Ќе се рушат дискотеките во Парк за да се гради Луна парк


  За 30 до 40 дена, доколку сѐ оди како што треба, ќе почне изградбата на Луна паркот во Скопје, а за таа цел ќе се уриваат и дискотеките лоцирани во Градскиот парк. – Во финална фаза е тендерската постапка и моите очекувања се дека за отприлика 30-40 дена би започнале, нормално сѐ ако биде […]

Ѓорѓиевски платил казна, но  до петок ќе поднесе анкетен лист за имотната состојба


Новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски нема поднесено анкетен лист до Антикорупциска, но тоа ќе го направи до петок. – Во однос на казната имам една казна и таа е платена. Тоа е моја грешка. Човек сум јас како и сите други. Поради обврските во Градот не сум стигнал. До петок ќе биде поплнет […]

Дел од автобусите за ЈСП треба да стигнат годинава – БРТ се откочува


Дел од 100-те автобуси кои Владата ги вети за потребите на ЈСП „Скопје“  треба да стигнат годинава, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот. Тој рече дека дополнително со продолжување на БРТ проектот, ќе бидат набавени уште 30 автобуси.  „Од ЕБОР утринава ни е стигнато писмо со коешто конечно се […]

Без вода делови од Центар и Чаир


Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир.  Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“, дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил […]

ССМ од 10 февруари почнува со блокади


Сојузот на синдикатите на Македонија преминува кон втората фаза од активностите за зголемување на платите. Блокадите почнуваат од 10 февруари со блокирање во македонското Собрание, а продолжуваат на 12 февруари со блокади пред Стопанската комора. Блокадата пред Владата е најавена за 17 февруари.  – Вчера истече рокот што илјадници работници им го дадоа на пратениците […]

Бутел и Чучер Сандево со заеднички пристап кон решавање на проблемот со фекална канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска во објава на Фејсбук порача дека фекална канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе има и дека заеднички со Општина Чучер Сандево ќе му пристапат на проблемот. „За прв пат денес заедно со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски направивме работен состанок за финилизирање и доработка […]

ОМД ќе ѝ помага на Општина Кисела Вода во справувањето со булингот


Во Општина Кисела Вода денес беше потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединетата македонска дијаспора – подружница Македонија, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието преку иновативни, инклузивни и холистички програми. Со потпишувањето на меморандумот почнува имплементацијата на проектот STAR FOR LIFE, кој […]

Откриени два нови растителни вида – едниот го има само околу Скопје


Идентификувани се два нови растителни вида, Euphorbia skopjensis и Euphorbia balcanica, соопшти Македонското еколошко друштво. Истражувањето е реализирани како дел од програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Беше спроведено истражување за морфолошката и геномската разновидност на растителната група Euphorbia glareosa на територијата на Македонија и споредба на локалните […]

Околу 150 артисти доаѓаат на конвенцијата за тетоважи во Скопје


Следниот месец, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе се одржи на 14 и 15 март во хотел „Александар Палас“. Претходните две години се одржуваа настани со сличен концепт, но годинава настанот го надминува локалниот формат и ќе ги обедини најталентираните уметници од целиот свет, промовирајќи ја тату […]

Отворен нов наплатен пункт на „Водовод и канализација“ во Ѓорче Петров, затворен во Сарај


Отворен е нов наплатен пункт на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Ѓорче Петров. Лоциран е во постоечкиот објект на „Водовод и канализација“ – Скопје, на улица „Ѓорче Петров“, до Тинекс маркетот и ќе работи секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот. Како што информира претпријатието, пунктот е отворен за да […]

Без вода дел од Карпош


Поради промена на шибер, без вода од 9:30 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Анкарска“, „Атинска“, „Њуделхиска“, „Бахар Мојс“, „Панче Пешев“, „Римска“ и „Наум Евро“ во Општина Карпош, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Бетонот на недовршените згради на ФИНКИ се „нацицал“ јаглерод диоксид – колкаво ли е загадувањето на таа крстосница?


Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН […]

Се поткаструваат гранките на дрвјата во Кисела Вода – почнаа од Драчево


Од улица „Коперникова“ во населбата Драчево почна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, што Општина Кисела Вода од денеска ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје, информираат од Општината. На денешниот настан присуствувале градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и […]

Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.   „Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти.  Проекти кои нема да живеат само една […]

Од денеска со месеци изменет сообраќаен режим во дел од Центар


Од денеска до 23 септември 2026 година ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во општина Центар. Како што информира ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим на сообраќај се воведува поради градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улицата „Тодор Александров“ бр.11 и бр.12 во Општина Центар. Се работи […]

Мицкоски ги најави камионите за „Комунална хигиена“, ќе стигнат до крај на годинава


Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана  и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала […]

Започнува доградбата на подземната сообраќајница што ќе поминува под „Лимак“


 Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.    Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.  […]

Кој е во Координативното тело за Скопје европска престолнина на културата 2028? 


Град Скопје како реакција на новинарски текст ги објави членовите на Координативното тело кои се вклучени во проектот за Скопје европска престолнина на културата за 2028, со решение избрани на 2 јануари 2025 година, и објавени на веб страницата на проектот. „Координативното на „Скопје ECoC 2028“ ги обединува културните професионалци, креативните визионери и партнерите од […]

Усје ќе треба да воведе нови технологии за прочистување со барањето за А-интегрирана дозвола


Во однос на цементарницата „Усје“, чија дозвола истекува на крајот на 2026 година, беше појаснето дека постапката за обновување ќе започне во март годинава, а за тоа дали новата дозвола ќе ја добие според новите критериуми или според старите, министерот рече дека во тој правец ќе се разговара со сите индустриски капацитети, да почнат со […]

МЖСПП не знае што се случува во Вардариште


Дали Вардариште се уредува според постоечката студија од 2014 година или се доработува друга, понова, посовремена, па и поадекватна, од Министерството за животна средина и просторно планирање, не знаат. На денешниот брифинг, министерот Муамет Хоџа, но и раководителите на секотир задолжени за поединечни проблематики во министерството рекоа дека не знаат по кој терк се рамни, […]