Владата бара да не се шпекулирало со „манипулативни наративи“ за Кочани


  Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи. Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата […]

Зајкова од ЛДП бара целосен ветинг на функционерите од 1991 до денес


  Целосен ветинг и детална проверка на избраните и именуваните функционери, но и на овластените инспектори, цариници, полицајци и сите критични професии, подложни на влијание и корупција, бара претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. „Трагедијата во Кочани и неизмерната тага која нѐ обви сите нас е врвот на проблемот, […]

МЕНР на Албанија се извини за „северномакедонска“ заедница од страна на амбасадорката во Софија


 Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија достави извинување до  македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија. Како што потврдија за МИА од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), тоа доаѓа по острата реакција на македонската партија по интервјуто на амбасадорката за бугарски […]

ДУИ: Процесот околу Кочани е неоснован, политички мотивиран и селективен


ДУИ смета дека процесот што се води за утврдување на одговорноста околу трагедијата во Кочани е  неоснован, политички мотивиран и селективен и дека довербата во него е нарушена. За партијата е неприфатлива супремацијата на Владата врз Обвинителството како и фактот дека од 35 приведени – актуелни се само еден или два функционери. „Демократската унија за […]

И новинарството замолче во Кочани


  За најтажниот настан вчера во Македонија граѓаните масовно се информираа од странски медиуми. Имено, цел свет објави фотографии од погребот на педесет загинати, а кај нас повеќето медиуми имаа во најдобар случај некролози како фотографија или имаа – само црна позадина. Практично, се случи срамота, бидејќи загинатите не добија заслужено медиумско покривање во сопствената […]

Приведени тројца градоначалници на Кочани


  Вечерва се приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани –  Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ , кој неодамна си даде оставка. Обвинителството и МВР не ја потврдуваат информацијата во поглед на идентитетите на приведените, но Ратко Димитровски е виден како излегува од дома во придружба на полициски […]

Владата ги осуди странските медиуми за начинот на кој известувале од погребот во Кочани


  Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани. „Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци […]

Финска има најсреќни луѓе на светот, Македонија е на 86. место


  Финска осма година по ред е прогласена за земја со најсреќно население во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска по повод Меѓународниот ден на среќата, пренесе Асошиетед прес. Авторите на извештајот, подготвен во партнерство со агенцијата за истражување Галуп, Оксфордскиот центар за истражување на благосостојбата и Мрежата за решенија за одржлив развој […]

Во Софија со едноминутен молк илјадници им оддадоа почит на жртвите од Кочани


  Илјадници граѓани синоќа се собраа во центарот на Софија и со едноминутен молк им оддадоа почит на 59 трагично загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, јавуваат бугарските медиуми. Граѓаните се собраа пред Судската палата во Софија. Претходно вчера, државниот и политичкиот врв на Бугарија оддаде почит на жртвите од трагедија во Кочани […]

Србија загрижена од воениот договор на Хрватска, Албанија и Косово


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата во Брисел изјави дека Хрватска и Албанија отвориле трка во вооружување во регионот со потпишување воен договор со „привремените институции“ во Приштина, додека српскиот министер за одбрана рече дека тоа е „провокативна иницијатива“ на соседните земји. „Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација […]

Австралиската министерка за надворешни работи изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани


Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изрази длабоко сочувство за жртвите во пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 178 се повредени. -Австралија е во длабоко тага поради трагичниот пожар во ноќен клуб во Северна Македонија, кој однесе над 50 животи. Испраќаме искрено сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, а на […]

Професорот Калајџиев вели дека премиерот премногу се меша во истрагата за Кочани


  Професорот по кривично право на УКИМ, Гордан Калајџиев, вели дека не е многу оптимист од досегашните истраги околу трагедијата во Кочани. Тој наведува пет причини зошто мисли така, а како прва го наведува мешањето на премиерот Христијан Мицкоски во истрагата. Во објава на Фејсбук Калајџиев пишува: „Јас не сум толку оптимист за досегашните истраги […]

Апасиев бара оставка од Тошковски, во негово време била обновена лиценцата за дискотеката


  За лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смената на полициските командири е само покритие за трагедијата во Кочани и тој бара министерот Панче Тошковски да поднесе оставка бидејќи додека тој го раководи МВР била обновена лиценцата на дискотеката. Според Апасиев, МВР има законска надлежност во одобрувањето на угостителски објекти, како и дополнителни ингеренции за контрола […]

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.   -Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.   Посетата на Кочани, […]

Конечно корист од Трамп: И Македонија ќе прави профит од новиот одбранбен фонд на ЕУ


Компаниите за оружје од САД, Обединетото Кралство и Турција ќе бидат исклучени од новото финансирање од 150 милијарди евра од ЕУ, освен ако нивните матични земји не потпишат договори за одбрана и безбедност со Брисел. Планираниот фонд за трошење на капиталот за оружје ќе биде отворен само за одбранбените компании на ЕУ и оние од […]

(ВИДЕО) Притисоци кон револтираните граѓани во Кочани, приведување новинари, ад хок забрани…


По девет месеци „меден месец“, Владата  како да падна во искушение да го решава проблемот во кој што се најде по трагедијата во Кочани преку вршење притисоци врз граѓаните и новинарите. Здружението на новинарите доцна синоќа реагираше на приведувањето на информативен разговор на медиумски екипи само затоа што снимале со дрон митинг, нешто што се […]

Шпанскиот крал го гаѓаа со кал во Валенсија, но отиде таму. Нашите лидери се плашат да појдат во Кочани


  Неколку дена по катастрофалните поплави во Валенсија и нејзината околина на крајот од октомври 2024, каде загинаа повеќе од 220 лица, шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, како и премиерот Педро Санчез, заминаа меѓу очајните луѓе да се соочат со нивниот гнев и разочарувањето во државата. Не беше тоа лесна средба за кралот. […]

Приведен новинар на Ројтерс на митингот во Скопје зашто снимал со дрон


Во моментов во полициската станица во Центар се наоѓаат седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс кои биле приведени веднаш по завршувањето на протестот за трагедијата во Кочани на плоштадот во Скопје. Веднаш по завршувањето на протестот овие седум медиумски работници биле повикани од полицијата да дадат изјава. Објаснувањето било […]

Се плаши ли Владата од протестите за загинатите во Кочани?


  Се плаши ли Владата од протестите што се најавуваат или само ги сфаќа како аларм дека треба да се пресмета со тие што деновиве бараат отчет за нејзините пропусти околу трагедијата во дискотеката во Кочани? Сфати ли премиерот Христијан Мицкоски дека демократијата е незгодна и дека не е баш пријатно кога го прашуваат за […]

„Срамна политичка пропаганда“: Српски лекари за посетата на Вучиќ на повредените во Кочани


Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, денеска за ФоНет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“. Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе […]