Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп
Една недела по приемот на американскиот претседател Доналд Трамп за шефовите на странските делегации кои присуствуваа на Генералното собрание на ОН, премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на Фејсбук и напиша една реченица:
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“.
Со премиерот е неговата сопруга Рози.