ДУИ: Истрагата за Кочани е „театар на апсурдот“


За ДУИ исдтрагата за пожарот во Кочани е театард на апсудрот бидејќи, според нив, се повеќе медиуми, аналитичари, експерти и граѓани се прашуваат како е можно од сите актуелни функционери никој да не одговара за трагедијата.  -Министерот за внатрешни работи  е 13 месеци на функција. Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци, министерот за економија – […]

За СДСМ истрагата за Кочани е селективна и фокусирана на поранешни функционери


СДСМ реагира на досегашната истрага околу пожарот во Кочани обвинувајќи дека таа е селективна и фокусирана само на поранешни функционери, иако и сегашните имаат одговорност за непостапувањата. -Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на […]

Судството мора да има средства и буџет за независна работа, вели Рокас


Евроамбасадорот Михалис Рокас ја истакна позицијата на Европската Унија во врска со интерпелацијата на членови на Судскиот совет, разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и борбата против корупцијата. Рокас нагласи дека препораките на групата експерти мора да се следат и спроведат, бидејќи тие се дел од стандардите на ЕУ за владеење на правото и најдобрите […]

Собрание: Се работи на законски решенија што од понеделник ќе бидат во процедура


По информациите дека Собранието и неделава нема да заседава и да се одржуваат седници на собраниските тела, оттаму денеска информираат дека во законодавниот дом се работи на законски решенија кои од понеделник ќе се пуштаат во процедура, како и дека се очекува да пристигнат предлог закони поднесени од Владата и министерствата. По вчерашната координација беше […]

Мицкоски не кажува дали ќе има одговорност за некој од актуелната власт


Премиерот Христијан Мицкоски го избегна и денес прашањето зошто никој од актуелното раководство во земјата не одговара за трагедијата во Кочани, односно на прашањето за некој одговори повторно со неодредено „секој“. -Секој кој го прекршил законот, ќе одговара. И тука не треба да има дилема“, порача театрално премиерот , иако јавноста прашува директно за тие […]

Кочани го спаси Коцевски, премиерот сега не сака да го менува


  Премиерот Христијан Мицкоски, откако покрена постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцевски, се премисли.  Според Мицкоски, постапката ќе застане таму каде што се наоѓа во моментов, а тоа е во Советот на обвинители, бидејќи Владата сака да му даде шанса на Коцевски да работи на истрагата околу несреќата во Кочани.  „Во овој […]

ДУИ: Ова не е истрага туку политички прогон


Наместо да се соочи со прашањето како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, преполн со малолетници, со пиротехника и без дозвола, власта апси поранешен министер – кој одамна нема надлежност – само затоа што не е „нивни“, го коментираат од ДУИ апсењето на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.  -Во држава каде што целото […]

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска го отфрли „огромниот притисок“ од Брисел да ѝ се даде на Украина приоритетен пристап во Европската унија (ЕУ), инсистирајќи дека Украина не може да стане членка пред земјите од Западен Балкан. Зборувајќи на конференцијата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Сијарто предупреди дека членството на […]

Кој беше осуден за пожарот во дискотеката „Колектив“ во Букурешт? Тоа беа активни функционери


  Трагедијата во Кочани овие денови не само во македонските туку и во европските медиуми се наведува како втор најголем ваков случај во Европа во последните деселетија. Првиот е познатиот случај во дискотеката „Колектив“ во Букурешт во Романија, каде исто така поради употреба на пиротехнички средства настрадаа 27 лица, а подоцна во болниците од лошо […]

ВМРО-ДПМНЕ го осуди СДСМ затоа што побара да нема селективна правда


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди СДСМ дека „за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија“. И дека се служеле со „подмолни политички калкулации“. Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција рече дека „СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од […]

Еуроњуз: Орбан купува националистички медиуми во Mакедонија за да го шири влијанието


  Со стратешкото стекнување на клучни ТВ канали и информативни портали, Будимпешта веќе влијае на јавниот дискурс во Северна Македонија, пишува Еуроњуз, додавајќи дека со поддршка на нелибералниот владин модел и финансирање на националистичките медиуми, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот. Во последниве години, проширувањето на унгарските медиумски интереси во Северна Македонија, кои се […]

Мицкоски ги нарече „политички глодари“ оние кои не сакале силна влада на ВМРО-ДПМНЕ


  Завршија деновите на жалост и премиерот Христијан Мицкоски ја продолжи политичката кампања. Денеска се спушти под Кочани и отиде во Радовиш да присуствува на настанот  работите на реконструкција и пренамена на стоковната куќа во современ мултифункционален центар и музеј. Во Кочани тој за сите овие осум дена не се сретна со жителите да поразговара […]

СДСМ бара да нема селективна правда за трагедијата во Кочани


  Опозициската СДСМ денеска изјави дека нема да ја политизира трагедијата во Кочани и нема да печали на неа, но вели дека институциите мора да да одговорат на многу прашања за кои јавноста очекува одговор. Организацискиот секретар на партијата, Мартин Костовски, рече дека по трагичната загуба на 59 животи „како партија одлучивме да молчиме и […]

Македонија прва во регионот доби пари од Планот за раст – 52,4 милиони евра


  Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ,  од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии.  „Пристигнаа средствата од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во […]

Таравари: Ќе продолжам да ја вршам функцијата министер за здравство


Односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни. Јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство […]

Заврши молкот за Кочани, сега е време да се зборува, велат од ДУИ


  Демократската унија за интеграција почна да ги поставува првите сериозни прашања откако заврши седумдневната жалост за настраданите во Кочани. „Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени.  Како Демократска унија […]

Во тек е операција вината да му се префрли на Крешник Бектеши, вели Ивон Величковски


  Поранешниот пратеник и поранешен претседател на Либералната партија, Иван Величковски, вели дека во тек била операција „да му ја префрлиме вината на Шиптарот (Крешник Бектеши)“, поддржан со операцијата „огномети во Скопје“. Во подолга објава на Фејсбук Величковски прави своевидан анатомија и за она што се случувало пред трагедијата во Кочани. Па, пишува: „Од моментот […]

Студентскиот протест на платото на УКИМ не е откажан, ќе се одржи. Некој манипулира


  Големи политички замешателства се случуваат околу најавениот судентски протест на платото на УКИМ закажан за утре во 13 часот. Прво Независниот студентски сојуз (НСС) со порака до медиумите објави дека протестот е откажан заради политичко мешање со едно видео, за потдоцна да стигне демант на тоа. Како што велат од НСС, пленумот ќе се […]

Нови критики за Вучиќ во Србија поради посетата на повредените од Кочани


  На денешната протестна прошетка на студентите и граѓаните во Ниш професорката по микробиологија на Медиционскиот факултет во Ниш, Сузана Оташевиќ, зборуваше и за тоа како политичките функционери во Србија, посебно претседателот Александар Вучиќ, ги искористил пациентите од Кочани кои се донесени на лешње во Србија  за политичко рекламирање и промоција. Таа рече дека тоа […]

Независниот студентски сојуз го откажа собирот на платото на УКИМ поради политичка вмешаност


  Независниот студентски сојуз во соопштение вели дека „е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери“. Во соопштението се вели: „Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност. Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме. […]