Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат


Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“. Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи …

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат Read More »

Ковачевски и Мицкоски избрани во ист ден. Дали ќе си честитаат меѓусебно?


Ова е единствен случај во македонската политичка историја двете најголеми партии да изберат свои лидери во ист ден. Но сцената за нивниот избор беше сосема поинаква – Христијан Мицкоски беше избран речиси едногласно да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години на конгрес на кој сите однапред го знаеја резултатот. Тој беше единствен кандидат. Владејачката СДСМ …

Ковачевски и Мицкоски избрани во ист ден. Дали ќе си честитаат меѓусебно? Read More »

Ковачевски е нов лидер на СДСМ, Ременски незадоволна од излезноста


Димитар Ковачевски е новиот лидер на СДСМ.На денешните внатрепартиски избори гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата. Toj освои убедливо мнозинство , односно oд вкупно 44.406 членови што излегле на гласање, за Ковачевски заокружиле 37.649. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2.836, а за Јован Деспотовски, актуелниот …

Ковачевски е нов лидер на СДСМ, Ременски незадоволна од излезноста Read More »

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ


Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните. Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.   …

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ Read More »

Христијан Мицкоски речиси едногласно доби уште еден мандат


  Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево беше акламативно избран за уште еден мандат на чело на партијата. На конгресот присуствуваа 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња. На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања. По …

Христијан Мицкоски речиси едногласно доби уште еден мандат Read More »

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија)


Со новата понуда ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Александар Николоски, претставува и левичарски и десничарски и центристички постулати   Во очигледно многу оптимистичка атмосфера (па дури и во некој сегмент еуфорична) ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржува конгресот на кој треба да биде реизбран досегашниот лидер Христијан Мицкоски, да му даде поддршка на сегашното раководство и да ги …

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија) Read More »

До 14 часот гласале речиси половина од регистрираните членови на СДСМ


Ако се суди по одѕивот до 14 часот изборите за нов претседател на СДСМ се навистина компетентни, барем што се однесува до излезноста. Се гласа на 194 места, а до 14 часот излегле 47 отсто од членовите на партијата кои се регистрирале да гласаат – во бројки 27.248 лица. Изборната комисија на партијата соопшти дека …

До 14 часот гласале речиси половина од регистрираните членови на СДСМ Read More »

Деспотовски гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во Карпош


Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски денеска гласаше на вонредните внатрепартиски избори на СДСМ во општина Карпош. -СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија да ја вратиме на победничките патеки


 Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес …

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија да ја вратиме на победничките патеки Read More »

(Фото вест) Ковачевски гласаше за избор на лидер на СДСМ


Кандидатот за претседател на владеечката партија, Димитар Ковачевски, гласаше на внатрешнопартиските избори за кои од партијата велат дека поставуваат нови,  највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Веднаш по Ковачевски гласање и втората кандидатка Фросина Ременски во општина Ѓорче Петров. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер …

(Фото вест) Ковачевски гласаше за избор на лидер на СДСМ Read More »

Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори. СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор …

Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори Read More »

Османи во Лондон на средби со Лиз Трас, Пич, Ексобар и Лајчак


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи Денес, утре на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан кој ќе се одржи во Лондон. На состанокот како специјални гости се поканети …

Османи во Лондон на средби со Лиз Трас, Пич, Ексобар и Лајчак Read More »

СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција


Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори. За претседател на партијата се кандидираа …

СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција Read More »

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата


ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и …

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата Read More »

Османи стравува дека спорот со Бугарија може да стане замрзнат конфликт


Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека првата меѓувладина конференција со ЕУ би можела да се одржи и на 31 декември, доколку Бугарија дотогаш го тргне ветото, меѓутоа, во спротивно стравува дека спорот може да премине во замрзнат конфликт, а Република Северна Македонија да стане изолирана во европските перспективи. Тоа нагласи тој, не …

Османи стравува дека спорот со Бугарија може да стане замрзнат конфликт Read More »

СДСМ утре ќе го избере наследникот на Заев


По три мандати минати како лидер на СДСМ, Зоран Заев заминува од првата позиција. Утре 60.000 активни членови на СДСМ ќе го изберат петтиот партиски лидер од 1992 година  од тројцата кандидати што влегоа во трката –  Димитар Ковачевски, Фросина Ременска и Јован Деспотовски. Ова ќе бидат втори непосредни и директни внатрепартски  избори.  Заев не …

СДСМ утре ќе го избере наследникот на Заев Read More »

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста


Мандатарот за новата бугарска влада, Кирил Петков, денеска го претстави идниот кабинет за кој треба да се гласа в понеделник во собранието. Одговарајќи на прашањето каква ќе биде политиката на новата влада кон Македонија Петков одговори дека бугарската позиција останува каква што е, но дека треба да се надогради со комуникација на тимовите од двете …

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста Read More »

САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат


САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат. „И Албанија и Северна Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка. Ставот на САД доаѓа …

САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат Read More »

Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон


Во процес на врачување се првите сто биометриски пасоши на Република Северна Македонија, издадени преку Амбасадата во Лондон. Воспоставувањето на базна станица во амбасадата го поедностави и скрати процесот на три недели, информира Министерството за надворешни работи. -Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, …

Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон Read More »

Димитров прв гостин кај германската министерка Лирман


Два дена по преземањето на должноста германската министерка за Европа, Ана Лирман го прими македонскиот вицепремиер  за европски прашања Никола Димитров и му кажала дека решително ќе се насочи кон почнување на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што информира кабинетот на Димитров, на средбата Лирман посочила дека Македонија ги исполни сите услови за почеток …

Димитров прв гостин кај германската министерка Лирман Read More »