ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека го праша Фрчкоски кој снима поткасти во штабот на СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ, „исто како и Венко Филипче“, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. -Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС, дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко […]

СДСМ: Лајен потврди дека македонскиот идентитет е добредојден во ЕУ, што брани Мицкоски?


СДСМ бара премиерот Христијан Мицкоски да соопшти како Владата планира да го деблокира европскиот пат на Македонија, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при посетата на Скопје порача дека земјата припаѓа во Европската Унија со својот македонски идентитет и јазик. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција […]

СДСМ за атентатот: Тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април повторно


СДСМ, по повод 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, објави соопштение во кое прави политичка паралела меѓу нападот од 1995 година и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, а со остри обвинувања ги прозива и ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 […]

Радев до Мицотакис: Во минатото цар Самоил нè делеше, денес нè обединува


Бугарскиот претседател Румен Радев пристигна во Музејот на византиската култура во Солун, каде што се одржува церемонијата за предавање на посмртните останки на цар Самоил, јави БГНЕС. Бугарскиот претседател беше пречекан од неговиот грчки домаќин, Киријакос Мицотакис. Во нивно присуство, двајцата министри за култура потпишаа протокол за предавање на посмртните останки на средновековниот бугарски владетел. […]

Бугарија се подели околу „историското“ враќање на Самоил


Враќањето на посмртните останки на цар Самоил ја подели Бугарија во пресрет на големиот пречек што се подготвува денес во Софија, во кој ќе бидат вклучени и воени авиони и највисоките  политички личности. Фактот дека трампата на коските за артефактите мешу Бугарија и Грција се случува непосредно пред избори и, како што изгледа, среде најавите […]

Петров: Не верувам дека атентатот врз Глигоров некогаш целосно ќе биде расветлен


 За атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров сè уште има само прашања, но не и концизни одговори, кои би довеле до затворање на случајот. МИА разговараше со Зоран Петров, авторот на „Атентат“, прва издадена книга за нападот врз Глигоров. Петров истакна дека изминатите години дошол до нови информации, но не и до докази за […]

Триесет и една години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров


Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа […]

Зоран Доревски ќе промовира книга за атентатот на Киро Глигоров


По повод 31 годишнината од атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров денес ќе биде промовирана уште една книга чија цел е тој трагичен настан да не падне во заборав и да се даде нова светлина на околностите кои доведоа до него. Станува збор за анализата на Зоран Доревски, во време на атентатот  главен инспектор во […]

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија


Од Министереството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за МИА дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала следната недела на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8. Премиерот Христијан Мицкоски претходно на заедничката […]

Лајен нè „прати“ на разговори во Софија, најави можност и Македонија да добие патоказ за членство


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави, дека веќе следната недела треба да биде направен нов чекор  за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија.На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, Фон дер Лајен рече дека на денешната средба било договорено процесот повторно да почне да се придвижува. „Се договоривме да имаме […]

Какви пораки испрати Лајен во Подгорица и Приштина – што ќе порача во Македонија?


Како дел од својата турнеја низ Балканот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги посети Приштина и Подгорица, истакнувајќи две крајно различни фази од европската интеграција на Западен Балкан: барање за основна институционална стабилност во Косово наспроти амбициозниот план за завршување на преговорите за пристапување во Црна Гора. Во косовскиот главен град, посетата […]

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека нема да седи мирен „кога е загрозена државата“ и обвини дека премиерот и Владата се однесуваат крајно незаинтересирано кон европскиот пат на државата. Тој посочи дека Македонија ризикува да остане изолирана во момент кога други земји […]

Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп


  Една недела по приемот на американскиот претседател Доналд Трамп за шефовите на странските делегации кои присуствуваа на Генералното собрание на ОН, премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на Фејсбук и напиша една реченица: „Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“. Со премиерот е неговата сопруга Рози.   

Фон дер Лајен утре во посета на Македонија, тет-а-тет средба и работен ручек со Мицкоски


Утре, 02.10.2026 година (петок), во 12 часот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која пред почетокот медиумите ќе имаат […]

Успехот на Црна Гора е нов замав за проширувањето, вели Марта Кос


  Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денеска во Пржно, Црна Гора, на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, изјави дека Европската комисија на 6 октомври ќе изнесе дополнителни идеи за тоа како може да се прошири постепената интеграција во ЕУ и истакна дека тоа не претставува замена за […]

Филипче им се закани на „ЗНАМ 2“: Ќе ве изгазам како шлепер жаба!


Претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ се кријат други причини, и дали нејзиното однесување има поврзаност  случајот со набавката на хеликоптерите. „За пратеничката Славјанка Петровска, се прашувам што е причина за ова. […]

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ


Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави во Бугарија беше сослушан пред Комисијата за надворешни работи на Сенатот. Во своето обраќање, 59-годишниот републиканец Даглас Холдер изјави дека, доколку неговата кандидатура биде одобрена, ќе стави акцент на економијата и можностите за трговски и деловни врски меѓу двете земји. Холдер истакна дека, како членка на НАТО, […]

Филипче ги нарече „будалаштини“ ставовите на Мицкоски за евроинтеграцијата


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска со жестока реторика го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со својата политика ја води Македонија кон изолација од Европската унија. На прес-конференција во Собранието, Филипче ги коментираше ставовите на Мицкоски за европската интеграција и неговото повикување на Исланд како пример за земја која не е членка […]

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска


Пратеничката група на Левица ќе поднесе интерпелација за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од Левица Амар Мециновиќ. Според Мециновиќ, со интерпелацијата се отвора прашањето за управувањето со енергетскиот сектор, минералните суровини и природните богатства, како и за резултатите што Владата ги постигнала […]