ЗНМ: Пријава против Миленко Неделковски за говор на омраза кон новинарите на Метаморфозис


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. […]

Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари, 19-годишно лице од Кичево со заразни заушки


 Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени […]

Одделението за организиран криминал се засилува со уште двајца обвинители


  Јавните обвинители Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство Скопје, со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се упатуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот […]

Директорката на Домот во Битола признава дека патувала со пензионер во странство, ама сѐ било законски


  БИТОЛА – Директорката на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, Елена Спасеновска, признава дека патувала службено со пензионерот, поранешен вработен секретар во Домот, Менде Петровски, но тврди дека сѐ било законски. „Независен“ пишуваше деновиве за службените патувања на директорката Спасеновска со пензионерот Петровски во Албанија и Србија со службениот „голф“. Во дел од патувањата […]

Јакимовски бара и Советот на Карпош да го оспори ДУП-от во Ѓорче Петров пред Уставниот суд


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо […]

Градот Скопје од Уставниот суд ќе побара стопирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, подготвуваат и кривични


Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот […]

Џафери: Студентскиот дом за Универзитетот во Тетово немаше да биде комплетен без заложбите на Владата


Техничкиот премиер Талат Џафери заедно со министерот за обрaзование и наука Јетон Шаќири денес го посетија Универзитетот Тетово и тамошниот нов Студентски дом, што почна да функционира од ноември 2023 година и сместува 300 студенти. По обиколката на универзитетскиот кампус во изјава за медиумите техничкиот премиер Талат Џафери посочи дека државниот универзитет немаше да биде […]

Новиот ДУП во Ѓорче, може при природна непогода, да го отсече половина Скопје


Откако советниците на Општина Ѓорче Петров, на вонредна седница донесоа ДУП за централното подрачје на општината, каде се предвидени повеќе висококатници, што би донеле нови 10.000 жители, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека најмал проблем се зградите. Нејзе ја загрижува небезбедноста на планот.  – Најмалиот проблем на тој ДУП се зградите. Прво треба да […]

За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, туку и другите институции


Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку  сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг. […]

Уставниот суд оформи 98 нови предмети во декември 2023 и јануари 2024 година


Во периодот декември 2023 година и јануари 2024 година до Уставниот суд се поднесени 98 иницијативи по коишто се формирани нови предмети предмети за работа. Уставниот суд за одредени предмети објави посебни соопштенија во моментот на нивно формирање поради интерес во јавноста, а дел од нив веќе ја завршија и фазата на претходна постапка. Декември […]

Со пасош без „Северна“ и во Германија, Швајцарија и неколку Шенген држави


Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“. Станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а нивниот пример не е исклучено да го следат […]

Без вода дел од општина Ѓорче Петров


Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на цевка со профил од 200 милиметри на улицата „Исаија Мажовски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира […]

Најстудено утрово во Берово


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес. На Попова Шапка има 3 сантиметри […]

Улици од три скопски општини денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Долно Лисиче (општина Аеродром) – во перидот од […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет


Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.  Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава – „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и во изведба на Стивен Фридман.

Сончево време со мала до умерена облачност, температура до 16 степени


 Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.  Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 февруари 2024 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 316 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути. Денов трае 10 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура


Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат […]

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража


Се гради и втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека градежните активности ќе траат наредните два месеца. Посочи дека со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети улица „Ванчо Прќе“, која општината има намера да на […]