Апасиев: За закани кон мене „сам си одбрал да се бавиш со политика“, а за Мицкоски веднаш притвор


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра реакција на својот Фејсбук профил го спореди постапувањето на институциите во случајот со наводните закани кон премиерот Христијан Мицкоски со негово лично искуство од времето кога бил опозициски пратеник. Апасиев во објавата тврди дека пред неколку години добивал закани по живот, тело и семејство од лица кои ги […]

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции


Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации. Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во […]

Рокас: Фон дер Лајен во посета на регионот за две до три недели, се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата


Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија. ​ – Изминатите неколку месеци сите работиме макотрпно сѐ со цел таква работа да се случи. […]

Мицкоски за приведениот од Чекрези: Напишал дека сум свиња и дека ќе ме коле на плоштад


Премиерот Христијан Мицкоски денеска се огласи за заканите упатени кон него и неговото семејство преку социјалните мрежи, за кои Обвинителството утрово поведе постапка против 39-годишен жител на кумановското село Черкези. „Вчера дознав за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, […]

Пратениците немаат абер од формирање Анкетна комисија за Кочани, родителите најавуваат нов протест


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, не се чувствува одговорен што и натаму не е формирана Анкетната комисија за трагедиите во Кочани, во Ласкарци и за модуларната болница,  иако родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ јавно побараа деновиве пратениците да излезат и да се изјаснат, бидејќи поминаа 18 месеци од настанот, обвинетите се ослободуваат од притвор, […]

Кос предлага новите членки на ЕУ да се откажат од правото на вето и заштитната клаузула


По приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата, според предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ, […]

Гаши тврди: Предвремени избори нема да има


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, тврдеше денес пред новинарите дека предвремени избори ниту очекува, ниту ќе има.  „Според мене, предвремени избори не треба да има и убеден сум дека нема да има“, рече Гаши ублажувајќи ја вторпат позицијата.  На новинарското прашање на што се должи ваквата цврста увереност, имајќи ја предвид разгорената политичка реторика […]

39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски


Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, осомничен дека преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека 39-годишникот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик. „Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го […]

СДСМ вели дека Мицкоски си црта автопортрет – „Има само една банда – ВМРО-ОКГ“


  Опозицискиот СДСМ го нарече премиерот Христијан Мицкоски како „шеф от на организираната криминална група ВМРО“ и неговата вчерашна реченица ќе останела како автопортрет на оваа власт. „’Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема…’ Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира […]

Пустец како воена зона: Бугарски емисари се истоварија со воен авион за да вршат медицински прегледи


  Бугарија не престанува да агитира меѓу Македонците во Албанија за да ги наведе со разни активности дека тие се, всушност, Бугари. Само тоа не го знаеле досега. Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) најостро ги осудува најновите активности на бугарските власти во Пустец, со кои под превезот на медицинска помош повторно се спроведува политичка […]

На Мицкоски сега не му чини ни Врховниот суд. Се поистовети со Дон Кихот


  По судиите и обвинителите на ред дојде и целиот Врховен суд да се најде на ударот на премиерот Христијан Мицкоски. Вчерашните изненадувачки соопштенија, во кои се наведува дека Врховниот суд ги укинал пресудите за сообраќајната несреќа кај Ласкарци и за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, го наведе денеска Мицкоски повторно правниот систем да […]

Тито Петковски: Од влада со 40% академици се сведовме на авторитарно владеење, навреди за „глодари“ и штанцани дипломи


Денешната македонска политичка сцена доживува драматичен кадровски и интелектуален пад, каде што сериозните државнички капацитети се заменети со партиски импровизации, авторитарно управување и понижувачка реторика кон граѓаните. Оваа остра критика ја изнесе поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски, во интервју за Телевизија 24. Правејќи паралела меѓу почетоците на независноста и денешната состојба, Петковски потсети на […]

Кога и логичното прашање зошто училиште се доградува во учебна година, а не летоска, станува прашање за рејтинг на партија


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниска говорница побара партиите да не ги користат образованието и здравството за стекнување политички поени. Одговарајќи на прашање на пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ кога децата од училиштето „Киро Глигоров“ во скопски Центар ќе почнат да учат со физичко присуство и зошто за време на летото […]

Мицкоски отвора простор за албанска химна во училиштата?


Премиерот Христијан Мицкоски повика државната химна да се интонира во училиштата во сите општини, без разлика на етничката структура на населението. Тој нагласи дека интонирањето на химната е прашање уредено со Уставот и законите, посочувајќи на потребата од нивно почитување во сите училишта низ државата. „Има закон како се регулира тоа и согласно законот може […]

ЛДП: Перпарим се суди за 8,3 милиони евра потрошена дивиденда, Владата се фали за потрошените 5,5 милиони


  Додека поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда – коментира денес ЛДП, прашувајќи – како е можно ова да се случува симултано, дали за […]

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите


Собранието денеска ќе ја одржи 122. пленарна седница, а по гласањето на дневниот ред најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот.   На дневен ред на 122 седница се предлог на одлуки за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог на одлука за разрешување и именување на […]

Ристоска: Ослободителната пресуда за Груевски и имотот на ВМРО-ДПМНЕ ја легализира политичката корупција


Ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“, со која се враќа партискиот имот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена поради недостиг на докази, туку поради толкување на судот кое нема правна поткрепа во законите, вели Ленче Ристоска, поранешна обвинителка која со години го работеше случајот. Во објава на Фејсбук, Ристоска детално […]

Митева потврди: Прославата за независноста чинела 5.530.000 евра (ВИДЕО)


  Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција испровоцирана од силните негодувања во јавноста соопшти дека настаните организирани по повод независноста на државата чинеле околу 5.530.000 евра, односно 340 милиони денари. Од нив главнината е дивиденда на „Лотарија“ од 2024 година (300 милиони денари), а околу 40 милиони денари се донации од „општествено одговорни […]

Немаме што да славиме, ама имаме пари да се расфрламе!


  Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, вчера беше расчеречен од јавноста откако кажа дека „мнозинството наши ученици имаат проблем да го разберат прочитаното, не им оди математиката,  природните науки се шпанско село за две третини од нив, а сепак им нема рамни за забава!“ Од кого го научиле тоа се виде денес од прес-концеренцијата […]

САД вршат притисок врз сојузниците од НАТО да се уништи Меѓународниот кривичен суд. Како ќе се постави Македонија?


  САД се обидуват да ги вклучат своите сојузници од НАТО во кампања за „систематско демонтирање“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС), со што дополнително ги затегнаа и онака напнатите трансатлантски односи. За време на состанокот зад затворени врати на 32. амбасадори на НАТО во Брисел, одржан во средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара […]