Ковачевски: За Македонскиот центар во Грција се води судска постапка, ќе го почекаме резултатот


Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека земјава ќе го причека исходот од судската постапка во Грција што се води во однос на Центарот за македонски јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пак, истакна дека за тоа не сака да зборува предвреме, но се надева, како што напомена, дека „нема да се случи она што се …

Ковачевски: За Македонскиот центар во Грција се води судска постапка, ќе го почекаме резултатот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ сега во кавга со Алијансата


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, порача дека  согласно интересите лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, решил да биде спаринг партнер на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, а со лажење политика не се води. „Кога Алијанса ќе вети уставни измени без да го праша народот , тоа се вика лажење. Исто така, лажење е кога …

ВМРО-ДПМНЕ сега во кавга со Алијансата Read More »

БЕСА го обвини Ахмети дека игра на националистичка карта


Движењето БЕСА го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека игра на националистичка карта.  -На јавноста веќе и се познати репризите на Али Ахмети и ДУИ. Во услови на криза во ДУИ, Ахмети и неговата партија се враќаат на националистичката реторика за да добијат гласови. Оваа реторика на Ахмети праќа вода во воденицата на Левица, …

БЕСА го обвини Ахмети дека игра на националистичка карта Read More »

Ковачевски не се плаши од тврдењата за можен пуч во СДСМ


Премиерот Димитар Ковачевски не се плаши од  бомбастично најавениот политички пуч во некои медиуми, што наводно го подготвува неговиот претходник, поранешниот премиер Зоран заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали се плаши дека му се подготвува туркање од позициите што ги има, Ковачевски кажа дека тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките …

Ковачевски не се плаши од тврдењата за можен пуч во СДСМ Read More »

Ковачевски: Кој е за европскиот концепт, сега е време да се приклучи


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска повика на единство за членство во Европската унија, додавајќи дека во ЕУ имаме пријатели и имаме сојузници и поддршка за забрзување на преговорите, така што сега сѐ е во наши раце. На заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот рече дека некои одлуки треба да се донесат …

Ковачевски: Кој е за европскиот концепт, сега е време да се приклучи Read More »

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа, посакувајќи да бидат растоварени од политички и други влијанија


  На новинарско прашање дали ќе им се извини на телевизиите Алфа и Телма откако деновиве ги осочи како една телевизија која работи како партиски штаб и една телевизија која како да е трговец со енергенси, премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека ако некој се препознал и ако некој има потреба од извинување – го …

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа, посакувајќи да бидат растоварени од политички и други влијанија Read More »

Руската амбасада го обвини Османи дека ја прифатил „пропагандата на Киев“


  Уште речиси непочната годината на претседавањето на Македонија со ОБСЕ и по посетата на министерот Бујар Османи на Киев, стигнаа руските забелешки преку нивната амбасада во Скопје. Во објавата на Телеграм од руската амбасада напишаа: „Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија’, прифаќајќи ја пропагандата на режимот …

Руската амбасада го обвини Османи дека ја прифатил „пропагандата на Киев“ Read More »

(Видео) Ковачевски и Маричиќ за скрининг процесот за ЕУ интеграциите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со прес-конференција за текот на скрининг процесот за ЕУ интеграции.   Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото …

(Видео) Ковачевски и Маричиќ за скрининг процесот за ЕУ интеграциите Read More »

Официјална Софија се огради од Џамбаски – неговите провокации биле неприфатливи


  Неколку дена по инцидентот со провокативните и иредентистички изјави на европратеникот на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, во Скопје, Министерството за надворешни работи во Софија ги оквалификува тие изјави како „неприфатливи и контрапродуктивни“. Но во исто време ја нарече Мара Бунева (атентаорката на српскиот началник во Скопје“ како заедничка личност од заеднички настан. „Министерството за …

Официјална Софија се огради од Џамбаски – неговите провокации биле неприфатливи Read More »

Во ДУИ почнаа и со навреди – Бејта го нарече Груби „тенеќе“


  Работите во ДУИ изгледа полека излегуваат од контрола. Откако денеска никој од одметничката група не беше со лидерот Али Ахмети на прославата пред споменикот на Скендербег во Скопје, еден од „огнените“ го прошири нападот и врз спикерот на Собранието, Талат Џафери, а врз првиот вицепремиер, Артан Груби, упати груби навреди. Невзат Бејта, зборувајќи во …

Во ДУИ почнаа и со навреди – Бејта го нарече Груби „тенеќе“ Read More »

Ахмети ќе прави фронт за ЕУ


Демократската унија за интеграции ќе победи на следни избори, убеден е лидерот на партијата Али Ахмети. Смета дека тој има морално и национално право да повика на фронт за забрзување на патот кон ЕУ.   -ДУИ без дискутирање е победник на изборите. Се обидоа да ја победат ДУИ, но изгубија. Тогаш, ајде сите да размислиме …

Ахмети ќе прави фронт за ЕУ Read More »

Стоилковски го праша Таравари кој меѓународен фактор барал Алијанса да влезе во владата


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски го праша денес лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој меѓународен фактор барал од нив да влезат во владата. Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор, а доколку не каже, тоа значи дека има друга причина зошто лидерот на …

Стоилковски го праша Таравари кој меѓународен фактор барал Алијанса да влезе во владата Read More »

Клучно е демократијата да надвладее над автократијата: Пендаровски на форумот во Давос (видео)


  Не сум загрижен дека трансатлантското и паневропското единство и солидарност ќе го имаме и годинава, но се прашувам дали ќе се задржи и кога војната во Украина ќе заврши, а тоа е клучно за да надвладее демократијата над автократијата, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија „Во одбрана на Европа“, што се одржува во рамките на Светскиот економски форум …

Клучно е демократијата да надвладее над автократијата: Пендаровски на форумот во Давос (видео) Read More »

Aхмети не им се извини на Алфа и на Телма, тоа што го кажал се однесувало на реакциите на граѓаните


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска изјави дека она што го кажа во Гостивар споменувајќи ги телевизиите Алфа и Телма, не се однесувало кон телевизиите туку, како што рече, кон различните реакции кои постојат помеѓу граѓаните што се поттикнати. Ова Ахмети го кажа на прашањето дали ќе им се извини на Алфа и на Телма. …

Aхмети не им се извини на Алфа и на Телма, тоа што го кажал се однесувало на реакциите на граѓаните Read More »

Османи во Украина на средба со Стефанчук


Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина имаше средба со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина. Османи ја реафирмираше позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи …

Османи во Украина на средба со Стефанчук Read More »

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори


  Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостувањете во магазинот „Клик плус“ на ТВ21. Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е …

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори Read More »

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос


  Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија. Предвидено е претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и претседателите на Полска Анджеј Дуда и …

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос Read More »

Османи се сретна со Зеленски, побара враќање на ОБСЕ во Украина


Во својство на претседавач со ОБСЕ министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.   -Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина.  ОБСЕ го поддржува украинскиот народ …

Османи се сретна со Зеленски, побара враќање на ОБСЕ во Украина Read More »

Ковачевски: Една телевизија известува како да е компанија за трговија со енергија


Транспарентноста во државата е унапредена во последнава година и никогаш не се случило кој било уредник или новинар да добие повик од Владата за да се влијание врз уредувачката политика на медиумите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање во врска со јавното етикетирање на две телевизии од страна на лидерот на …

Ковачевски: Една телевизија известува како да е компанија за трговија со енергија Read More »

Османи од Киев ги осуди руските напади врз цивилни цели


  Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска во Киев се сретна со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и најсилно ја осуди континуираната руска агресија против Украина. Тој потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Изрази осуда за последниот што се случи во Днипро, во …

Османи од Киев ги осуди руските напади врз цивилни цели Read More »