Зоолошката градина во Скопје побогата за шест пингвини од Русија


Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, од кои три мажјаци и три женки.

Пингвините пристигнаа вчера, и, како што беше соопштено од Зоолошката градина, тие се прилагодуваат на новите услови.

По пристигнувањето во Скопје, ставени се во краток карантин.

„Пингвините се добро и супер се адаптираат. По пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“, велат од скопската Зоолошка градина.

Најавено е дека дополнително ќе бидат објавени повеќе информации за возраста, имињата и карактеристиките на животните.