СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. […]

Сиљановска Давкова по средбата со Радев: Можни се компромиси


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан III“ во Софија. Фокусот на средбата бил ставен на трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат, во таа насока двајцата заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласи дека […]

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова – Радев, се разговарало и за евроинтеграциите


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан III“ во Софија. Фокусот на средбата бил ставен на трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат, во таа насока двајцата заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласи дека […]

Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, возврати денес на обвинувањата од албанскиот блок околу лидерската средба вчера со премиерот Христијан Мицкоски.    -Повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба. […]

Филипче: Со Мицкоски се договоривме да работиме на реформската агенда, повторно повикувам на лидерска средба


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска појасни дека на вчерашната средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле да соработуваат во однос на реформската агенда за Планот за раст во која првата група закони се од областа на правосудството, енергетиката, културата и дигитализацијата. Филипче уште еднаш повика на средба со лидерите на […]

СДСМ Прилеп: На два месеца пред одржувањето на „Војдан Чернодрински“ – Прилеп без театарски сали


По одлуката да се затвори објектот на театарот во Прилеп, поради небезбедни услови за работа, иста одлука имаше и за киното и салата во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а денеска од СДСМ реагираат дека за тоа виновен е „срамниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон прилепчани“. – Прилеп, градот на културата и на театарската уметност кој […]

ДКСК: Се е чисто околу имотот на Филипче


ДКСК ја провери фактичката состојба и потврди дека се е чисто со пријавениот имотот на Филипче, а воедно и го затвори предметот. Со ова се потврдува дека сите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за имотот на Филпче дека наводно имал непријавени станови, непријавен имот се лажни и невистинити. Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција […]

Пренџов тврди: Решени сме да ги сотреме криминалот и корупцијата


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој во емисијата „24 Анализа“ дебатираше за а тоа како се води истрагата за пожарот во Кочани, тврдеше дека институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче […]

Трајчулески за обезбедувачот на премиерот: Ако издавал државна тајна за 50.000 евра, што би направил за 500.000?


Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24. Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е […]

Сиљановска-Давкова во Софија на „Акаба Процес Балкан“, предвидена средба со Румен Радев


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија. Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори. Македонската претседателка ќе говори на првата […]

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, за клучните прашања мора да има единство


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју вечерва изјави дека на средбата со лидерот на СДСМ ,Венко Филипче, разговарале  за градење на национален консензус за клучните прашања. -Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика, но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме култура која ќе значи единство […]

Средба Муцунски и Рубио во Брисел: Следуваат многу заеднички иницијативи


Актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон и соработката меѓу двете земји, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО, беа теми на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите […]

ДУИ: Премиерот потврди дека во Македонија постои „само законот на Мицкоски“


ДУИ ја оцени како загрижувачка и скандалозна  денешната изјава на премиерот во Парламентот, кој според нив, во својата ароганција јавно потврди она што граѓаните веќе знаат – дека државата е заробена!  „Наместо владеење на правото, постои само еден закон – „неговиот закон“, законот на партијата која ги узурпира институциите и која ј третира државата како […]

(ВИДЕО) Филипче и Мицкоски договориле работни тела за спроведување на реформската агенда


Состанокот беше добар и конструктивен, оцени претседателот и пратеник од СДСМ, Венко Филипче по средбата со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој соопшти дека се договориле со Мицкоски да формираат работни групи. „Имавме навистина конструктивен состанок со премиерот, сметам дека и до него е стигнато барањето од граѓаните за заедничка работа во некои […]

Филипче демантира дека ќе се разговара за етнички прашања на лидерската средба


„Навистина ми е драго што премиерот веднаш го прифати состанокот, очекувам конструктивна средба“ – порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пред средбата со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски закажана за 14 часот во зградата на Владата.Околу очекувањата од средбата тој сепак беше воздржан, порачувајќи дека е внимателен оптимист. „Темите ги нафрлив вчера, денеска […]

Беџети до Мицкоски: Според кои ингеренции ќе ги „влечеш за уши“ обвинетите?


Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша денес на собраниска говорница премиерот Христијан Мицкоски врз која основа јавно се заканува дека „ќе ги влече за уши“ обвинетите за криминал, во контекст на забелешките дека не е обвинител и дека се меша во истрагите.  На прашањето на Беџети дали тој е обвинител кога излегува со таква […]

„Димче“ и „Мицика“ најавија кривични пријави еден против друг


Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, го обвини премиерот Христијан Мицкоски во Собранието за оддавање на службена тајна и попречување на правдата, бидејќи на прес-конференција ја објави лажната лиценца на клубот „Пулс“ во Кочани. Тој најави дека идната недела ќе му поднесе и кривична пријава со очекување – и него Панче Тошковски да го […]

Талески до Тошковски: Кој ќе одговара за пропустите на МВР во Кочани?


Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница  го праша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој ќе одговара за пропустите на МВР за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 луѓе, а над 200 се повредени. „Ваква трагедија, со толку многу жртви и повредени, повикува на неселективна истрага и утврдување на […]

Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западниот Балкан


 НАТО е посветен на обезбедување на стабилноста на Западниот Балкан, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте при пристигнувањето на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Пактот во Брисел, на која учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.   – Заедно со нашите пет сојузници – Црна […]