Астрономски календар


Денеска е среда, 21 февруари 2024 година, 52-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 314 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 17 часот и 13 минути. Денов трае 10 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести


Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство. -Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство. Дел од медиумите денеска објавија […]

Измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поминаа комисискиот филтер


Предлог измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог-законот за рибарство и аквакултура го поминаа комисискиот филтер во Собранието на Северна Македонија. На денешната 73. седница на Комисија за европски прашања по паузата пред која комисискиот филтер го помина и Предлог-законот за […]

ФЗО го одбилo барањето за младиот Леонид Индов да се лекува во Виена


Откако младиот Леонид Индов со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство. Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот. Инаку, вријат социјалните мрежи со негативни коментари за одлуката на ФЗО, Андоновски на […]

Сите најавуваат претставки за стопирање на ДУП-от за Ѓорче Петров


Повеќе од 30 згради, индустриски објекти, трговски единици на огромни површини и повеќе од 10.000 нови жители треба да добие дел од Општината Ѓорче Петров, спроти пазарот, откако советниците на саботната седница го изгрласаа новиот ДУП за градска четврт СЗ 16. Реакции на овој урбанизстички план стигаат речиси од сите засегнати страни, но и од […]

Јавниот обвинител Коцевски на средба со техничкиот министер Тошковски


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска остварил средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутирало за повеќе тековни активности, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Коцевски го запознал Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и […]

Предлог-законите за средно и за стручно образование ја поминаа првата фаза


Предлог-законите за средно образование и за стручно образование и обука денеска поминаа во прво читање на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Поддршка добија од сите членови на матичната комисија, а на иницијатива на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по двата предлога ќе бидат организирани јавни расправа пред да се проследат во второ читање. […]

АКН: Само цената за вадење прв имотен лист е зголемена, за секој нареден е 250 денари


По информациите дека поскапуваат услугите на Катастар, а цената се зголемува и до три пати, од таму денеска појаснуваат дека зголемени се цените за прв упис, додека секој нареден имотен лист, чини како и досега 250 денари. „Цената на имотниот лист кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности, а се однесува на имотот на […]

Џафери и Шаќири го посетија Универзитетот „Мајка Тереза“


Техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска го посетија Универзитетот „Мајка Тереза“, при што беа информирани за потребите на високо образовната установа. Имајќи ги предвид предизборните ограничувања, Џафери посочи дека не може да се носат конечни одлуки кои имаат финансиски импликации, но вели не е пречка да се направи […]

Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.   „Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом […]

Џафери смета дека не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите


Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите  -Мојот став е дека не треба да има буџетски пари за реклами во смисла на предизборието. Но, ќе одите во вашите куќи да прашате зошто инсистираат токму на тој закон. Пак ќе бидам обвинет, тоа си го знам, меѓутоа […]

Кратка историја за ДУП-от во Ѓорче Петров – кој добива, а кој губи?


Од иницијативата О2, читко напишале што сѐ се случувало последните години во Општина Ѓорче Петров, пред во саботата да се изгласа ДУП за градска четврт С3 16, каде според него, треба да никнат згради од 21, 18, 16, 14 ката.    „На вонредна седница вчера советниците на Општина Ѓорче Петров без ниту еден глас против […]

Изјава за медиуми на Талат Џефери (во живо)


 Изјава за медиуми на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, по посетата на кампусот на Универзитетот “Мајка Тереза” заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.  

Работилници против врсничко насилство во сите основни училишта во Карпош


Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве активно учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на Макпетрол „Крени глас против врсничко насилство“. Имено, основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилници кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со […]

Поскапе имотниот лист – за да се исплатат давачките ќе треба кредит


Тројно поскапеа дел од катастарските услуги, па при купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, јави Сител. Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од […]

Млади девојки умираат од канцер за кој има и превентива и вакцина


  Двете баби на Соња починале од рак на грлото на матката. Затоа таа редовно прави контроли, а досега не се најдени никакви приомени кај неа. „Мајка ми поретко оди на контрола. Стара е, па не успевам да ја убедам почесто да се проверува, но затоа јас, на неколку години, правам детални проверки“, вели Соња […]

Во Германија не може да се влезе со стариот македонски пасош


  Македонскиот пасош со старото име можеби сѐ уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од  Македонија или од трета држава.  Техничкиот министер за внатрешни работи […]

Делови од Сарај и Чучер Сандево без струја


Без струја денеска ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од „ЕВН Македонија“ АД пристигнала информација дека во период од 08.30 до 11 часот, без напојувањe ќе останат дел од потрошувачите на село Крушопек, општина Сарај. Во период од осум до 15 часот, […]

Променливо облачно со локален слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 20  февруари 2024 година, 51-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 315 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 17 часот и 12 минути. Денов трае 10 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]