Непријатен удар од Управен суд за Антикорупциска и Силјановска-Давкова


  Не секој почеток е добар. Во тоа се увери новиот состав на Антикорупциската комисија и нејзината претседателка Татјана Димитровска по одлуката на Управниот суд по тужбата на Академијата за судии и обвинители. Димитровска 19 години работеше во Државниот завод за ревизија, стигна до раководни позиции, пред да застане на чело на Антикорупциската комисија. И […]

Еден македонски државјанин се пријавил за евакуација од Израел


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел. „До сега се пријавил еден наш граѓанин во […]

Османи ќе ѝ предложи на Владата излегување од Отворен Балкан


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради инцидентот во Бањска на северот од Косово, кога имаше пресметка со парамилитарни српски структури, сака да биде напуштен целиот проект Отворен Балкан во кој беа вложени многу труд, енергија и политички желби. Таков предлог тој ќе достави до Владата кога ќе се расправа на таа тема. Со […]

Џафери во Приштина: Косово и Србија треба да ги исполнат обврските од Охрид


  Премиерот Талат Џафери, во рамки на учеството на конференцијата „Меѓународен форум за жени, мир и безбедност“ во Приштина, оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.  На средбата беше потенцирана заложбата на двете земји за развојот на билатералните односи, како и актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план, а поврзани со безбедносната состојба и […]

Секој секого кани на телевизиски дуел, а никој не оди


  Кој сака, кој не сака да оди на телевизиски дебати. Она што пред еден месец изгхледаше дека ќе биде возбудлива кампања и уште повозбудливио дебати на кандидатите засега е претворено во ништо. Барем што се однесува до телевизиските дебати. Едни откажуиваат на едно место, други во друго студио. Кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“, […]

Во Битола, кампањата за парламентарните избори ја поклопи онаа за претседателските


  БИТОЛА – Во Битола се чини дека претседателските се во длабока сенка на парламентарните  избори.  Впечатокот е дека партиите предвреме ја започнаа кампањата за парламентарните избори, а многу малку посветуваат внимание на претседателските кандидати. Широк Сокак врие од народ во секој час од денот, а кафето не поминува без политика. „Во Битола одамна не […]

Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори


 Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април. Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека […]

Мицкоски најмногу се плаши да не се врати Груевски, вели Пендаровски


  На вечерашниот митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини. „Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство. Во 2011 година со специјални полициски сили […]

Силјановска за Ковачевски рече Tabula rasa


  Гордана Силјановска-Давкова вечерва ги засили нападите врз политичкиот ривал Стево Пендаровски, велејќи дека не можела да се сети на него кога студирал право, а ги памети најдобрите. Но и кон лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. На митингот во скопската општина Центар таа го цитираше Платон и неговата мисла дека со политиката треба да се […]

Пендаровски од Крива Паланка: Ако ни ја дадете довербата, државата ќе продолжи сигурно кон Европа


Заедно со СДСМ во изминатите седум години ја водевме земјава по вистинскиот пат, направивме крупни работи што ниту една политичка генерација не ги направила од осамостојувањето до денес. Првата крупна работа е тоа што пред четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добиме тапија за територијалниот интегритет и […]

Совет на амбасадори: Состојбата на Блискиот Исток се заканува да излезе од контрола


Советот на амбасадори денеска преку соопштение информира дека внимателно ја следи состојбата на Блискиот Исток во поглед на војната меѓу Хамас и Израел и настаните кои следеа по нападот на Хамас, постојаните напади на израелската армија на цели во територијата на Газа и меѓународните импликации кои ги предизвикаа овие воени акции. Од сето ова, како […]

Таравари ја претстави платформата преку спортска активност во општина Врапчиште


Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН Арбен Таравари денеска на иницијатива на Форумот на млади на ВЛЕН во огранокот на Врапчиште, преку спортски активности, возење велосипеди, ја претстави претседателската платформа во оваа општина. „Денеска продолжуваме со кампањата со малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади ВЛЕН во огранокот Врапчиште организиравме спортска активност, […]

Анкета: Партиите поттикнуваат говор на омраза, главен канал социјалните мрежи


Близу 90 од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество кој главно се шири преку социјалните мрежи, а во најголема мерка е поттикнат од политиката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него 89,1 отсто од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот […]

МНР формира Кризен штаб за извлекување македонски граѓани од Израел и од Блискиот Исток


По синоќешните напади на Иран врз Израел министерот за надворешни работи Бујар Османи донел одлука за формирање Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во […]

Пендаровски вели се има изјаснето за избор на претседател во Собрание, прашува дали ВМРО-ДПМНЕ го променила ставот


Од тимот за комуникации на претседателскиот кандидат и актуелен претседател на државата, Стево Пендаровски, преку соопштеие одговорија на прозивката од ВМРО-ДПМНЕ, „Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на државата да се бира во Собранието“. „Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го […]

ДУИ ќе ја условува поддршката со избор на претседател во Собранието


Артан Груби во интервју на ТВ Сител, запрашан на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, изјави дека ќе ги дадат на онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието. На прашањето […]

Пендаровски: Во Агенцијата за разузнавање пред 15 години Албанците само го уредувале дворот


Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните од полошко – тетовскиот регион, односно со жителите на Желино, Јегуновце и на Теарце. Говорејќи за нашето општество коешто е составено од различни етнички заедници, Пендаровски истакна дека покрај интеграцијата во Европската Унија, за државата е клучно е да има и стабилни меѓуетнички односи. Како претседател […]

Европратеникот Шидер на терен со поддршка за Пендаровски и СДСМ


Поддршка за Стево Пендаровски, СДСМ и Коалицијата за европска иднина од европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер. Освен јавно искажаната поддршка до претседателот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција денеска заедно со кандидатите на коалицијата од ИЕ 1 ги посетија промотивните штандови во Градскиот парк во Скопје. Во релаксирана атмосфера поразговараа […]

Османи ја повика Силјановска да запре со говорот на омраза, таа ги нарече ДУИ криминалци


Кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, одговори на прозивката од противкандидатот Бујар Османи преку социјалната мрежа Твитер. -61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат […]

Ванковска нема да дозволи внесување на Бугарите во Уставот, ќе пишува нов


Во рамки на предизборните активности, средби и разговор со граѓаните денеска во Охрид имаше и Билјана Ванковска, кандидатката за иден претседател на државата предложена од партијата Левица. Таа на граѓаните на Охрид, како што рече, во отсуство на вистинска дебата со услови на поставувани нереални услови како од противкандидатите така и од националниот сервис, им […]