Зелените партии од Западен Балкан потпишаа Декларација за заедничка соработка


Зелените партии од регионот на Западен Балкан, денес во Сараево потпишаа Декларација за заедничка соработка, соопшија од Демократска обнова на Македонија, ДОМ.

Од таму посочуваат дека иницијативата започна пред една година во рамките на Зелената Балканска Мрежа и е многу автентична, потекнува од зелените партии од целиот регион.

„Темите на кои ние заедно ќе работиме и во иднина се оние зелени теми, заштитата на животната средина и климата, унапредувањето на човековите права, социјална правда, борба против корупцијата и организираниот криминал, владеење на правото и се разбира евроинтеграциските процеси на државите на Западен Балкан“, се вели во соопштението до медиумите.