Од сабота прскање против комарци во Скопје


 На 22 мај, сабота, ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24 мај терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22 и на 23 мај 2021, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 24 до 28 мај 2021 година, во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, посочуваат од Градот, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

– Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението.