Во Скопје за 24 часа хоспитализирани се нови 42 ковид пациенти, дома се пуштени 24 оздравени


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 986 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во Скопје се лекуваат 702 ковид пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.688 и има …

Во Скопје за 24 часа хоспитализирани се нови 42 ковид пациенти, дома се пуштени 24 оздравени Read More »

Во вторник повик за субвенции за чистење на оџаци, може да се аплицира онлајн


Градот Скопје во вторник нареднава неддела ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн. Од Градот информираат дека со овој повик ќе се надоместат и дел од трошоците на домаќинства …

Во вторник повик за субвенции за чистење на оџаци, може да се аплицира онлајн Read More »

Жителите на Ново Маало со петиција против жителите од Градски ѕид


Жителите на Ново Маало ги нарекоа себични жителите на Градски ѕид кои најавија тужба до Стразбур за проектот со кулите кај „Холидеј ин“и најавија дека ќе им одговорат со – петиција.  -Ние жителите на Ново Маало пред се целосно сме разочарани од нашите сограѓани, нашите комшии кои живеат во Градски Sид, кои поднеле иницијатива за …

Жителите на Ново Маало со петиција против жителите од Градски ѕид Read More »

Од одлуката на Советот на Општина Центар зависи дали ќе се реализира проектот спроти „Холидеј ин“


Одлуката што ќе ја донесе Советот на Општина Центар за суспензија на Деталниот урбанистички план, на седница, која се уште не е закажана, ќе пресуди дали на локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“ ќе почне изградбата на висококатницата. Бидејќи Уставниот суд минатиот месец го укина мораториумот за тој ДУП, единствен начин да се спречи изградбата, е …

Од одлуката на Советот на Општина Центар зависи дали ќе се реализира проектот спроти „Холидеј ин“ Read More »

И граѓани се закануваат дека ќе тужат во Стразбур ако се одобри проектот кај „Холидеј ин“


Околу илјада граѓани, сопственици на станови и деловен простор во зградите Градски ѕид спроти парцелата кај „Холидеј ин“, најавуваат тужба против државата пред Европскиот суд за човекови права доколку градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ даде градежна дозвола за 20-катниците, пишува СДК.МК. Тоа значи дека во секој случај Општина Центар или државата ќе бидат тужени …

И граѓани се закануваат дека ќе тужат во Стразбур ако се одобри проектот кај „Холидеј ин“ Read More »

Богдановиќ предупредува: Ако падне незаконскиот ДУП казна ќе плати Центар


На седницата на Советот на Општина Центар, одржана денес, градоначалникот Саша Богдановиќ ги информираше советниците за постапувањето по недоследностите на новиот Закон за урбанистичко планирање и делот за суспензија на плановите. На 28 декември 2020, Општина Центар се обрати до Министерството за транспорт и врски со барање одговори за воочени недостатоци во членот 23 од …

Богдановиќ предупредува: Ако падне незаконскиот ДУП казна ќе плати Центар Read More »

Ново Лисиче добива лавиринт од садници


Паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче ќе добие лавиринт од 1.200 нови садници. Садниците ќе бидат засадени на тој начин што жителите ќе можат да се движат по патеки меѓу нив и со тоа да ги спојат уживањето и рекреацијата во убаво уредениот парк.  „Ваквиот тип лавиринти се особено интересни за дечињата и многу ме радува …

Ново Лисиче добива лавиринт од садници Read More »

Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината


Според новиот Закон за урбанистичко планирање штетите што би настанале од суспендирањето на планот и отстранувањето на недостатоците на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општина Центар, информираше денеска на седницата на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ. – Ако се тргне во постапка за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект може да се …

Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината Read More »

Архитекти дадоа поддршка за проектот „Гранд“ Скопје


По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд“ Скопје предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и  Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев. Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната …

Архитекти дадоа поддршка за проектот „Гранд“ Скопје Read More »

Жителите на Ново Маало сметаат дека заслужуваат да живеат во урбана средина


Жителите на населбата Ново Маало, која се наоѓа во Општина Центар денеска повторно излегоа да го поддржат проектот што е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин“, во инвестиција на „МГ Фешн“. Жителите не ја поддржуваат петицијата против изградба на висококатниците спроти „Холидеј ин“, што граѓаните ја започнаа и велат дека кога проектот …

Жителите на Ново Маало сметаат дека заслужуваат да живеат во урбана средина Read More »

Бочварски: Општината Центар денеска треба да донесе одлука дали ќе бара суспензија на ДУП-от


Деталните урбанистички планови ги креираат општините, тие се на некој начин во сопственост на општините, а Министерството за транспорт и врски е само контрола, така што одлуката е на Општина Центар, која треба да ја донесе денеска на седница на Советот и да ја достави до Министерството, дали ќе бара суспензија. Ова го изјави министерот …

Бочварски: Општината Центар денеска треба да донесе одлука дали ќе бара суспензија на ДУП-от Read More »

Без вода улица „Џон Кенеди“


Прекин на водоснабдувањето денеска од 11:20 часот ќе имаат корисниците од улица „Џон Кенеди“, во населба Чаир. ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на огрлица ф-100 мм на улица „Џон Кенеди“ 18, пред Пензионерскиот Дом во Чаир. 

МГ „Фешн“ нуди да изгради плоштад и фонтана на паркингот спроти „Холидеј ин“


За да се најде заедничко решение за просторот спроти хотелот „Холидеј ин“ во Скопје инвеститорот МГ „Фешн“ нуди да инвестира во изградба на плоштад од 7.322 квадратни метри кој се наоѓа во градежната парцела 1.4. Според важешкиот ДУП на оваа градежна парцела ссе предвидува фонтана со спомен обележје. Инвеститорот нуди решение за парцелата е уредување …

МГ „Фешн“ нуди да изгради плоштад и фонтана на паркингот спроти „Холидеј ин“ Read More »

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН


На денешната прес конференција, компанијата инвеститор на проектот „Гранд“ Скопје, „МГ Фешн“, понуди соработка на Општина Центар за инвестирање во изградба на нов, урбан јавен простор од 7.322 метри квадратни, во градежната парцела 1.4 од проектот. Одговорните архитекти на проектот нагласија дека важечкиот ДУП на оваа градежна парцела не предвидува градба на објекти, туку само …

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН Read More »

Објектот „Гранд“ ќе има две станбени и една деловна зграда, без градинка


Инвеститорот „МГ Фешн“ на постојниот паркинг спроти хотелот „Холидеј ин“ планира да изгради три висококатници од по 16, 20 и 22 ката, од кои две мешани со станбен и деловен простор и една целосно деловна зграда. Училиште и градинка не се предвидени со проектот, но ако некој сака да отвори приватна градинка, ќе ја има …

Објектот „Гранд“ ќе има две станбени и една деловна зграда, без градинка Read More »

Богдановиќ ќе искористи сè што му е на располагање, пред да даде дозвола за градба кај „Холидеј ин“


Општина Центар до Министерството за транспорт и врски уште во декември 2020 година доставила барање за суспензија на спорните Детални урбанистички планови, тврди градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во интервју за МИА, кој смета дека од Министерството за транспорт и врски, како и од други институции треба да им се дообјаснат одредени методологии како …

Богдановиќ ќе искористи сè што му е на располагање, пред да даде дозвола за градба кај „Холидеј ин“ Read More »

Нови 600 садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“


Во пресрет на пролетта, продолжува раззеленувањето на Општина Аеродром, која со право го носи епитетот најзелена општина. Денеска се засадени 600 различни видови садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“, со што дополнително се разубави овој простор. Станува збор за високоразгранети грмушки во вид на жива ограда, кои имаат способност да го апсорбираат загадувањето. …

Нови 600 садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“ Read More »

МЖСПП: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Имено, …

МЖСПП: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис Read More »

Жителите на Ново Маало во одбрана на проектот спроти Холидеј ин, инвеститорот за утре најави јавна презентација


Жителите на населбата Ново Маало во Центар сметаат дека со проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј ин ќе се реши проблемот на многу семејства кои, како што велат, сé уште живеат во супстандардни услови, како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи. -Сите оние кои …

Жителите на Ново Маало во одбрана на проектот спроти Холидеј ин, инвеститорот за утре најави јавна презентација Read More »

Богдановиќ ја викна на помош Антикорупциската комисија


Градноначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска и останатите членови, најавија продолжување на започнатите активности со кои треба да се расчистат одредени предмети за кои општината веќе покрена конкретни постапки пред институциите. Општина Центар до ДКСК достави извештај за повеќе предмети, кои доколку …

Богдановиќ ја викна на помош Антикорупциската комисија Read More »