Транспаренси Интернешнл ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата за 2023


Транспаренси Интернешнл – Македонија денeска ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година.

Претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски ќе информира како е позиционирана земјава во годинашниот извештај и за методологијата врз основа на која е формиран резултатот за 2023.

Република Северна Македонија минатата година со 40 индексни поени беше рангирана на 85 место од вкупно 180 земји.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) ги бодува и рангира земјите/териториите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени. ИПК претставува композитен индекс, комбинација на анализи и проценки на корупција, собрани од повеќе реномирани институции. 

Прес-конференцијата на која ќе биде презнетиран извештајот за 2023 година ќе се одржи во канцелариите на Транспаренси Интернешнл- Македонија, а ќе може да се проследи и онлајн преку платформата ZOOM на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYocOmoqjkrEtEfgNTbl3z2mBxVQp3f0xvG .