Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар


Поради санирање на дефект на ул.„Самоилова“ бб во населба Центар, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“, „Банатска“ и „Јоаким Крчовски“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, ќе биде прекинато од 1 часот до завршување со активностите. 

Градоначалникот на Кисела Вода на средба со претставник од Групацијата ТАВ


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на средбата со тимот од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН разговарал за степенот на реализација на проектот финансиран од Групацијата ТАВ, за кој на оваа Општина и беа одобрени средства во висина од 13.784.000 денари. Ѓорѓиевски, како што соопшти општинската прес-служба, и се заблагодарил на оваа турска групација, преку чија инвестиција жителите […]

Изложба на Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек 


Пред салата за седници на општина Центар денеска ќе се одржи изложба на Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски. По изложбата, на истата локација ќе се одржи и јавната дебата АКТО Агора, со почеток во 13 часот на која […]

Час за локална самоуправа со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски


Четвртоодделенците од ПОУ „Кузман Јосифовски на часот по општество, денеска ги посети градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој на учениците им објасни како практично функционира една локална самоуправа и кои се нејзините надлежности. Основците беа заинтересирани и добија одговори за тоа како се бира градоначалник, кои се органите на Општината, како функционира Советот […]

Јакимовски ги искара директорите што примаат деца надвор од Карпош во градинките


Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, имал работен состанок со директорите на градинките на подрачјето на општината на кој се разговарало за главниот проблем – големиот број на деца од општината кои чекаат на упис во градинките. -Констатирано е дека главни причини за проблемот се ограничените просторни можности и непочитувањето на одлуката на Советот да не […]

Конституиран новиот Совет на општина Илинден, Верче Мицевска нов претседател


На свечена седница што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ денеска беа верификувани мандатите на 15-те нови советници, со што беше конституиран новиот Совет на општина Илинден. Седницата ја отвори досегашниот претседател на Советот, а сега градоначалник на општина Илинден, Александар Георгиевски, а потоа до изборот на новиот претседател со седницата […]

Повеќе населби и делови на Скопје без струја- дефект на голема трафостаница


Големи делови на скопските населби Карпош, Влае, Тафталиџе, Ѓорче Петров и Центар останаа без струја, потврдија за Телма од ЕВН. Според нивните податоци 110-киловолтната трафостаница Запад е во дефект, а екипи на ЕВН се упатени на терен за отстранување на дефектот. Во меѓувреме, потрошувачите се префрлаат на други алтернативни извори за напојување, информираа од ЕВН.

Се конститура Советот на Ѓорче Петров, па засадија дрвца


Новиот состав на Советот на општина Ѓорче Петров денеска ја одржа првата, конститутивна седница на која за претседател беше изгласана Ленче Нелоска, првата жена во историјата на општинскиот совет која ќе го води ова тело. Освен верификација на мандатите на членовите на Советот на дневен ред на денешната седница беше и изборот на Комисија за […]

Ѓорѓиевски потпиша 100 решенија за легализација во Кисела Вода


Новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера потпиша и достави 100 решенија за легализација на објекти и порача дека граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. „Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. […]

Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода


Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски потпиша 100 решенија за легализација на дивоградби. Вкупно 100 семејства од оваа општина синоќа ги добија решенијата лично од Ѓорѓиевски и од тимот составен од дел од администрацијата и дел од советниците. – Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега секој […]

Се чисти речното корито на Серава


Во Општина Бутел денеска почна реализацијата на проектот за чистење на речното корито и уредување на кејот на реката Серава. Предвидено е проектот да се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е по должина на целата општина. Токму затоа, чистењето на речното корито ќе трае до пролет, кога се планира да почне уредувањето […]

Дел од Автокоманда без вода


Без вода денеска од 9.10 часот се корисниците од улиците „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“ (висока зона) во Автокоманда. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради внатрешен дефект во Гимназијата „Панче Арсовски“ на ул.„16-та Македонска Бригада“ бр.34 во населбата Автокоманда. По барање на странките од страна на ЈП „Водовод и […]

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода


Во тек е обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности, информираат […]

Герасимовски на кафе со противкандидатите


  Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите противкандидати во трката за „татко“ на општината Центар со кои разговараше за развојот и првите приоритетни проекти. -Мило ми е што моите противкандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. […]

За една недела ќе бидат средени 12 депонии во Бутел


Новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека од денеска почнуваат со отстранување на депонии во општината Бутел. -Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела, порача тој.  

Дел од Шуто Оризари без вода поради дефект


Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Виничка“, крстосница со ул. „Индира Ганди„ во населбата  Шуто Оризари, денеска прекинато водоснабдување од 9.25 часот имаат корисниците на дел од овие две улици. -Прекинот ќе трае до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.

Седмооделенката Лара Станчева наградена на Меѓународен литературен натпревар во Јапонија


Седмоодделенката Лара Станчева од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, го освои третото место на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 кој традиционално се одржува во јапонскиот главен град Токио. Како што информираат од училиштето „Лазо Трповски“, наградата е освоена во силна конкуренција на 28 217 учесници од 161 земја. Со прозни лични творби напишани во […]

„И јас сум тука“ – изложба на фотопортрети на лица со посебни потреби


Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ ја најавува изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“, која ќе биде отворена денеска во 19 часот во холот на Кинотеката. Во изложбата се вклучени фотографии на 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од државата на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив. Целта на изложбата […]

Раде Шербеџија ја доби наградата „13 Ноември“ на Град Скопје


Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје денеска спроведе тајно гласање, а потоа претседателката на Комисијата именувана од Одборот, Вангелина Мојаноска ги соопшти добитниците за 2021 година. Од областа на науката, добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач. Од областа на образованието и воспитанието добитник […]

Интензивно се чисти низ Аеродром


Денеска, на социјалните мрежи Општина Аеродром се пофали дека интензивно се чисти на неколку локации низ општината. – Се интензивира работата на сезонските работници. Утрово засилено се работи на три локации во општината, поточно во Мичурин, Стар Аеродром и во Реонски центар. Се чистат патеките покрај булеварот „Видео Смилевски–Бато“, се собираат лисјата покрај улицата „Симеон […]