Меџити сменил четири директори на клиники


Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спреведни се конкурси во три јавно-здравствени установи за избор на четири директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.

На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров. Практично  само на д-р Милена Стевановиќ, која ја извршуваше директорската функција на Инфективнта клиника, не ѝ е продолжен мандатот.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.