ДУИ ќе ја условува поддршката со избор на претседател во Собранието


Артан Груби во интервју на ТВ Сител, запрашан на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, изјави дека ќе ги дадат на онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.