ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри


ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе има извршен комитет и централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го […]

Честитка од Мицкоски по повод Божик со желби за успеси здравје и среќа


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни Христијани им го честита големиот празник Рожденство Христово – Божик со желби за успеси здравје и среќа. – Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре, мирот и спасението на човековиот род кој тој со себе ги […]

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во чест на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до […]

Честитка од Џафери за Божиќ: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани


 Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза. – Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во […]

Пендаровски го поддржува разрешувањето на директорите во М-НАВ


  Претседателот Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. Истовремено ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а […]

„Европскиот сојуз за промени“ го бојкотира Собранието поради членот во ДИК


  Тричлената коалиција „Европски сојуз за промени“ денеска објави дека нивното трпение дошло при крај поради неизборот на член на ДИК од редовите на опозицијата и дека нејзината пратеничка група веќе нема да учествува во работата на Собранието. „Апелиравме до претседателот на Собранието, Талат Џафери да не го узурпира правото на опозицијата да биде застапена […]

Арсовска најави формирање на политичка партија


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, потврди дека се подготвува да формира политичка партија. Таа вчера во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија […]

Маричиќ и Агелер разговараа за поддршката на САД за европските реформи


  Како може САД да помогнат во европските реформи била тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за европски прашања , Бојан Маричиќ, и американската амбасадорка Анџела Агелер. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и силен сојузник на европскиот пат на нашата држава, ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош, истакнал Маричиќ според […]

Заврши конфузијата во Судскиот совет, Весна Дамева пак е претседател


  Речиси инстантно откако Управниот суд ја објави пресудата со која разрешувањето на поранешната претседателска на Судскиот совет, Весна Дамева, е незаконско, таа се врати на челото на оваа институција од каде беше отстранета лани во мај. Претпладне колегиумот, а попладне Судскиот совет на итна седница се состана за да ја разгледа оваа пресуда и […]

Сашко Георгиев поднел оставка, итна седница на Судскиот совет


  Судскиот совет денеска попладне треба да одржи итна седница на која на дневен ред се констатирање на престанок на мандатот на претседателот Сашко Георгиев, по сопствено барање, и постапување по одлука на Управен суд за разрешувањето на поранешната претседателка, Весна Дамева. Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата […]

„Разрешувањето на Дамева е незаконско и без образложение“: Управен суд ја објави одлуката за Судски совет


  Додека во Судскиот совет од утринава трае дебатата околу пресудата на Управниот суд со која се поништува разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева од мај 2023, пресудата е и јавно објавена. Оваа пресуда е без право на жалба, а мора да се спреведе најдоцна за 30 дена. Во пресудата на тричлениот совет Управниот суд […]

Уставниот суд и годинава ја почнува некомплетен, приоритет ќе биде воведување „уставна жалба“


И оваа година Уставниот суд ја започна со некомплетен судиски состав поради заглавена процедура во Собранието, и без воведување „уставна жалба“ за граѓаните за полесно остварувањето на нивните права и слободи. Според претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска иако работеле со помал број судии, успеале да ги надминат и сопствените проекции и во годината што […]

Ковачевски очекува остварување на европерспективата во 2024 година


Премиерот Димитар Ковачевски на сите граѓани им ја честита Новата 2024 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година. „Во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања. Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно за уште повисоки […]

Белгиското претседателство: Искуството на преден план


Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, […]

Новогодишна честитка на Пендаровски: Да бидеме посолидарни и потолерантни


Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница, вели претседателот Стево Пендаровски во новогодишната честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. Зад нас, како што посочува, е уште една тешка година во која немавме многу причини за радост и славење. -Глобалните кризи, заедно со нашите хронично присутни домашни проблеми, […]

Предвремените избори на Мицкоски ги стасаа редовните, Џафери наскоро во „премиерскиот костум“


ВМРО-ДПМНЕ со години опсесивно бараше предвремени парламентарни избори сѐ до 20 октомври, кога партискиот лидер Христијан Мицкоски се помири дека ќе бидат во редовниот термин. Опозицијата бараше да нема техничка влада и премиер од ДУИ, ама си легна на „брашното“. Талат Џафери е сѐ поблиску до премиерското столче, извесно е дека тој ќе го замени […]

Што ја чека Европската Унија во 2024 година?


Изборите во 2024 година ќе заземат централно место не само на домашна сцена, туку насекаде низ ЕУ, како и во САД и во Русија. Изборите во Унијата ќе се одржат во јуни. Многу од тековните дискусии околу миграцијата, проширувањето и буџетот ќе продолжат да бидат во центарот. Годината започнува со белгиското претседателство со Советот на […]

Како златните маски од Требениште ги обединија Скопје, Софија и Белград


  Три земји ги здружија силите за да организираат заедничка изложба поврзана со културното и историското наследство. Тоа немаше да биде чудно ако трите земји не беа Бугарија, Македонија и Србија. Изложбата веќе беше во Скопје, сега е изложена во Националниот археолошки институт со музеј во Софија и ќе биде во посета на Белград. На […]

Новогодишна честитка на Ковачевски: Потребени ни се оптимизам и мудрост


  Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните нагласува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост. „Ни треба целото знаење со кое располагаме, за да ги постигнеме целите кои се пред нас. Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани. Затоа што имаме […]

Беса Адеми на истражно столче во Судскиот совет во случај клучен за иднината на судството


  Седницата на дисциплинската комисијата на Судскиот совет, која расправа за покренатата дисциплинска постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, заврши и според образложението што е поднесено, нејзе ѝ се префрла дека покажала професионална и правна некултура со недоаѓањето на седниците на ова тело, а особено на седницата на која беше повикана откако јавно […]