Вархеи изрази жалење за „идиотите“, но не се извини


  Денот на вљубените стана гаден во Европскиот парламент. Унгарскиот еврокомесар Оливер Вархеи се соочува со повици да поднесе оставка откако микрофонот во парламентот го фати како мрмори под здв дека европратениците се „идиоти“, за време на сесијата за прашања и одговори во вторникот со пратениците за Западен Балкан. „Колку други идиоти има уште таму? […]

ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Стразбур: Суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина


  Во куса реакција од само четири реченици ВМРО-ДПМНЕ оцени дека одлуката на Судот за човекови права во Стразбур одлучувајќи за аболициите на претседателот Ѓорге Иванов била само поради тоа што апликациите биле преуранети и дека „суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина“. „Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели […]

Ковачевски: Законот за здруженија целосно ќе се спроведе


Бугарските клубови кои ќе се усогласат со законот и ќе се пререгистрираат во Централниот регистар ќе продолжат со работа. Законот во целост ќе биде спроведен, изјави премиерот Димитар Ковачевски. -Согласно нашиот закон кој што е изгласан со апсолутно мнозинство во Собранието, сите имаа временски период за усогласување на имињата со новиот закон. Оние кои што […]

Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови


    Европскиот суд за човекови права, со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашниот претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во претходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели […]

Ковачевски: Одлуката на Стразбур е огромна победа на државата


Одлуката на Европскиот суд за човекови права е огромна победа и огромен успех на нашата држава. Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со одлуката на ЕСЧП, којшто ја отфрли како недопуштена жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов […]

Адвокатот на обвинетите најавува нова жалба во Стразбур – откако ќе завршат судењата


Простор за триумфализам на Владата нема, а со решението на Стразбур не се одлучува дали важат или не важат аболициите дадени од претседателот Ѓорѓе Иванов.   Вака адвокатот Влатко Илиевски за „Макфакс“ ја објасни одлуката донесена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој посочува дека откако Кривичен суд, Апелација, па на крај и […]

СДСМ за пресудата на Стразбур: Победа на Владата, на правдата и на правната држава


  СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени.   -Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите […]

Со такви имиња на бугарските клубови односите само се влошуваат, смета Весела Чернева


  Во уште едно појавување во бугарската јавност за смирување на тензијата во односите со Македонија познатата Весела Чернева, заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика, нагласи дека со имиња на бугарските клубови кои ја провоцираат македонската страна не може да се градат добри односи. „Според мене, именувањата на овие два клуба се така направени […]

Влада: Одлуката на Стразбур е во корист на државата


Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата, а жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени, вклучително и во делот за наводните помилувања – е првата реакција на одлуката на Судот за човекови права од страна на Владата.    -Владата  ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) […]

Пендаровски ја поздрави одлуката на Стразбур


Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово. -По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата треба своите права да си […]

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови


Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името […]

Собранието ќе ја продолжи расправата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива


Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива – Беким Сали за здравство, Адмирим Алити […]

Стразбур денес ќе ги амнестира или ќе ги запечати криминалите на ВМРО-ДПМНЕ


  Европскиот суд за човекови права денес претпладне, преку соопштение, треба да ја објави одлуката  за предметот кој во Стразбур се води како „Талески и други против Северна Македонија“, а се однесува на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов за десетмина функционери на ВМРО-ДПМНЕ и за Едмонд Темелко.  Со одлуката, по шест години, ќе се затвори […]

Секој против секого: Ључи ќе биде надвор од Алтернатива додека Гаши е внатре


  Заменик-министерот за култура, Даим Ључи, на својот Фејсбук профил го обвини раководството на Алтернатива дека го бојкотирале во секоја негова иницијатива во текот на последните осум месеци и рече дека се додека Африм Гаши, Зеќирија Ибрахими и Беким Сали се на чело на партијата, тој нема да биде дел од неа. „Не плачете како […]

Џафери во официјална посета на Словенија


Претседателот на Собранието Талат Џафери престојува во дводневна официјална посета на Словенија на покана на претседателката на Државниот збор, Уршка Клакочар Жупанчич. Во состав на делегацијата се и пратениците Александар Велјановски, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија и членовите Бети Рабаџиевска – Наумовска и Берат Ајдари. Во рамки на посетата, […]

Гаши условува: Без борба против корупцијата нема да гласаме за уставни измени


Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, не верува дека годинава ќе може да се изгласаат уставни измени. Гаши вели дека неговата партија ги поддржува уставните измени, но со еден услов, да се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата, според кој нема застарување на овие дела. „Отидовме во опозиција поради премиерот Димитар Ковачевски кој брутално го […]

Османи и претставниците на македонските Бугари се договорија да ги смируваат тензиите


Претставниците на македонските Бугари, Ѓорѓи Трендафилов  од ГДУ и Љупчо Ѓоргиевски од клубот „Ванчо Михајлов“ на денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи побарале и тој и тие да посредуваат за смирување на тензиите во земјава бидејќи „во експлозивна атмосфера не е возможно да се донесат квалитетни, рационални, политички решенија што е во […]

„Уште колку идиоти има“: Вархеи заборави да го исклучи микрофонот во Европскиот парламент


  На унгарскиот еврокомесар Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“ Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашања на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање […]

Бугарските клубови во цајтнот, ќе се прекрстат или ќе ги избришат?


  Утре истекува рокот од три месеци во кој бугарските здруженија требаше да се усогласат со Законот за здруженија и фондации – или ќе бидат избришани од Централниот регистар.  Според новите одредби на овој Законот, ако сакаат да продолжат со работа, здруженијата мора да ги изменат имињата, затоа што не смеат да предизвикуваат расна, верска, […]

Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата


Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) – Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница […]