Без вода дел од општина Центар


Корисниците на дел од ул. „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар, ќе немаат вода поради  уличен дефект ф-80 мм на крстосницата помеѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 8:30 […]

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен […]

Без вода утре „Песталоци“ и околните улици


ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар. Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на крстосницата „Борка Талески/Апостол Гусларот“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Борка Талески“ (потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов,“ вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“). […]

Прва во населбата Подстаница: Отворена градинката „Ѕвездички“, има капацитет за 40 дечиња


Денеска во населбата Подстаница во Општина Кисела Вода свечено беше пуштен во употреба новиот објект „Ѕвездички“, кој претставува прва детска градинка во ова населено место. На настанот присуствуваа градоначалничката на општината, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, кои го означија почетокот на работата на оваа установа. Капацитетот на […]

Нуркачот Питала, кој истражи рекордна длабочина во пештерата Врело, предложен за почесен граѓанин на Скопје


Нуркачот Бартоломиеј Питала од Полска, кој ја водеше истражувачката експедиција на подводната пештера Врело во кањонот Матка, на која беше истражена рекордна длабочина од 338 метри, е предложен за почесен граѓанин на Град Скопје од страна на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Според образложението на предлогот, прогласувањето на Питала за почесен граѓанин на Скопје се должи […]

Најмногу дожд во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово на Попова Шапка


 Најмногу дожд наврнало во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово е на Попова Шапка, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР до 8:30 часот, најниска температура денеска е евидентирана на Попова Шапка. Таму е регистриран 1 Целзиусов степен. Потоа следуваат 4 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, […]

Делови од Гази Баба и Илинден без струја


 Делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија.  ЕВН информира дека во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во општина Гази Баба поради чистење и проверка на расклопна опрема и долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот. Во […]

ГТЦ без вода


Поради промена на затворач ф-80 мм на улица Филип Втори, без вода денеска од 11:00 часот ќе биде објектот на ГТЦ, информира РЦУК – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности

Облачно со повремени врнежи од дожд


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни – над 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот, се очекува врнежите да престанат. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието, повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде […]

ГТЦ и Железара утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе биде дел од населбата Железара и Градскиот трговски центар во Скопје. Оттаму информираат дека поради промена на вентил ф-1“ на улицата „Коце Металец“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со […]

Бесплатни униформи за сите ученици од прва година во Скопје – првата пратка пристигна во „Корчагин“


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска беше во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде што пристигна првата пратка бесплатни униформи. Тој нагласи дека станува збор за униформи кои се изработени од 100% памук и дека ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните […]

Напуштено градилиште на „Петар Поп Арсов“ еколошка бомба во центарот


Граѓани кои живеат во околината на булeварот „Теодосиј Гологанов“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) алармираат за напуштено градилиште на улицата „Петар Поп Арсов“ број 38, кое стои заградено со тараби речиси 20 години, пишува Вечер прес. Тие велат дека зад металната ограда веќе вирее цел нов екосистем – шума од дрвја, купишта ѓубре и огромна бара […]

„Лајка“ во октомври заловила 173 бездомни кучиња, 42 добиле нов дом


Јавното претпријатие „Лајка“ во текот на октомври заловило 173 бездомни кучиња на територијата на Скопје, од кои 144 биле третирани, 42 биле вдомени, а 90 биле вратени на локацијата од која биле заловени. Податоците ги објави претпријатието на својата официјална страница на Фејсбук, во месечниот извештај за активностите спроведени во октомври 2026 година. Од „Лајка“ […]

Без вода дел од населбата Трнодол


Поради дефект ф-80 мм на улица Кнез Хацон 2, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Трнодол. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 11:00 до завршување со санација на дефектот.

Гевгелија со најмногу дожд – измерени 29 литри на квадратен метар, врнежите продолжуваат и денеска


Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија – 29 литри на квадратен метар. Во Берово се измерени 16 литри, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка по 10 литри на квадратен метар. Во Претор и Струмица наврнале по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец […]

Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“ во населбата Маџари, општина Гази Баба. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот е поради технички активности во трафостаницата „Маџари 7“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде претежно облачно […]

Нова детска градина во Козле со капацитет за згрижување на 146 деца – ќе има и подземен паркинг


Во скопската населба Козле интензивно се гради новата детска градинка „Пролет 2“, која ќе има капацитет за згрижување на 146 деца и ќе биде изградена според современи стандарди. Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Новата градинка ќе има вкупна површина […]

Град Скопје почесто ќе организира бесплатна прошетка до Матка: Погледнете како помина првата


Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец. Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее!  Токму затоа, денес организиравме бесплатен разглед на Матка и Врело, можност нашите сограѓани да се оддалечат од секојдневието и […]

Граѓанин барал увид во анкетата за зонското во Аеродром, општината се прогласува за ненадлежна


Зонското паркирње во делови од Аеродром, како што се Реонски центар и Ново Лисиче, уште не е воведено, иако и на двата паркинга се исцртани паркинг-местата, а некаде има и табли со информации. Никнаа и знаци кои веќе се турнати… Општина Аеродром, досега неколкупати го најавуваше и го одложуваше воведувањето зонско паркирање, а неговата оправданост […]