Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“, настан по повод 4 март – Светскиот ден на дебелината, што се реализираше во основното училиште „Кочо Рацин“, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Од стручен аспект говореа проф. д-р Антони Новотни и доц. д-р Александар Савески, …

Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар Read More »

Нови компјутери за учениците во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров


 Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет. Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до …

Нови компјутери за учениците во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров Read More »

Аеродром вработува пензионери и социјално загрозени за одржување јавна чистота и паркови


Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром информира дека е во тек јавен оглас за изразување интерес за ангажирање лица за вршење јавни работи во текот на 2026 година. Со огласот се повикуваат сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата …

Аеродром вработува пензионери и социјално загрозени за одржување јавна чистота и паркови Read More »

(Видео) Повторно се чисти депонијата кај „Борис Трајовски“ во Карпош 3


Градоначалникот Сотир Лукровски и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, вчера беа на увид во комуналните активности кои се одвиваа во непосредна близина на спортскиот објект во населбата Карпош 3. Како што информираат, овој простор е постојана мета на несовесните граѓани, кои го одложуваат крупниот и кабастиот отпад на оваа локација. – За таа …

(Видео) Повторно се чисти депонијата кај „Борис Трајовски“ во Карпош 3 Read More »

За 40 дена почнува изградбата на последниот дел од булеварот ,,Борис Трајковски“ – готов до крајот на годината


Јавната набавка за изградба на булеварот „Борис Трајковски“ е објавена а градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека е рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година. „Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, беа 850 метри нервоза, прашина, оштетени возила, изгубени …

За 40 дена почнува изградбата на последниот дел од булеварот ,,Борис Трајковски“ – готов до крајот на годината Read More »

„Star for Life“ за превенција на булингот и врсничкото насилство во Кисела Вода


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром, го посетија ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Посетата се реализира како продолжение на активностите од неодамна потпишаниот трипартитен меморандум за имплементација на проектот „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство. На средбата, информираат …

„Star for Life“ за превенција на булингот и врсничкото насилство во Кисела Вода Read More »

Од паркингот пред Кале набљудување на планетите и Месечината со телескоп


Денес имате можност да ги набљудувате планетите и Месечината преку телескоп. Телескопите ќе бидат поставени во 17:30 часот. Најпрво ќе се набљудуваат Венера и Меркур на зајдисонце, а потоа Јупитер и Месечина, сè до завршување на набљудувањето околу 20:30 часот.   Локацијата каде што ќе бидат поставени телескопите е паркингот пред влезот на Скопско Кале …

Од паркингот пред Кале набљудување на планетите и Месечината со телескоп Read More »

Реконструкција на улица во Ново Маало, следува и реконструкција на вториот дел на „Ленинова“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало. Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт. „Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор …

Реконструкција на улица во Ново Маало, следува и реконструкција на вториот дел на „Ленинова“ Read More »

Патувачката изложба за балканскиот рис конечно во Скопје


Патувачката изложба за балканскиот рис којашто по седум посетени места низ Македонија, за првпат доаѓа и пред скопската публика ќе биде поставена во „Лабораториум“ во четврток, 5 март од  19 ч. „Изложбата ја организираме во рамките на регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис (Balkan Lynx Recovery Programme) со желба да ви ја доближиме убавината …

Патувачката изложба за балканскиот рис конечно во Скопје Read More »

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте


Поради посетата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Мајка и дете загинаа по пад од шести кат во Карпош


Попладнево во скопската населба Карпош, жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубија животот по пад од станбена зграда. Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа …

Мајка и дете загинаа по пад од шести кат во Карпош Read More »

Почна реконструкција на салата во ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека започната била целосна реконструкција на спортската училишна сала во основното училиште „Панајот Гиновски”. Тој посочи дека со поддршка на Министерството за образование и наука, заеднички ќе го реализираат овој значаен проект за учениците од ООУ „Панајот Гиновски”. „По 70 години старата дотраена спортска сала ќе замине …

Почна реконструкција на салата во ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел Read More »

Без струја дел од корисниците на село Орман


 Дел од корисниците на село Орман од ул. 5. во општина Ѓорче Петров ќе немаат електрична енергија. Според известување од ЕВН Македонија, електрична енергија ќе немаат од 9 до 13 часот.

Без вода дел од корисниците на ул.„29 Ноември“


Дел од корисниците на ул. „29 Ноември“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Дебарца“, денеска ќе немаат вода поради уличен дефект на бр.6 од таа улица. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Седми Симпозиум за естетска медицина во Скопје


 Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) денеска го организира Седмиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество. Годинашниот симпозиум се одржува под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, испраќајќи порака дека современата естетска медицина е интегрален дел од целокупното здравје за пациентот. Како што информираат од ЗЕМ, симпозиумот претставува најголем и најрелевантен стручен настан од …

Седми Симпозиум за естетска медицина во Скопје Read More »

Промоција на поштенска марка за Ден на свесност за ретки болести – СМА


 Во Европска куќа во Скопје денеска ќе биде промовирана официјална поштенска марка за СМА – Ден за свесност за ретки болести. Настанот има цел подигање на јавната свест за ретките болести и поддршка на пациентите и нивните семејства. Во рамки на програмата ќе биде прикажано промотивно видео со пациент, како и симболично откривање на официјалната …

Промоција на поштенска марка за Ден на свесност за ретки болести – СМА Read More »

Објавен повик за набавка на 150 еколошки автобуси – првите 30 се очекуваат за шест месеци


Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.   Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:  30 автобуси во …

Објавен повик за набавка на 150 еколошки автобуси – првите 30 се очекуваат за шест месеци Read More »

Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата


Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 март,  денот кога ширум светот се слави поетскиот збор. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на  македонските поети. Во рамките …

Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата Read More »

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти …

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен Read More »

Дете од четврто одделение донело нож во училиште – мајката тврди дека по грешка го ставила во неговото ранче


Дете од четврто одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. …

Дете од четврто одделение донело нож во училиште – мајката тврди дека по грешка го ставила во неговото ранче Read More »