Нема повредени во пожарот на бараките во Драчево


Фото: Б. Грданоски

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17.25 часот е започнат пожар на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско.

Во моментот има информација дека пожарот е проширен и бие зафатени три бараки (куќи).

Интервенираат 15 пожарникари со шест противпожарни возила од Противпожарната слуба на Град Скопје. Екипите на БППЗ на Град Скопје во 20.15 часот сè уште се на терен.

Командирот на пожарникарите со целосна информација

 Две бараки на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево вечерва биле зафатени со пожар, кој по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е локализиран.

– Нема повредени во пожарат,  а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје. 

Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.