Сервер: Договор што ќе го компромитира територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам на Балканот


Секој договор за Украина што би го компромитирал суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев ќе охрабри сецесионистички и иредентистички сили на Балканот, Босна и Херцеговина и Косово ќе се најдат под ризик, а Северна Македонија нема да биде подготвена да ги прифати бугарските барања без гаранции, изјави за МИА експертот за Балканот Даниел Сервер. Сервер, […]

ДУИ: Ниту еден Албанец не е на раководна функција во безбедносниот сектор


ДУИ реагира денес на, како што велат, невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија.  -За првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција — директор, заменик-директор или помошник-директор — во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Военото разузнавање, не […]

Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во земјава ќе го посетат Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. На настанот ќе се обратат Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и доајен на Асоцијацијата на одбранбени […]

Апасиев: Има меѓукоалициски договор законот за бранители да не се стави на дневен ред во Собранието


 Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев денеска изјави дека коалициски договор помеѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ е законот за бранители никогаш да не стигне на дневен ред. – Вчера беше приликата ако Комисијата вака како што за нас надзорната свика итна седница, Миле Лефков го усвоеше тоа или владејачкото мнозинство тоа го усвоеше како точка […]

Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира расправата за аерозагадувањето поради бизнис релации со загадувачите


ВМРО-ДПМНЕ ја блокира расправата за аерозагадувањето поради бизнис релации со загадувачите, тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на прес конференција.    „Добив допис од претседателот Африм Гаши дека 20 пратеници побарале од мене да свикам надзорна расправа за аерозагадувањето и моја деловничка и службена должност е по тоа да постапам. Така и направив и веќе […]

Стојановски: Надзорна расправа ќе има, но таму каде што сака ВМРО-ДПМНЕ!


Владејачкото мнозинство во Собранието со потписи од 61 пратеник денеска до претседателот на Собраниет, Африм Гаши, испрати барање за одржување надзорна расправа за аерозагадувањето иако таква веќе е покрената вчера од Димитар Апасиев како претседател Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска на прес-конференција беше дециден дека […]

Мицкоски во друштво на крајни десничари од Европа на партискиот собир во Вашингтон


  Нема да има ниту еден претставник на Европската народна партија на американската Конференција на конзервативната политичка акција (ЦПАЦ) која почнува утре во Вашингтон, но затоа од Европа ќе дојдат повеќемина популисти и лидери на крајната десница. Во тоа друштво ќе биде и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. ЦПАЦ е годишна политичка конференција на конзервативните активисти […]

Ванковска се подигрува со Сиљановска: „Претседателка за по дома“


  Професорката Билјана Ванковска, која беше кандидат за претседател на минатогодишните избори, го оценува досегашното работење на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како промашување. Ванковска вели дека Сиљановска станале „претседателка за по дома“ „Откако ја искористија да нѐ претставува на онаа божемна мировна конференција за Украина во Швајцарија, нашата претседателка се повлече и стана вистинска британска кралица. […]

И Социјалистичката партија сака промена на „комунистичкиот“ грб


Социјалистичката партија на Македонија потсети денес дека нејзиниот став за измена на државниот грб е  изграден уште во 2015 година и дека на тоа не гледаат воопшто како  на наводно напуштање на идеолошките принципи поврзани со постоечкиот државен грб – туку како потреба од реафирмање на македонскиот земски грб.   -Како своевиден хералдички одраз на […]

Муцунски го брани Трамп, немало корист од конвенционалната дипломатија


  Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во интервју за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, се стави на страната на американскиот шпретседател Доналд Трамп оценувајќи дека конвенционалната дипломатија досега не давала резултат. „Некои можат да ги сметаат методите на новата американска администрација како неконвенционални, но треба да се прашаме – што ни донесе конвенционалната дипломатија досега? […]

Шукова: Власта не реагира со мерки, СДСМ нуди решенија за намалување на цените


Гледаме дека воопшто нема заштита на потрошувачите, гледаме како растат цените, гледаме дека нема поддршка на економијата и затоа излегуваме со сет први седум мерки, од кои првата е законот што денеска го поднесовме во собранието, со којшто бараме да се направи интервенција на данокот за струјата и на основните прехранбени производи, истакна потпретседателката на […]

Гаши: Нема иницијатива за промена на државниот грб


По најавите за промена на државниот грб, претседателот на Собранието Африм Гаши вечерва изјави дека не гледа дека има некоја инцијатива и кога би дошла, би ја разгледале во таа насока, како што е по Деловник, по закон и по Устав. – Ако се бара да се менува Уставот, се знае процедурата, рече Гаши. Смета […]

И поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ сѐ повеќе се вртат кон ЕУ


  Поддршката на граѓаните во Македонија за пристапување кон Европската унија е 62 процента, бројка што покажува дека трендот на опаѓање е запрен, но има колебање во однос на следните чекори што треба да се направат за да напредуваме на тој пат. Така, само 20 отсто од граѓаните сметаат дека уставни измени се неопходниот следен […]

Грбот на Италија и грбот на Македонија – кој е поубав?


  Високиот член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, ги засили шумолењата на промена на националниот грб тврдејќи оваа агенда на неговата партија не била поврзана со обид за дефокусирање на јавноста поради економската криза и неможноста владата да се справи со инфлацијата. Ниту пак дека тоа било поврзано со некои избори.  Милошоски […]

Шекеринска ќе присуствува на отворањето на Центарот за обука на НАТО и Украина во Полска


 Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во посета на Полска, каде ќе присуствува на церемонијата на отворање на Заедничкиот центар за анализа, обука и едукација (ЈАТЕЦ).  Центарот е прва заедничка цивилно-воена структура на НАТО и Украина, за чие формирање одлука беше донесена на заседанието на Северноатлантскиот совет на 16 декември минатата […]

СДСМ ќе предложи седум мерки за брз ефект врз стандардорт на граѓаните


Откако Владата  ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи,  СДСМ како опозиција ќе предложи закон, во кој ќе се содржат седум економски мерки, што треба да го подигне стандардот на граѓаните.   На денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседател на СДСМ ја изнесе сеопфатната економска стратегија – сет на 7 мерки преточени […]

Партиите од ВЛЕН може да соединат во една партија


До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари. Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател […]

Мицкоски на панел дискусија во Минхен: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа


Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.  Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски посочил дека воопшто не […]

Што си кажаа министрите Муцунски и Георгиев во Минхен


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, се сретна со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев. Ова е прва ваква средба на министрите за надворешни работи, откаоо неодамна во Бугарија по долг период поолитичка криза, беше формирана политичка влада.  Од македонското МНР […]

Јавниот обвинител демантира дека бил во судир на интереси, по обвинувањата на пратеникот Милошоски


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ги демантира наводите дека се нашол во ситуација на судир на интереси, по обвинувањата на пратеникот Антонио Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев. -Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир […]