За Меџити приведувањето на Гури е „дефокус и притисок“, Спасовски негира


Изет Меџити, лидерот на „Огнената група“ која излезе од ДУИ и ќе формира нова партија, апсењето на Исмет Гури во интервјуто за ТВ24 го нарече „дефокус и притисок“. Гури денеска е донесен во Основниот кривичен суд Скопје каде што ќе треба да се одлучи дали ќе му биде доделен притвор. Поранешниот заменик директор во дирекцијата на […]

И Орце Камчев ставен на црната листа на САД заради корупција и перење пари


  Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) го стави Јордан „Орце“ Камчев на црната листа, соопштија оттаму. „Денешната одлука ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите Држави за промовирање на одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување“, […]

Пендаровски не е оптимист дека ќе има уставни измени


Претседателот на државата Стево Пендаровски не е оптимист дека ќе се случат уставните промени, односно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот и ќе гласа за нив. Уверен е дека во противењето, поточно во кочењето на евроинтегративниот процес на земјата, партијата гледа шанса да дојде на власт. Странските дипломати, вели претседателот, им укажуваат на опозиционерите […]

ОТА негира дека било кога купила или користела „Предатор“


Оперативно техничката агенција ОТА негира дека било кога купила или користела шпионски софтвер „Предаток“ кој стана актуелен од вчера откако САД ја ставија на црна листа македонската компанија „Сајтрокс“. -За жал, и покрај јавните објави и деманти од страна на ОТА, продолжува трендот на манипулирање на јавноста со свесно креирање и објавување на невистинити содржини […]

Вашингтон работи со Софија да нема нови услови за Македонија


  Американската администрација работи со новата бугарска влада да нема дополнителни услови за Македонија во преговорите со ЕУ. Ова го изјави специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во синоќешната дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД. Во презентирањето на извештајот за ангажманот на САД на Балканот, тој рече. „За да ги унапреди […]

Седницата на Собранието за уставните измени ќе биде на 18 август


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска информираше дека го примил Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија од Владата. Тој веднаш го доставил предлогот до пратениците во Собранието и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. „Ја информираме јавноста дека, согласно Уставот и Деловникот, […]

За Мицкоски текстот за уставните измени бил „тотално неразумен“


  Никаква промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени нема, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако предлогот за нив Владата го испрати во Собранието. Тој најави дека ќе имаат координација во ВМРО-ДПМНЕ, но текстот на предлогот го оцени како „тотално неразумен“. Мицкоски за тоа денеска зборуваше за време на посетата […]

Грковска најави нова опомена за Груби за користењето на министерството како партиско дуќанче


Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска,  најави дека на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби повторно ќе му изрече опомена за непочитување на етичкиот кодекс на однесување – поради одржувањето партиски средби на лидерот на ДУИ со Вајмарската тројка во неговиот кабинет. Можни се, како што најавува, и други […]

Со лажни фактури правеле даночни измами и переле пари: МВР објави детали за полициската акција


  Петнаесет физички и три правни лица биле вклучени во криминалната шема на даночна измама и перење пари со која државата била оштетена за 837 илјади евра. Против сите нив Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави до обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Против 11 физички лица пријава има за сторени кривични дела […]

За работата на компанијата „Сајтрокс“ ќе расправа Собранието


  Откако македонската компанија „Сајтрокс“ беше ставена на црната листа на Бирото за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД, за нејзината работа се очекува в петок (21.07) да расправа собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Како што пишува Дојче веле се очекува […]

Ковачевски: Не видов негативен коментар за објавените уставни измени


Премиерот Димитар Ковачевски очекува дека во Собранието ќе има плодна дискусија за уставните амандмани и дека сите 120 пратеници  ќе имаат визија и доблест да донесат одлука која ќе значи европска интеграција на државата. Тој информира дека Владата вчера веднаш одлуката за уставните измени ја испратила до Собранието и дека парламентот согласно своите процедури ќе […]

ВМРО-Народна го поздрави почнувањето на процесот на уставни измени


  Партијата на Љупчо Георгиевски, ВМРО-НАРОДНА, ја поздрави одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот. „Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон европското семејство. Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на […]

Уставните измени веќе се доставени до Собранието


  Владата вчера попладне го доставила Предлогот за уставни измени до Собранието веднаш по завршувањето на седницата на која премиерот и министрите го усвоија Предлогот. -На 171-та седница на Владата, одржана на 18.7.2023 година, точка 48, разгледана е Информација со Предлог за уставни измени, утврден е Предлогот и доставен е до Собранието веднаш по завршувањето […]

Во голема полициска акција се апсат политичари, бизнисмени и даночни инспектори од ДУИ


  Министерството за внатрешни работи утрово изврши претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица. Неофицијално меѓу уапсените се  членови и високи функционери на владеачката ДУИ, меѓу кои даночни инспектори, политичари  и бизнисмени. Едно од лицата за кои се спомнува дека се уапсени е и Исмет Гури од ДУИ, кој пред […]

Силно го поддржуваме процесот за уставни измени и ангажирани сме да нема нови барања од Софија


Вашингтон – Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот  за […]

Една година од стартот на преговорите со ЕУ: Уставните измени и натаму „пречка“ на европскиот пат


Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на денешен ден пред една година во Брисел присуствуваше на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, со што официјално започна преговарачкиот процес на земјава за членство во ЕУ. На стартот на преговорите претходеше одлуката на земјите членки на ЕУ, ден претходно, за отворање на пристапните преговори […]

Македонската фирма Сајтрокс АД на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер


Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции заради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Сајтрокс АД од Северна Македонија. Другите фирми се Интелекса С.А. од Грција, Интелекса Лимитед од Ирска и Сајтрокс Холдингс Црт од Унгарија, соопшти Стејт департментот. […]

Уставните измени поминаа на Владата


Владата денеска го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието , информира  владината прес-служба. -Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку […]

Европската тројка на средба во Собранието, сите за уставни измени освен ВМРО-ДПМНЕ


  Европската министерска тројка денеска беше и во Собранието за на средба со спикерот талат џафери и координаторите на пратеничките групи да видат какво е расположението меѓу пратениците за усвојување на уставните измени.  Талат Џафери ја поздравил посетата на Ана Лирман, Лоранс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк (министри од Германија, Франција и Полска) велејќи […]

И официјално: ДУИ ја напуштија двајца пратеници


  Она што беше најавени и што подолго време неофицијално функционираше веќе стана реална ситуација во Собранието. ДУИ остана без двајца пратеници во Собранието и сега има 13. Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми. Тоа се Изет Меџити, […]