде меѓу првите потписници во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, […]

Пендаровски и Чапутова положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“


Во рамки на нејзината официјална посета на Северна Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Пендаровски претходно во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Чапутова, а […]

Пендаровски: Како со Ковид-вакцините, ЕУ да помогне и сега, за енергетска криза


Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза. -Како и во времето на Ковид, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. […]

Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција


Претседателот Стево Пендаровски смета дека не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со соседите. Не поддржува референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа, како што вели, би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа, нагласува, би било исто како да веруваме […]

Италијанскиот претседател Матарела доаѓа во Скопје, ќе се поклони пред Гоце Делчев


Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, утре во вечерните часови ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела во петок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, државниците ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена […]

Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ


Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана […]

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова


На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите […]

Во Собранието седници на комисиите за избори и именувања и за надворешна политика


  Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе продолжат седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на Комисијата за надворешна политика. Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии при што се уште се дебатира за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, […]

Tркалезна маса на тема „(Зло)употреба на институтот спогодување за вина и признание“


  Во „Клубот на пратеници“ денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „(Зло)употреба на институтот спогодување за вина и признание“, информираат од Владата на Република Северна Македонија. Организатор на тркалезната маса е заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, а воведно обраќање, покрај неа, ќе има и министерот […]

ВМРО-ДПМНЕ ја почнува процедурата за референдум


  Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски денеска напладне во Државната изборна комисија ќе достави иницијатива за одржување задолжителен референдум со прашање: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Претседателот на државата Стево Пендаровски предупреди дека прашањето на опозицијата […]

Скопје домаќин на НАТО Конференцијата за комуникатори


  Во Националната филхармонија денеска ќе биде отворена НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Северна Македонија. На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, а видео-обраќања ќе имаат и командантот на Сојузничката […]

Словачката претседателка Зузана Чапутова во посета на земјава


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија. Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на […]

Шефот на холандската дипломатија денеска во Скопје


  Шефот на холандската дипломатија Вопке Хукстра денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија. Хустра ќе биде примен од неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, при што ќе одржат пленарен состанок и прес-конференција.

Посмртните останки на амбасадорот Рамадан Назифи испратени од Берлин


  Со највисоки воени почести, во присуство на најблиските членови на семејството, претставници од нашата Амбасада, како и претставници од Министерството за надворешни работи на Германија, денеска од Берлин беа испратени посмртните останки на амбасадорот Рамадан Назифи, кој почина на 3 септември во германскиот главен град. Како што соопшти МНР, погребот на амбасадорот Назифи ќе […]

Прашањето за референдумот е да се откажеме од ЕУ, вели Пендаровски


  За претседателот на државата, Стево Пендаровски, прашањето за евентуалниот референдум значи дека треба да се откажеме од ЕУ. „На референдумот од опозицијата ќе добиеме прашање со кое во суштина македонските граѓани ќе ги прашуваат дали сакаат да престанеме да одиме кон ЕУ“, рече Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.     Имаше новинарско […]

Ковачевски: Референдумското прашање е гледање личен, партиски интерес


Неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата, вака премиереот Димитар Ковачевски денеска одговори во врска со референдумското прашање кое, како што истакна, опозицијата веројатно ќе го достави до Собранието. -Прво, ние сме држава која почна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на […]

СДСМ: Мицкоски измислува нови форми за нови блокади


  Владејачката СДСМ денеска го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека измислува нови форми за нови блокади, откако Извршниот комитет на партијата го усвои прашањето за Договорот со Бугарија што би одело на референдум. „Откако му пропаднаа сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата Мицкоски измислува нови форми за нови […]

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне да собира потписи за референдум


 Се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, изјави денеска на брифинг со новинарите Христијан Мицкоски, претседател на опозициската партија. Мицкоски беше дециден дека тие не се против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека договорот е асимилаторски и треба да се напушти. ВМРО-ДПМНЕ синоќа го […]

Милошоски ја претвори Комисијата за надворешни работи во пародија


  Комисијата за надворешна полититика на Собранието почна, прекина, продолжи со работа, па пак прекина. Откако шефот на дипломатијата Бујар Османи побара да биде деблокирана нејзината работа и четирите преостанати амбасадори да ги презентираат приоритетите, претседателот на Комисијата Антонио Милошоски чекаше дозвола од МНР за да ја отвори расправата за јавноста, бидејќи во спротивно немаше […]

Дробњак им ги пренесе искуствата на Хрватска за пристапот во ЕУ на Ковачевски и на Маричиќ


Поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак, денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со македонскиот преговарач Бојан Маричиќ.   = Ми беше чест и задоволство да се сретнам и да разговарам со поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак кој доаѓа во клучен момент за Република Северна Македонија кога се интензивира преговарачкиот […]