Следните денови сончево, со пораст на температурите


Фото: Б. Грданоски

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица, најавуваат од УХМР. 

До недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер.

Времето денеска е сончево со мала, а попладне до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец, со температура до 22 степени целзиусови.