Димитриевски навреден од оценката на Ковачевски дека се дистанцира од тоа што бил


Максим Димитриевски реагираше на изјавата на Димитар Ковачевски, кој во интервју за МИА порача дека тој се клади против своите и сака да направи диференцијација од тоа што бил цел живот.

-Претседателот на СДСМ, устоличен на позицијата премиер без легитимитет на избори и е единствен кој не го избраа граѓаните, станал и љубител за раскажување анегдоти. Очигледно знаејќи што го очекува на претстојните претседателски и парламентарни избори и во својот очај, почнува да ги коментира локалните избори кои завршија пред повеќе од две години.

Би сакале да го потсетиме господинот Ковачевски дека градоначалникот на Куманово и претседател на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, победата на локалните избори ја извојува исклучиво со подршка на граѓаните на Општина Куманово, како независен кандидат…Што се однесува до тоа кој се однародил од сопствените граѓани, истите граѓани оценка ќе дадат на следните избори., порача Димитриевски. 

Тој најави дека на изборите неговото двиожење  ќе настапи самостојно, ќе ја побара подршката од сите граѓани и нема да ги дели граѓаните по партиска, верска и етничка припадност.

„Нашата цел е да ги обединиме граѓаните за нашата визија  која го трасира европскиот пат и развојот на Република Македонија“, рече Димитѕроевски.