Две момчиња завршија во болница вчера поради премрзнување во Вардар


Две млади момчиња, на возраст од 20 и 26 години, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување, откако учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици. Иако биле пренесени во болница, нивната здравствена состојба е стабилна. Оваа година условите во реката беа особено предизвикувачки, а студената вода и високиот […]

Променливо облачно со повремен снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 12 до минус 2, а максималните ќе достигнат од минус 2 […]

Дарко Митровиќ го изваде светиот крст од Вардар во Скопје


Скопјанецот  Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар. На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 граѓани, од кои едно беше […]

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје – еве кои улици се затворени


Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце […]

Започнува тестирањето на камерите на „Безбеден град – од утре ќе се затвораат сообраќајници низ Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата […]

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7:30 до 15:30 часот. Од утре ќе се продолжи со редовно работно време.

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда


Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба. – Со хуманитарен, натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – […]

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии


ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а […]

ООУ „Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик


Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на […]

ЕСМ Снабдување со топлина: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите


Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина.  -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на […]

Поради дефект без парно се делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода


ЕСМ Снабдување информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална […]

Повеќе улици од Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај


Повеќе улици од Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај. Во понеделник, 19. јануари, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце […]

Од 20 до 31 јануари калибрација на камерите: Нема да се пропуштаат возила на тие локации


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во рамки на проектот „Безбеден град“ во периодот од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди, односно камери за сообраќаен надзор. Како што соопштува МВР, активностите ќе се реализираат секој ден во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот. За […]

Неколку бараки претворени во депонии во Аеродром – соседите на мака


Жителите на Стар Аеродром велат дека повеќе од една година неколку бараки се претворени во депонија, а реагираат дека во изминативе месеци се ширел тежок мирис, бидејќи дивовселените користат најлон, пластика и друг отпад за затоплување во напуштените бараки. Ова се случува во делот на Аеродром каде во последно време интензивно се гради, односно, на […]

Кој имаше најдобро новогодишно украсен двор во Скопје?


Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот.   Во прилог објавата […]

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје


Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети […]

Градските автобуси за Богојавление по неделен возен ред


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред. Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат […]

За викендот променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање


 За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на […]

Без вода дел од Чаир


Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

ЈСП ги потсетува студентите и пензионерите да ги продолжат билетите


ЈСП Скопје сподели потсетување за корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. „ЈСП Скопје излегува во пресрет на потребите на студентите и ќе има разбирање, и во таа насока ќе прави отстапки за казнени санкции до 20.01.26 година. Замолуваме до посочениот […]