Партиски осуди за сквернавењето на македонското знаме, СДСМ прашува каде беа МВР и Тошковски
Политичките партии од македонскиот политички блок денеска најостро го осудија сквернавењето на македонското знаме и бараат одговорност за виновниците. Со осуди преку партиски соопштенија се јавија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ. Опозициската СДСМ смета дека Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. „Граѓаните имаат право …