Македонија стигна до четвртиот кластер, денес почна скринингот за животна средина и транспорт


  (Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Вицепремиерот Бојан Маричиќ со членовите на работната група за транспорт учествуваа денес во Брисел на објаснувачкиот скрининг за оваа област (Поглавје 21), со што практично почна скринингот и за Кластерот 4, озаглавен како „Зелената агенда и одржлива поврзаност“ –  од шестте што до ноември годинава треба да ги заврши […]

Првата дама Ѓоргиевска во Абу Даби со активности за поддршка на жените, децата и човековите права 


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство.  […]

Уставните амандмани ќе дојдат во Собрание пред летото, Маричиќ не е сигурен за исходот (Видео)


  БРИСЕЛ – Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, денес по скринингот во Брисел рече дека очекува амандманите за промена на Уставот да влезат во процедура во Собранието пред летото и дека идеално би било тоа да се случи пред јули. Според него, наредните недели Министерството за правда ќе го […]

Пендаровски во Абу Даби се сретна со лидерот на Емиратите


  Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Заед ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките […]

Заев стави потпис Албанец да биде премиер, тврди Груби


  Втор член од владата од ДУИ во два дена повторно се навраќа на темата Албанец-премиер во кабинетот кој ќе биде технички пред изборите. По министерот за надворешни работи, Бујар Османи, тоа синоќа го направи и вицепремиерот Артан Груби кој на косовска телевизија го толкуваше она што го кажа неговиот партиски колега. И зборуваше како […]

Во Собранието продолжува 71. седница


Собранието денеска треба да ја продолжи 71. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на […]

Нов обид за изборни реформи и нов изборен законик на една година пред следните избори


На една година пред следните претседателски, а потоа и парламентарни избори повторно се прави обид за изборни реформи и нов изборен законик. Овој пат состанокот го свикаа Националниот демократски институт и Министерството за правда, а на него присуствуваа претставници на политичките партии, државните институции, универзитетски професори, како и на граѓански и меѓународни организации.  Последен да […]

Ковачевски и Борел ќе претседаваат со 16-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација


Владата денеска на седница усвои Информација за 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи на 17-ти месецов во Скопје. На седницата е усвоена и Платформа за настап на делегацијата на државава на состанокот. Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) што стапи во сила […]

Османи во официјална посета на Шведска  


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Во делегацијата на министерот Османи е и претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Арбер Адеми. Османи, како што соопшти МНР, ќе оствари средба со својот шведски колега, министерот за надворешни работи Тобиас Билстром, […]

Министерот Лога предлага член од ВМРО-ДПМНЕ да ја води работната група за Изборниот законик


  Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен законик и предложи ВМРО-ДПМНЕ да номинира член на работната група, кој ќе биде и нејзин претседател. Зборувајќи на конференцијата ,,Изборните реформи во Северна Македонија“,  што ја организираше Националниот демократски институт, Лога рече дека негова иницијатива е […]

Гир: Ниту една земја не го губи идентитетот на патот кон ЕУ


Ниту една земја не го губи идентитетот на патот кон Европската Унија. Мислам дека оваа земја може да биде сигурна во поглед на нејзиниот идентитет, култура и јазик, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој, во интервју за Канал 5 вели дека ги разбира фрустрациите поради предолгото чекање, но нагласува дека ЕУ и Северна Македонија имаат […]

Борел доаѓа во Македонија и во Албанија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, на 15 и 16 март ќе престојува во официјална посета на Албанија, а на 16 и 17 март во Северна Македонија, соопшти денеска Европската унија. Се наведува дека посетите ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу […]

Ковачевски: Средбата меѓу Гаши и Заев е пријателска


Како пријателска средба меѓу луѓе кои соработувале, во рамки на владата ја оцени премиерот Димитар Ковачевски средбата меѓу неговиот претходник Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. – Тоа е пријателска средба на луѓе кои соработувале како дел од Владата и нормално е луѓе кои се пријатели меѓу себе да имаат средби. Тоа е […]

Пендаровски со Вартоломеј разговараше за томосот за МПЦ-ОА


  Без најава претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј и притоа се разговараше за целосното признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Пендаровски му рекол на поглаварот на Цариградската патријаршија дека Македонија го очекува официјалниот документ за црковна самостојност – томосот. Во соопштението на кабинетот на Пендаровски се […]

Како Ангел Димитров ја менува и европската историја за холокаустот


  Копретседателот на македонско-бугарската историска комисија, Ангел Димитров, побрза како некаков официјален претставник на бугарската држава да ги оцени вчерашните зборови на македонскиот претседател Стево Пендаровски за улогата што ја имаше тогашната профашистичка влада во Софија како „несериозно“. „За да има помирување треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа […]

По 300 евра поддршка, платена бугарска телевизија и судска заштита – „пакет“ за да се стане Бугарин


  Членството во Европската унија им дава се повеќе „крила“ на јастребите во Бугарија кои, по ветото за Македонија во Брисел, пробуваат својот привилегиран статус да го материјализираат и во однос на другите држави во регионот. Пропагандата што со месеци беше насочена кон Македонија сега се вперува кон Србија, со очигледна намера во некоја фаза […]

Собранието ќе одржи две последователни седници


Собранието денеска ќе ги одржи продолженијата на 51-та и 71-та седница. Во рамки на 51-та седница треба да се гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање. На дневниот ред на седницата се уште три законски решенија во прво читање. Во рамки на 71-та седница, пак, треба да се […]

Спасовски – Нешиќ: Во фокусот битката против компјутерски криминал, илегална миграција, перење пари и корупција


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот Ненад Нешиќ на која во фокусот беше унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства. -Особено ми е драго што можам да констатирам дека односите меѓу нашите две […]

За да има помирување, Софија треба да се извини за Холокаустот, порача Пендаровски


На денот на одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, претседателот Стево Пендаровски упати порака до официјална Софија дека треба да се извини за улогата на тогашната профашистичка бугарска влада за испраќањето во логорот на смртта на речиси целата еврејска популација во окупирана Македонија. „За да има помирување треба да има […]

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“. Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат […]