Нема скандал, туку административна пракса, одговара Меџити


  Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем […]

Надворешната политика се претвори во целосен аматеризам, вели СДСМ


  Скандалозно. Така го нарече опозициската СДСМ вчерашното позиционирање на Македонија во ОН во однос на гласањето за резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, и онаа на САД за тригодишнината од руската агресија. „Северна Македонија гласаше воздражно за резолуцијата на ЕУ и беше единствена држава од Европа покрај Унгарија која не ја поддржа оваа резолуција. […]

СДСМ му однесе на Мицкоски документи за скандалот со Меџити


  Нарекувајќи го премиерот самопрогласен „главен државен обвинител, кадија и врховен судија“, СДСМ денеска му ги предаде документитет што го добил од свиркачи за незаконските постапки на вицепремиерот Изет Меџити. Христијан Мицкоски вчера ги повика сите што имаат информации и документи за наводна корупција да му ги предадат нему лично, тој ќе излезел и од состаноци ако треба. […]

Власта ја бојкотира надзорната расправа за аерозагадувањето


Власта ја бојкотира расправата за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која ја води лидерот на Левица, Димитар Апасиев. И покрај очигледните саботажи од спикерот на парламентот Африм Гаши и од пратениците на владеечката коалиција таа да се префрли во друга комисија што тие ја контролираат, по заканите […]

ДУИ прашува каде завршиле 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир


Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, според ДУИ, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага. „Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо […]

СДСМ денес ќе предаде докази против Меџити во Владата


СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска  во Владата ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити. „СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата. Од СДСМ најавија и изјава пред […]

Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание


Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче. […]

Каранфилова-Пановска: Мицкоски да одговори кој е бенефитот од посетите во САД и кој терен го запоседнал


 Граѓаните и државата треба и мора да добијат информации кои се тие официјални средби што премиерот Христијан Мицкоски ги имаше во Вашингтон, што на нив се разговараше, која е таа поддршка и помош на којашто можеме да сметаме, кој е бенефитот за граѓаните и за државата, смета заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани […]

Русија и САД за првпат на иста страна во ОН, Македонија остана на „сув мраз“


  Генералното собрание на ОН ја изгласа резолуцијата на Украина што првично ја поддржа, па ја откажа Македонија, но ја изгласа и таа што ја поднесоа САД и на која Македонија стана коспонзор потоа. На веб страницата на ОН сепак доминираше веста за првата резолуција која беше протолкувана како осуда на руската агресија, усвоена и […]

МНР појасни: Повлекувањето од резолуцијата на Украина не е – повлекување!


 Министерството за надворешни работи реагираше на информациите дека Македонија ја сменила страната и, од поддржувач на Украина, се престроила зад резолуцијата на САД во која воената окупација е оквалификувана како „конфликт“ и не се повикува на повикување на руските војници од земјата. Според МНР, тоа што го слушаме и што го гледаме не е тоа, […]

СДСМ со документи тврди дека Изет Меџити е вклучен во скандали, Мицкоски бара докази


  Опозицискиот СДСМ денеска со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција ги презентираше „доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити […]

Марта Кос е за итно членство на Украина во ЕУ


  На тригодишнината од руската агресија на Украина многу влогови наеднаш се во играта. Еден геополитички лост е членството на Украина во Европската унија, која добива забрзан третман под комесарката за проширување Марта Кос. На прашањето на европратениците која земја сака да ја види следната во ЕУ, таа рече: „Украина – веднаш!“ Еве што напиша […]

Мицкоски застана во првиот ред – против Украина!


  Премиерот Христијан Мицкоски потврди денес дека Македонија е коспонзор на резолуцијата што ја поднесоа САД во Генералното собрание на ОН, со која се бара брз крај на воениот судир меѓу Русија и Украина и зад која застанаа малцинство земји, бидејќи место окупација или воена агресија ја сведува војната на „конфликт“. Потоа, не бара повлекување на […]

ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз слободата на говорот


  Веќе четири дена владејачката ВМРО-ДПМНЕ води невидена хајка против новинарот и политички аналитичар Сашо Орданоски поради неговите искажани ставови за првиот месец од владеењето на американскиот претседател Доналд Трамп. Ваквите напади веќе ја поминуваат границата и претставуваат закана за слободата на изразувањето и предупредување за секој што мисли поинаку од Владата за Трамп да […]

ДУИ: Шефот на кабинет на Меџити главен за уцени и мито


  ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдена злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет.  „Прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал? Доверливи […]

СДСМ: Борбата на Украина е и наша борба


Денеска, точно три години од почетокот на неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува искрена поддршка и солидарност кон украинскиот народ во неговата херојска борба за слобода, демократија и суверенитет.  -Храброста, достоинството и отпорот на украинските граѓани се пример за целиот свет дека слободата и демократските вредности секогаш ќе надвладеат над агресијата […]

СДСМ прашува дали вицепремиерот Меџити барал мито


  Опозицискиот СДСМ вели дека во Владата бил на повидок голем, робусен корупциски скандал во Владата. „Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори:  дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал ‘злоупотреба на службената должност’ од страна на  вицепремиерот Изет Меџити и неговиот кабинет? Прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 […]

Мицкоски: „Новото нормално доаѓа од Вашингтон и јас се наредив прв“


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш целосно застана зад политиката што ја промовира новата администрација на Доналд Трамп, која преку потпретседателот Џеј Ди Венс изврши напад врз Европа и рече дека „новото нормално доаѓа од Вашингтон и ќе го преплави светот“. За време на посетата на гази Баба, веднаш по враќањето од Вашингтон на […]

Мицкоски контра вицепремиерот Меџити: Ќе нема партиски вработувања за Албанци


  По министерот за јавна администрација и премиерот Христијан Мицкоски денеска се спротивстави на најавите претставени како завршена работа на вицепремиеерот Изет меџити дека за една година ќе се вработат 3.000 Албанци во органите на државната управа и админстрација. „Нема таква работа“, рече Мицкоски. И додаде: „Ниту ќе има додека сум јас претседател на македонската […]

Политичкиот јазик на ново долно ниво: ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ „лае“


  Откако денеска СДСМ преку соопштение повторно укажа на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека „Вреди“ ќе вработел 3.000 Албанци во администрацијата ВМРО-ДПМНЕ ги нарече „кучиња загари“ кои „лаеле“. „Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да […]