Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 50 метри во Демир Капија, информира АМСМ, во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, […]

Моќни пораки од Конференцијата за женско лидерство на М6: Жените, мажите и младите треба заеднички да го трасираат патот до родова еднаквост


Да се скрши „стаклениот покрив“ што е синоним за родовата бариера во однос на женското лидерство и да се зголемат можностите жените да дојдат на позиции каде се носат одлуки, беше целта на одржаната Конференција на М6 Едукативниот центар. Конференцијата која е дел од програмата „Чекор Напред“ на М6 Едукативниот центар насловена како „Женско лидерство […]

МОН објави резултати од конкурс за стипендии за средношколци запишани во дуалните паралелки


 Министерството за образование и наука ги објави  резултатите од Конкурсот за стипендии за ученици кои се запишани во дуални паралелки во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година. Конкурсот на МОН е за доделување 1500 стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки  (паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен […]

Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола и стопанственик, почина на 78 години


  Во 78 година од животот почина Силјан Мицевски, македонски и битолски стопанственик, од областа на градежништвото, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Србија со седиште во Битола како и спортски работник. Мицевски долги години беше на чело на градежната фирма ГП „Пелистер“ во Битола, а воедно беше поддржувач на спортот во Битола. […]

Најстудено во Берово, Битола и Попова Шапка


Во Берово, Битола и Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 Скопје-Петровец, Струмица и Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево и Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид и Дојран и 1 степен во Претор и Дебар. Снежна покривка од […]

Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер во касарната во Петровец


Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана. Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ. Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година […]

Премиера на детската претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во Кино Милениум


Преставата „Приказна за фамилијата Мраз” ќе биде премиерно изведена денеска и утре со кино „Милениум“. Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен „Театар за деца и младинци“, ќе се обидат на комичен, едукативен и забавен начин ја пренесат […]

Магла претпладне, преку ден сочево со мала до умерена облачност со температури од -3 до 14 степени


Претпладнево по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 […]

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад


Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје. Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета […]

Посланието на Патријархот Вартоломеј и овој Божик на македонски јазик


Вселенската патријаршија и годинава за Божик го објави Посланието на Патријархот Вартоломеј на македонски јазик. – Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на […]

Скопје под сообраќајна блокада – нервозните граѓани едвај стигнаа дома


Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците. И по два часа се патуваше во автобус од јавниот градски сообраќај и тоа оној што имал среќа да се качи. Оние кои стоеја на постојките не успеваа да го дочекаат бројот на автобус […]

Влада донесе одлука за прераспределба на 30 милиони денари за реконструкција на салата „Работнички“


– Владата, на денешната седницa донесе Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година во износ од 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје. Како што информираат од Влада прераспределбата на средствата е конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон […]

Слаткар, Дарио и фолк пејачи за дочек на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад


Комората на музичка индустрија во соработка со град Скопје, со спонзорство на „Дајмонд Мол“, го подготвиле списокот на музичари кои ќе настапат на дочекот на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“. Изборот годинава е на македонски музичари, па така предвидено е на 31 декември да настапат „Тринити Стрингс“, Слаткар, Дарио и „Мерак меана“ со Сузана Гавазова, […]

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (23.12.2023) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

Во Гостивар промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица


Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар по мотото „Услуга дома за достоинствен живот“ ја промовираше услугата помош и нега во домот. Од Здружението информираат дека со оваа услуга се обезбедува помош и нега на лица со привремено или трајно намален функционален капацитет. На ваков начин ќе им се овозможи да продолжат да живеат во […]

Жителите од прилепско Беровци против најавената експропријација на земјиштето за автопатот Прилеп-Битола


Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им […]

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со согласност од МЗ


Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство. Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по […]

Забрана за камиони на Стража – обилно врне снег


Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. АМСМ информира дека забарната почна во 15:00 часот.

Новогодишна бајка со богата музичка програма и достоинствена елка кај „Авионче“


Голем предновогодишен базар најави општина Аеродром, што ќе се одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авионче“. Програмата на фестивалот ќе почнува во 18 и ќе трае до 23 часот, а посетителите на настанот ќе може да уживаат во домашна музика, вкусна храна, вино и новогодишна магија. Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински, пред […]

ОЈО ги доби обдукциските наоди за Вања и Панче


 Основното јавно обвинителство информира дека во обвинителството пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Станува збор за наодите што се дел од истрагата која Основното јавно обвинителство Скопје ја води против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Ѓорчевска […]