Џафери: Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија


Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ја посети првата градинка во општина Арачиново. Градинката има капацитет за згрижување 115 деца. Вкупната вредност на проектот изнесува над 45 милиони денари. Посетата на градинката, како што изјави Џафери, е негова дневна активност, покрај тие во Кабинетот. – Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија. […]

По критиките, Ковачевски им се извини на медиумите


  Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски денеска негираше дека ги нарекол медиумите „полтрони“ и уште еднаш се извини за кажаното на 19 февруари, по отворањето на партискиот штаб во Кисела Вода во Скопје. Тој истакна и дека ги прифаќа сите реакции, и од здруженијата на новинарите и од другите институции. „Тоа што […]

Младите побрзо би пријавиле сајбер – насилство кај соучениците отколку кај наставниците


Сајбер – насилството кај младите сѐ повеќе се зголемува, а жртвите насилството побрзо би го пријавиле кај соучениците, отколку кај наставниците и стручните служби, ова беше истакнато на денешниот настан посветен на зајакнувањето на младите за справување со сајбер – безбедноста и сајбер – насилството. Проектниот експерт Маја Христовска рече дека овој проект има за […]

Техничка грешка бил мејлот кој д-р Петличковски го добил за неговата смена од КЗБ


Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски информираше дека вчера добил електронска пошта со листа на имиња, на која претседател на КЗБ бил друг. Сепак, потоа дошло до корекција. -Разговаравме со министерот за здравство и прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка, па оттаму продолжуваме понатаму во истиот состав. Мејлот […]

Потврдени 56 случаи со голема кашлица


По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски кажа дека состојбата со големата кашлица е под контрола, но не е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи. „До денеска се потврдени вкупно 56 случаи. Од нив 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од […]

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница


Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ги проширува своите активности и во Општина Виница. Во рамки на „Крени глас против врсничко насилство“, учениците од образовните установи во оваа општина ќе имаат можност да учествуваат во работилници за подетално запознавање со проблемот со булингот. Соработката со компанијата беше одбележана со потпишување меморандум од градоначалникот Миле Петков и […]

Конзерваторското мислење за 17-катницата кај Воена болница треба веднаш да се поништи, објави министерката за култура


  Незаконски било издадено конзерваторското мислење кое овозможи изградба на 17-катница за 2.000 жители кај Воена болница, констатирала работната група во Министерството за култура. Според министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, побарано е негово итно поништување. Немаше конкретен одговор дали ова ќе значи и итно стопирање на градбата и рече дека другите институции, меѓу кои е Општина Карпош, […]

Колку пасоши може да се печатат месечно – 50.000 или 75.000


  Во многу наврати досега и од претходниот министер за внатрешни работи и од сегашниот технички се наведуваше дека капацитетот на машините за печатење пасоши е 50.000 примероци. Министерот Панче Тошковски денеска изјави дека не било толку, туку дека бројката е 75.000. Ако се оптимизираат машините и ако сѐ работи како подмачкано. Тошковски денеска во […]

(Во живо) Петличковски: Ди-Те-Пер вакцини за возрасни нема, ги очекуваме деновиве


Од Комисијата за заштита од заразни болести, задоволни се од одѕивот на децата кои во последниот период се вакцинирале со ДиТеПер вакцина, со што стануваат заштитени од пертусис или таканаречена магарешка кашлица.  – Болеста кај возрасните не е страшна, но тие се опасни за малите деца и треба да се внимава да се заштитат. За […]

Универзална сала ќе биде готова за три години (галерија)


  По неколкугодишни одложувања, смена на надлежностите со обезбедени средства, Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години, а нејзината поправка почнува денеска, под закрила на Министерството за култура. „Да го најавиме започнувањето на реконструкцијата на Универзална сала – архитектонски и културен симбол на Скопје. Министерството за култура презеде обврска во наредните три години […]

(Видео) Почнува реконструкцијата на Универзална сала


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герсимовски и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе присуствуваат на почетокот на градежните работи на објектот Унивеерзална сала

(Во живо) Прес-конференција на Комората за геодетски работи за поскапувањето на услугите


 Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски ќе даде изјава за медиумите по повод објавите за драстично зголемување на цените на катастарските услуги. 

Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица


Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Директорот на Царинска управа Стефан Богоев заедно со заменик директорот Муарем Асани оствари […]

Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов”


Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2023 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. По дипломирањето, во 1975 година, архитект Рафаиловски започнува да работи во оперативата на ГП […]

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“. Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски […]

Колку сме свесни за хибридните закани?


Завршната конференција и дебата на која ќе бидат претставени резултатите од проектот „Неискористена експертиза“ ќе се одржи денеска со почеток од 14 часот во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи. На конференцијата, на која е предвидено учество да земат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и заменик на шефот на […]

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска, од 9 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Невеска“, „Воденска“, дел од „Разловечко Востание“ и дел од „Волгоградска“, во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на ул. Невеска 4. Корисниците без вода ќе бидат до завршување со санација на дефектот. 

Без струја дел од општините Чучер Сандево, Бутел, Кисела Вода и Зелениково


ЕВН Македонија известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, како и неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково. Прекинот на струја во село Побожје ќе биде од 9 до 13 часот. Покрај селото Побожје, во општина Чучер Сандево без струја ќе бидат и […]

Почеток на градежните работи на Универзална сала


Министерството за култура денеска пред Универзалната сала ќе го објави почетокот на градежните работи на овој објект. Најавено е присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, управителот на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, проектант од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча и надзорниот […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец


 Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]