ВМРО-ДПМНЕ: ОТА незаконски набавила шпионски софтвер „Предатор“


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Оперативно-техничка агенција (ОТА) незаконски  набавила шпионски софтвер „Предатор“ кој е проблематизиран од НАТО и може да ги следи интернет активностите на сите граѓани. -Скандалот со шпионската  опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за …

ВМРО-ДПМНЕ: ОТА незаконски набавила шпионски софтвер „Предатор“ Read More »

СДСМ тврди: ВМРО-ДПМНЕ дало не една, туку 86 концесии за рудници


СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше на власт, дало концесија не само за Иловица, туку уште за 85 други рудници во земјата.  -Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава. Одлуката, пак, за рудникот Иловица беше донесена на …

СДСМ тврди: ВМРО-ДПМНЕ дало не една, туку 86 концесии за рудници Read More »

„Вајмарската тројка“ во посета на Собранието


Министрите од „Вајмарската тројка“ Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска денеска ќе бидат во посета на Собранието. Лирман, Бун и Шинковски вел Сенк ќе имаат средба …

„Вајмарската тројка“ во посета на Собранието Read More »

Собранието ќе ја почне 120. седница, а ќе се гласа и за закони од други седници


Собранието денеска ќе ја почне 120. седница на која на дневен ред се 24 точки за расправа. За денеска се закажани и продолженија на 71., 103., 111. 115. и 117 седница, на кои се очекува да се гласа за закони за кои веќе е завршена општата расправа. На 120. седница се предлозите за именување директор …

Собранието ќе ја почне 120. седница, а ќе се гласа и за закони од други седници Read More »

Ковачевски и Пендаровски ѝ се заблагодарија на Вајмарската тројка за поддршката за Македонија


  Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски денеска им се заблагодарија на претставниците на таканаречената Вајмарска тројка (Франција, Германија и Полска) на поддршката што овие земји ѝ ја даваат на македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Во изменета агенда од вообичаената за време на слични посети, министрите за Европа на трите земји, Лоранс Бун, …

Ковачевски и Пендаровски ѝ се заблагодарија на Вајмарската тројка за поддршката за Македонија Read More »

На 13 август ќе се формира ново политичко движење предводено од Изет Меџити


 Изет Меџити, пратеник од ДУИ и дел од т.н. огнена група денеска најави дека ќе се формира ново политичко движење во кое веќе се вклучени тројца пратеници од редовите на ДУИ, но и многу други лица кои дале оставка од партиските функции. Меџити кажа дека официјалното формирање на новиот политички субјект ќе биде на 13 …

На 13 август ќе се формира ново политичко движење предводено од Изет Меџити Read More »

ВМРО-ДПМНЕ до европската тројка: Ние сме за ЕУ, но не за уставни измени


  Раководството на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претставници на неговата коалиција денеска им порачало на тројцата министри од ЕУ (на Франција, Германиј и Полска) дека тие се за членство на македонија во ЕУ, но дека се против уставните измени, кои, според нив, биле направени по бугарски диктат.  Во соопштението на партијата по средбата со Лоранс Бун, …

ВМРО-ДПМНЕ до европската тројка: Ние сме за ЕУ, но не за уставни измени Read More »

Ана Лирман: Договорот со ЕУ e фер и подобар нема да има


  Сега е момент за преземање политичка одговорност, сега е момент да се дејствува, сега е момент да се рече „да“ на европската иднина – порача денес од Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, која заедно со колегите од Франција и од Полска, Лоранс Бун и  Шимон Шинковски вел Сенк  дојдоа да нѐ охрабрат …

Ана Лирман: Договорот со ЕУ e фер и подобар нема да има Read More »

Нови претседателства на ЕУ, нови политички предизвици – сѐ помалку амбиции за Западниот Балкан


Овој јули не е само промоција на шпанското претседателство, туку и на новото трио – Шпанија, Белгија и Унгарија. Она што предизвика најмногу внимание не е програмата на триото, туку сѐ поголемата загриженост дали Унгарија, земја која континуирано го прекршува владеењето на правото, може да претседава со Унијата. Европскиот парламент во резолуција усвоена на крајот …

Нови претседателства на ЕУ, нови политички предизвици – сѐ помалку амбиции за Западниот Балкан Read More »

Прес-конференција на Маричиќ, Лирман, Бун и Шинковски вел Сенк (видео)


Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ со министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска унија на Република Полска.   

„Огнените“ ќе станат политичко движење


Еден од лидерите на „огнените“, Изет Меџити, денеска потврди дека започнуваат со процедура за формирање нов политички субјект. Тоа нема да биде класична политичка партија, туку повеќе демократско движење. „Уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните“, изјави Меџити денеска за МИА потврдувајќи дека со …

„Огнените“ ќе станат политичко движење Read More »

Беса бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ за да му олесни на Курти


Движењето Беса излезе со небулозно барање Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ , иако Македонија е еден од основачите на оваа иницијатива. Беса, која инаку е промотор на ставовите на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија и очигледно повеќе се грижи за него отколку за интересот на нашата држава, излезе со вакво барање …

Беса бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ за да му олесни на Курти Read More »

Петровска: Тежок збор е дека сме изиграни од Бектеши


Министерката за одбрана Славјанка Петровска го нарече „ тежок збор“ прашањето дали биле   изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши околу спојувањето на концесиите за рудникот Иловица. „Она што е многу важно е мојата реакција и реакцијата на колегите кои бевме, а тоа се колегата Спасовски и колешката Шукова, се разбира и присуството на двете …

Петровска: Тежок збор е дека сме изиграни од Бектеши Read More »

Стоте милиони евра од ЕУ веќе можеме да ги користиме


  Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во „Службен весник“ на Европската унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот …

Стоте милиони евра од ЕУ веќе можеме да ги користиме Read More »

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во второ читање. На дневен ред на Комисијата за политички систем и …

Седници на две собраниски комисии Read More »

Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска


По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција …

Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска Read More »

Ковачевски и Брнабиќ оптимисти за иднината на Отворен Балкан


Иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла, со тековни и идни проекти важни за граѓаните и стопанството во регионот, кажаа премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски на Србија и Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања за можности за проширување и идни проекти во рамки на иницијативата, денеска кај Прешево во близина на македонската граница. За …

Ковачевски и Брнабиќ оптимисти за иднината на Отворен Балкан Read More »

МНР на Бугарија: Нема нови услови кон Северна Македонија, да се спроведе договореното


  Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи во став објавен на службената интернет страница на министерството. Напротив, како што се посочува од бугарското МНР, Бугарија „искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски …

МНР на Бугарија: Нема нови услови кон Северна Македонија, да се спроведе договореното Read More »

Ковачевски го нарече „врв на лицемерие“ ставот на ВМРО-ДПМНЕ за рудникот Иловица


За премиерот Димитар Ковачевски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со рудникот „Иловица“ е „врв на лицемерие“, имајќи предвид дека концесиите овој рудник ги дала владата во која премиер бше Никола Груевски, а негов советник сегашниот лидер на партијата Христијан Мицксоки. Премиерот денеска, одговарајќи на прашања на новинарите по промовирање на интегрираниот електронски систем за наплата …

Ковачевски го нарече „врв на лицемерие“ ставот на ВМРО-ДПМНЕ за рудникот Иловица Read More »

Мицкоски зборува против рудникот Иловица, а ВМРО-ДПМНЕ ја додели концесијата


  Политичка битка се разви околу рудниците Иловица-Штука во која двете големи партии се обвинуваат меѓусебно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека рудниците Иловица-Штука биле бизнис зделка на ДУИ и СДСМ, а СДСМ го потсетува дека токму владата на Никола Груевски во 2012 и 2013 ги издала првите концесии. „Безобразие е Мицкоски од криминалната …

Мицкоски зборува против рудникот Иловица, а ВМРО-ДПМНЕ ја додели концесијата Read More »