Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 24 пациенти, вкупно се лекуваaт 248


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 […]

Студентите да го продолжат билетот за превоз со ЈСП


Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз има продолжен рок за продолжување на важноста на билетот, односно ќе трае до 31.03.2021 година. До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од било која причина, […]

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО


 Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките. Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ Зоолошката градина Скопје ја започнува кампањата за заштита и […]

Без вода денеска дел од булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром


Без вода денеска дел од булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром, информират од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф – 100 мм на булевар „Јане Сандански“ 106, ќе трае до санација на дефектот и во тој период без вода ќе бидат корисниците на дел […]

Компаниите се подготвени да примаат средношколци на пракса


Кконсултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата одржаа денеска градоначалникот Петре Шилегов, министерката за образование и наука, Мила Царовска и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер. На средбата што се одржа во Музејот на современа уметност се разговараше за потребата од реформи за унапредување на средното стручно образование. – […]

Саша Богдановиќ позитивен на Ковид-19


Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево објави дека е позитивен на Ковид-19. „И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни […]

 Регистарот за имињата на улиците денеска на одобрување во Владата


Среќен сум што традиционални улици во нашиот град, коишто се поврзани со битието и функционирањето на урбано Скопје ќе ги вратиме, затоа што тие се уште разговорно помеѓу скопјани се викаат на тој начин, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Советот на Скопје вчера на седница ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците […]

Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај


Без електрична енергија утре, 25 февруари, од 9 до 11 ќе останат корисниците од ул. „Хаванска“ бр.3 и ул. „Варшавска“ бр.9. во општина Карпош, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија“. Од 9 до 13 часот утре струја ќе немаат дел од корисниците од ул. „5“ во село Усје, како и објектот за деца со […]

„НаТочак“ бара укинување на усвоениот регулациски план за Влае 2


Граѓанската иницијатива „НаТочак“ бара итно укинување на регулацискиот план за Влае 2 и негово враќање на доработка (т.н. Градска четврт СЗ 19) затоа што смета дека ќе се оневозможи формирање  функционална велосипедска мрежа во овој дел на градот. -Во моментот, во овој дел постои државно земјиште и потенцијал за изградба на попречна велосипедска врска низ […]

Советот на Град Скопје ја усвои листата на имиња на улиците


Советот на Скопје вчера ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, објави доцна синоќа на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов. – Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“… се враќаат во нашето Скопје, напиша Шилегов. Како што и […]

Ќе се утврдува колку граѓани во скопското подрачје прележале Ковид-19


Започна научно – истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медициинскиот факултет во Скопје, кој има цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот КОВИД – 19, информираат од Општина Карпош. Во соопштението стои дека денеска, во Карпош биле земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок […]

На седница на Советот на град Скопје во вторник предлогот за дополнување на листата на имиња на улици


Советот на Град Скопје на претстојната седница најавена за вторник следната недела ќе гласа по 22 точки меѓу кои е и предлог – листата за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови, и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје. -Станува збор за листа од 570 нови и стари имиња на […]

Во болниците се лекуваат вкупно 626 ковид пациенти, има 430 празни кревети


 Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 626 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.   Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови […]

Казни за 199 возачи во Скопје


Во засилени  акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.   Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 […]

Градот Скопје исфрли едно од предложените имиња на улици, реагирала една од заедниците


На денешниот состанок на Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје била донесена одлука од присутните членови да се исфрли името на Али паша Јанински од предлог-листата за имиња на улиците во Скопје, инормираат од градската администрација.  Од таму велат дека одлуката на оваа комисија доаѓа […]

Општина Аеродром се повлече, нема да наградува новинари


Општина Аеродром го повлекува неодамнешниот конкурс за новинари за промоција на европските вредности. Конкурсот се однесуваше на новинарски статии од областа на заштитата на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот и руралниот развој. Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, […]

Кејот „13 Ноември“ се реновира – кафулињата унифицирани


Градот Скопје денеска почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата „Стив Наумов“. Со овој проект, партерно ќе се уреди површина од околу 12.500 квадратни метри која концептуално ќе се поврзе со околните објекти. На почетокот на активностите за уредување на овој дел од кејот денеска присуствуваа градоначалникот […]

Шилегов: „Ленинова“ не е во чест на Владимир Илич, туку е на скопјани


Ниту една улица во Град Скопје во моментот не е преименувана. Ова е процес во кој сите сме вклучени и согласно таквите реакции ќе одат именувањата, изјави денеска градначалникот Петре Шилегов по реакциите во јавноста за новите предлози за преименувања на дел од улиците во главниот град. Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов посочи дека процесот […]

Посебен сообраќен режим на неколку улици низ Скопје


МВР најавува посебен режим на сообраќајот на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул. „16-та Македонска бригада“ и ул. „Интернационални бригади“. Како што најавуваат од Министерството, ова следи по најавениот протест во временскиот период од 14 до 17 часот во текот на денешниот ден, како и во понеделник и вторник следната недела. Протестот е организиран од страна […]