Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска без вода ќе бидат жителите на Маџир Маало и корисниците од улицата „11 Октомври“ во Општина Центар, а со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3. Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на кеј „13 Ноември“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир […]

Целосна реконструкција на стадионот „ССК“ во Драчево


Почнува целосна обнова на стадионот „ССК“ во Драчево. По иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројните заложби за овозможување современи услови за спортистите кои тука тренираат и се натпреваруваат, почнува инвестиција овозможена од ФФМ, која во првата фаза ќе чини 8,5 милиони денари. Како што информира Општина Кисела Вода, спортскиот терен […]

Гази Баба дава субвенции за сончеви колектори


Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен e и јавен повик.   За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.   „За прв […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзалната сала


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. […]

Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за […]

Без вода корисниците од ул. „Радишанска лево’ и дел од „Бел камен“ поради дефект на приклучна цевка


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека денеска без вода ќе бидат корисниците од ул. „Радишанска Лево“ и дел од „Бел Камен“ поради водоводен дефект на приклучна цевка на ул. „Радишанска Лево“ бр. 26г. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Без струја делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска ќе бидат делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе бидат корисници од овие општини, појаснуваат оттаму. Според најавеното, во период од 07.30 до 15 часот, без струја […]

Затворена за сообраќај улицата „Александар Урдаревски“ кај гробишатата Бутел


Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 08.02.2024г./четврток/ ќе врши градежни активности за асфалтирање на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ во насока од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на […]

Карпошани ќе може да купуваат велосипеди и електрични тротинети со субвенција од општината


Општина Карпош и годинава објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети. За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“. – […]

Општина Карпош ќе доделува субвенции за полагање на возачка дозвола


Започнувајќи од денес, општина Карпош објави повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија. – “За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7.000.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата […]

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ


Седум возила за брза помош доби денеска Службата за итна помош во Скопје, како донација од ЕУ. Станува збор за најнова испорака на помош од ЕУ наменета за помош на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која […]

Поради дефект без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Волгоградска“ 10, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Соле Стојчев“, „Невеска“, „Трифун Бузев“, дел од „Волгоградска“ и дел од „Разловечко Востание“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на дефектот. 

Петличковски: Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје (Видео)


  Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни […]

Општина Гази Баба субвенционира купување велосипеди


Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општинатаза купување нов велосипед.   Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со […]

Поради дефект без вода делови од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Лондонска“


Поради уличен дефект ф-350 мм на булевар „Партизански Одреди“ бб (спроти ТЦ Сити Мол), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите во непосредна близина, односно дел од булеварот и дел од улицата „Лондонска“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Делови од Сарај и Гази Баба без вода


Поради почеток на реконструкција на ПС Сарај, прва фаза, денеска од 9:30 до 18 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија. Како што соопшти РЦУК – Скопје, во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните погони на […]

Дел од Карпош без струја


Без струја денеска од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Струшка“ од бр. 1 до бр.15 во општина Карпош.  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

Почнува реконструкцијата на „Љубљанска“


Изградба на булеварот „Љубљанска“ почнува денеска. Согласно проектот, се работи за ново булеварско решение на улица „Љубљанска“, со поврзување на новиот мост над реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”. – Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само […]

На местото на поранешното училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром се гради спортски центар


Започнува изградбата на новиот спортски центар во населба Хиподром со што се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните, информира градоначалникот Бобан Стефковски. – На терен се започнати подготвителните градежни активности и наскоро ќе означиме и почетокот на градбата на спортскиот центар. На местото на поранешното училиште „Вера Јоциќ“ ќе изградиме цел комплекс на кој […]