Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти, вкупно се лекуваат 410 болни од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 37 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 42 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов троши за лампиони и диносауруси место за болнички возила


ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека за диносаурси и лампиони троши над пола милион евра, а ниту денар за борбата против корона вирусот. -Фрапантни се податоците дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против корона.Новите пластични […]

Пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Со денешните нови 1.168 заболени од корона вирус, од кои во Скопје се 513, дури пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени. Имено, најмногу има во Аеродром – 1.256, следува Гази Баба со 1.151, па Карпош со 1.070, Центар со 1.028 и Кисела Вода со 1.021. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување […]

Засадени сто дрвца во Кисела Вода во организација на Ротаракт клуб Скопје


Во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“ денеска беа засадени сто шестгодишни дрвја, во организација на Ротаракт клуб Скопје и со поддршка од Општина Кисела Вода. – Празната површина, лоцирана покрај трим-патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт клуб Скопје е збогатена со три видови дрвја – платани, јавори и јасени, соопшти Општина […]

Град Скопје организира „Историска тура со Маршалот“


„Историска тура со Маршалот“ организира Град Скопје. Стартот на турата е закажан  за утре во 12 часот и ќе се поминат објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје. -Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата, а турата ќе ја води Војче Китаноски, се вели во објавата на Фејсбук.  

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето


Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.   По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от […]

По земјотресот од 1963 година сериозно се дигнати стандардите за безбедност, вели Шилегов


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска нагласи дека Скопје од апсект на земјотреси е безбеден град. – Она што е добро наслество, што го имаме наследено, е дека заради катастрофалниот земјотрес во 1963 година сериозно се дигнати стандардите на безбедност. Она што го знам е дека сите проекти и сите згради кои се градат […]

Шилегов дал наредба ЕВН да ја прекопа „Васил Ѓоргов“ поради опасност да пропадне


Пред завршување на реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје таа беше прекопана за поставување кабел на ЕВН, но градоначалникот на Скопје Петре Шилегов појаснува дека тоа било направено навреме. – ЕВН изврши прекоп на улицата. Не бев задоволен од тоа како го направија. Постоеше опасност за неколку месеци да се појави дупка на тоа […]

Со термални дронови се ловат загадувачите кои ја користат маглата за прикривање


Секојдневно мерните станици во Скопје покажуваат енормно загаден воздух, а градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека работат на решавање на проблемот од корен. – Правиме сериозен мониторинг, одредени индустриски капацитети да не ја злоупотребуваат маглата и во тој период да испуштаат отровни гасови. Секоја вечер со дронови правиме термален мониторинг – рече Шилегов на […]

За 24 часа хоспитализрани 38 пациенти со симптоми на Ковид-19 во Скопје, од сабота ќе се полнат уште две клиники


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје биле примени 38 пациенти со симтоми на вирусот Ковид-19. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти биле хоспитализирани во овие центри во Скопје. -Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има, истакнуваат од  Министерството за здравство. Во последните 24 часа на […]

Две скопски општини имаат по повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Во Скопје има најмногу заболени од корона вирус 7.410, а денеска дури во две скопски општини има повеќе од 1.000 болни од Ковид-19. Така, Аеродорм има најмногу 1.161, а Гази Баба има 1.007. Следуваат Карпош со 987, Ценатр со 956 и Кисела Вода до 922. Н, мора да се напомене дека има и 150 нераспределени […]

Поголем дел од Скопје утре без струја


Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Катлановска Бања, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. – во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од улиците Коперникова и Иван Тургењев ( општина Кисела Вода ) дел од корисниците од село Катланово, корисниците од Кочкова Населба, Месна Река […]

ЈСП Скопје ќе добие 135 милиони денари за справување со ковид кризата


Град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје. Одлуката е донесена на синоќешната седница на Владата. На седницата е донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот за […]

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило


Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија. Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври – згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа […]

За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари


Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои се уште не им ги испорачале. […]

Експресно исчистен кругот на болницата „8 Септември“


Откако пред два часа објавивме дека во кругот на болницата „8 Септември“ има расфрални болнички кревети, крпи, ракавици, марамчиња, делови од мијалници и друго, тревникот беше експресно исчистен. Таму каде што пациентите чекаа преглед, повеќе нема ни лисје на тревата. Контејнери и канти за отпадоци се наредени покрај ѕидот на болницата, а целата околина изгледа […]

Ужасна слика од кругот на „8 Септември“ во состојба на епидемија


Расфрлани кревети, носилки, „чизма“ од мијалник, медицински ракавици, зелена медицинска крпа, марамче, но и нешто запалено во кругот на болницата „8 Септември“ во Скопје е моменталната слика за болничката институција каде се лекуваат болни од Ковид-19. Во неа, според последниот извештај на Министерството за здравство се лекуваат 79 пациенти, од кои пет се на респиратор. […]

Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје


Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“. – Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 […]

Жителите на Чаир и на Бутел предадоа 427 стари нееколошки печки


Жителите на општините Чаир и Бутел што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери, викендов ги предаваа своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Зеф Љуш Марку“. Во акцијата беа предадени 427 печки. Изминатите викенди, вакви акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена […]