СДСМ бара Антикорупциска да ги истражи наводните имоти на Мицкоски


  Наведувајќи дека во повеќе медиуми било објавено дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, наводно вредна еден милион евра, СДСМ денеска побара од Антикорупциската комисија и обвинителството да ги истражат овие наводи. „Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен […]

Македонија и Чешка ја продлабочуваат одбранбената соработка


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска со пречек со високи воени почести ја започна својата официјална посета на Чешката Република, во чии рамки оствари средба со чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова. Двете министерки се согласија дека неодамна потпишаниот Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената […]

Алити и Алиу имаа свечено примопредавање на должноста министер во МИОА


Денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се одржа свечено примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу. Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот. „Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како […]

Новиот министер за правда, Кренар Лога, најави реформи во правосудството


Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството за правда. Министерот за правда, Кренар Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот […]

Средби на Османи во Стејт департментот: Стратешкиот дијалог значајно ги унапреди односите меѓу Македонија и САД


Проектите и областите договорени во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД веќе се дел од владината програма за работа во насока на зајакнување на демократските институции, напредок во владеењето на правото и борбата против корупција, изјави министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи на средба во Вашингтон  со американската […]

Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република


Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти Министерството за одбрана. Петровска ќе се сретне и со […]

Ковачевски подготвен да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти


  Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Северна Македонија, потврдија за МИА од Владата. На средбата, како што е […]

Кои се новите министри во Владата


На предлог на премиерот Димитар Ковачевски, доцна синоќа, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда; Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство; Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество […]

Конечно избрани новите министри во Владата, мнозинството беше 65


  Нешто по 23 часот пратениците во Собранието дадоа зелено светло за реконструкција на Владата на премиерот Димитар Ковачевски по двонеделна дискусија за разрешувањето на министрите од Алтернатива и за именувањето на новите министри од новиот коалициски партнер, Алијанса за Албанците. Салата беше полна со пратеници, вкупно 114 присутни, но претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако беа […]

Пратениците на пауза до 20 часот


По неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата, Собранието е на пауза до 20 часот. За збор се пријавени уште четири пратеници. Попладневната дебата помина во партиски препукувања, се сведе на тоа кој што направил додека бил на власт, а доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството,… Пратениците зборуваа за „Скопје 2014“, стоковните резерви, […]

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелираше да се внимава со таквите изјави. – Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој […]

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби


  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство. „Имаме отворен […]

Османи во дводневна посета на Вашингтон


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи е во дводневна посета на САД каде утре ќе има презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“. Како што соопшти, МНР, во рамки на својата агенда, денеска тој ќе има средба и со Дерек Шоле, […]

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита […]

Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата


Започнува третата работна недела на 104. собраниска седница за реконструкција на Владата. Пратениците денеска ќе ја продолжат расправата за Предлогот за избор на членови на Владата да бидат Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити, за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министер за животна […]

 Алтернатива пробува да се „врати во игра“ со предлог за заедница на албански општини


  Некои во Македонија почнаа да гледаат на можноста за смирување на тензиите меѓу Србија и Косово ако утре во Брисел Александар Вучиќ и Албин Курти го прифатат европскиот план, како можност да отворат нова безбедносна криза во регионот. Алтернатива, чии министри беа разрешени пред неколку дена, веднаш излезе со предлог во Македонија да била […]

Голема куќа во Козле и пеколен крај – има ли вистина во приказните за Христијан Мицкоски


  Изградбата на куќи стана лајтмотив на македонската политика. Или барем тврдењата дека во тоа има многу незаконски работи. Прво беа наводите на ВМРО-ДПМНЕ за куќата што ја изградил лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во елитната скопска населба Тафталиџе, за сега да излезат слични такви наводи за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Порталот […]

Бугарското ВМРО се откажа – нема да учествува на изборите на 2 април


  Партијата на Красимир Каракачанов ВМРО изгледа оди кон неповратно и целосно маргинализирање во Бугарија. Денеска таа соопшти дека нема да се појави на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 април, иако се пријави да учествува на нив. Наместо тоа, партијата ќе ги бојкотира со кампања дека учеството во нив е беспредметно, бидејќи „кога странските […]

Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски


  Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Владата […]

Османи се сретна со претставници на македонската дијаспора во САД


  Македонската дијаспора во САД има голем ангажман во лобирање и промовирање на интересите на Македонија пред претставниците на американската администрација,  политичките и бизнис елити, оцени министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на средбата со нејзини претставници во Њујорк. Османи учествува на сесија на Генералното собрание на ОН. Средбата на Османи беше со претставници на […]