„Вреди“ нема да инсистира за промена на грбот и химната


  Во интерву за „Рацин.мк“ вицепремиерот Изет Меџити вели дека како коалиција Влен, нема да инсистираат да има уставни измени само за државните симболи, грбот и химната, и за замена на терминот 20 отсто со „албански јазик“. Тој вели дека сега засега нема политички договор за промена на државните симболи и дека се водат прелиминарни […]

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со хајката против новинарот Сашо Орданоски


  Од четвртокот вечерта по интервјуто на новинарот Сашо Орданоски на Канал 5 владејачката ВМРО-ДПМНЕ не престанува со хајката против него, етикетирајќи го како наводен „гласноговорник“ на СДСМ и барајќи реакции од СДСМ по неговите искажани оценки за Доналд Трамп. „Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и […]

СДСМ: Се најавува најголема партизација на Владата


Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан, рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. “Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на […]

Мицкоски во Вашингтон: Европејците ќе ми се налутат, но Венс е во право


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс бил во право за она што го кажа на Минхенската безбедносна конференција, што предизвика гнев меѓу европските лидери и аналитичари. Премиерот во интервју на сцената на конференцијата на конзервативците ја критикуваше Европа, а модераторката забележа дека Мицкоски бил единствениот лидер од Европа кој ракоплескал […]

Зошто од јавноста се кријат средбите на мешовитата македонска бугарска историска комисија


Стана  пракса јавноста да се информира за исходот од средбите на мешовитата македонска бугарска комисија само преку соопштенија. И денеска македонскиот тим преку штуро соопштение ги информира граѓаните дека тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржала во […]

Нацистички поздрав на Стив Бенон на конференцијата каде е Мицкоски. Французинот Бардела го откажа говорот


  Лидерот на француската екстремно десничарска партија Национален собир, Жордан Бардела, го откажа својот говор на Конференцијата на конзервативната политичка акција на САД, откако поранешниот близок советник на Трамп, Стив Банон, упати нацистички поздрав на крајот од неговиот говор синоќа, јавуваат француските медиуми. Бардела рече дека ја донел одлуката како одговор на „гестот кој алудира […]

Сестрата на Мицкоски се вработила на Универзитетот во Штип, братучедот на Меџити станал директор на МЕПСО


Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска објави дека Владата наместо за граѓаните, носи работни места само за блиските роднини на функционерите. Објави за вработувањата на роднините и членови на потесните семејства на дел од функционерите.   „Мислам дека оваа Влада и тоа како треба да се пофали за своите проекти за намалување на невработеноста. Некои политички […]

Химната треба да остане иста, за грбот не е време, вели Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се вклучи денеска во наметнатата дебата околу промената на грбот на државата, велејќи дека сега не е време за такви расправи. Таа смета дека химната нема потреба да се менува. Сиљановска стравува дека дебатата за грбот може да предизвика нови конфикти. „Точно е дека тој има симболи кои укажуваат повеќе на […]

Филипче единствен кандидат за лидер на СДСМ


Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март, утврди Централната изборна комисија. Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.   „Врз основа на Статутот на СДСМ како и […]

Сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон патувала законски, оцени Антикорупциска


  ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не се потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси. Ова го кажа членот на ДКСК, Сервет Демири на […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веќе комично


  Опозициската СДСМ го исмева владејачката партија околу наводниот антизападен курс, велејќи дека е „комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези“.  СДСМ вели дека поврзувањето со изјавите на новинарот Сашо Ордановски, кого […]

Министерот Минчев за вицепремиерот Меџити: „Алиса во Земјата на чудата“


  Дојде и до јавно големо спротивставување во рамките на Владата, па дури и потценување и омаловажување на првиот вицепремиер. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, му порача на вицепремиерот Изет Меџити, да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата и да не ветува вработувања за Албанците во администрацијата, затоа што тоа го […]

СДСМ: Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да не’ обвинува за скршнување од прозападниот курс


ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези, реагира СДСМ од каде што велат дека поврзувањето на изјавите на новинарот Сашо Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште […]

ВМРО-ДПМНЕ како телохранител на Трамп: Остро го нападна новинарот Сашо Орданоски


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ изутринава излезе со жесток напад преку три соопштенија и една прес-конференција против познатиот новинар Сашо Орданоски, кој вчера гостуваше во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Наспроти општата езгалтација од Доналд Трамп во ВМРО-ДПМНЕ и молкот на државните институции на неговите тврдења дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил диктатор и желбата на […]

Мицкоски во светот ја „шири приказната за македонската судбина“


  Премиерот Христијан Мицкоски се пожали во Вашингтон дека Македонија на одреден начин е измамена затоа што не биле остварени ветувањата што ги даваа високи функционери на ЕУ пред промената на името и за влегувањето во НАТО и Унијата. Мицкоски зборуваше на настан во во Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации […]

Меџити: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците


Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени […]

Жерновски отповикан како амбасадор во Романија, дознал од „Службен весник“


Сега веќе поранешниот амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски е отповикан од функциијата. Оваа информација ја објави самиот тој на социјалните мрежи каде напиша дека за ова дознал сосема неофицијално. „Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор […]

Меџити: Нема преговори во однос на химната и грбот, но нема ни табу теми


Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата. -Во фокус ни е владината програма каде што има […]

Уште еден бугарски клуб во Битола, го отвори амбасадорот Радуков


  БИТОЛА – Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од  седиштето на Сојузот на борци во Битола, свечено ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“. Ова е прво официјално присуство на амбасадорот Радуков во Битола, барем според објавите од бугарските здруженија, по неговото назначување на дипломатската задача. […]

Агелер е воодушевена што Мицкоски сега е во Вашингтон


  Американската амбасадорка, Анџела Агелер го поздравува тоа што премиерот Христијан Мицкоски за седум месеци е три пати во Вашингтон, што зборувало за блискоста на односите меѓу САД и Македонија. Мицкоски присуствува на годишната Конференција на конзервативната политичка акција. „Воодушевена сум што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е […]