Градот Скопје од Уставниот суд ќе побара стопирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, подготвуваат и кривични


Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот […]

Новиот ДУП во Ѓорче, може при природна непогода, да го отсече половина Скопје


Откако советниците на Општина Ѓорче Петров, на вонредна седница донесоа ДУП за централното подрачје на општината, каде се предвидени повеќе висококатници, што би донеле нови 10.000 жители, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека најмал проблем се зградите. Нејзе ја загрижува небезбедноста на планот.  – Најмалиот проблем на тој ДУП се зградите. Прво треба да […]

Без вода дел од општина Ѓорче Петров


Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на цевка со профил од 200 милиметри на улицата „Исаија Мажовски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира […]

Улици од три скопски општини денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Долно Лисиче (општина Аеродром) – во перидот од […]

Без вода корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато поради дефект


Поради уличен дефект од Ф-100 мм на Булевар Видое Смилевски Бато 75/2 во населба Лисиче, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато. Водоснабдувањето е прекинато од 11:30 часот, а граѓаните ќе немаат вода до санирање на дефектот.

Дел од центарот на Скопје денеска без вода


 Поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8 денеска од 8:30 часот  без вода ќе останат жителите на дел од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување […]

ЦУК: Шумски пожар над село Палиград на планината Китка


Преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 доцна попладнето е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ над село Палиград на планинатата Китка,  информира Регионалниот Центар за управување со кризи Скопје.  Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“ и оти […]

Почеток на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ – ќе има 26 нови училници


Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината. Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, […]

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари. -Опожарен […]

Пожар кај „Вип хотел“ во близина на Ист гејт


Утрово пожар избувнал кај Хотел „Вип“ во близина на Ист гејт. За среќа нема повредени лица, причинета е само материјална штета. На терен се противпожарни екипи. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата


Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.  – Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за […]

Без струја делови од општина Карпош и селата Буковиќ и Кучевиште


Без струја денеска од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од куќите околу пералната Smartwash на крстосницата на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и бараките до Факултетот за драмски уметности во општина Карпош. Како што информира РЦУК-Скопје, по известување дибиено од  ЕВН Македонија АД, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат […]

ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се


Откако возачите на ЈСП најавиjа штрајк за утре, односно главниот град повторно да остане без градски превоз, од претпријатието велат дека за разлика од други претпријатија, платите кај нив не доцнат. – Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат […]

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата


Утре повторно нема да има јавен градски превоз во Скопје. Ова следува откако вработените во ЈСП не ја добиле платата за јануари. -Еве денеска е 15 февруари. Последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и директорот на ЈСП Скопје. […]

Арсовска повторно не се појави на денешната седница за советнички прашања


Градоначалничката Данела Аросвска, денеска повторно ја нема на седницата за советнички прашања. Советниците прашуваат до кога ќе закажуваат седници без да има кому да ги постават прашањата. На градоначалничката ѝ забележуваат советниците од сите политички партии. – И ова не е само денеска, а како што видовте и денеска, овој совет изгласа дневен ред со […]

За Универзална сала се обезбедени средства за три години, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека во тек е реконструкцијата на Универзалната сала и се бројат денови кога таа ќе биде отворена. Како што рече, за оваа година се обезбедени вкупно 120 милиони денари, а предвидени се средства и за следните две години. -Она што никогаш во 12 години не се направи, оваа […]

Без вода амбулантата „Пролет“, дел од бул. „Кочо Рацин“ и „Женевска“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, од потегот на булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат, на улицата „Женевска“, амбулантата „Пролет“ и куќите зад неа. На улицата „11 Октомври“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, поради менување на вентил ф-300 мм. […]

Без струја дел од Кучевиште, Илинден и Кучково


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општина Илинден, Кучевиште во Чучер Сандево и село Кучково во општина Ѓорче Петров. Во период од 08:00ч до 15:00 часот, без напојување ќе останат потрошувачите на улицата лево од „Електро Микица“ и потрошувачите на главната улицата кон Илинден. Во период од 09:00ч до 15:00 часот, […]

Без вода улиците „Банатска“ и Самоилова“


Без вода денеска од 11:00 часот се дел од корисниците од улиците „Банатска“ и Самоилова“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф- 1“на ул.„Банатска“ 7 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.