Нова поштенска марка „Деца со ретки болести – Фенилкетонурија“


Од денеска излегува од печат поштенска марка „Деца со ретки болести – Фенилкетонурија (Phenylketonuria (PKU)“. Поштенската марка е со номинална вредност од 36.00 денари и со прво печатење од 6.000 примероци. Ќе биде промовирана на светскиот ден на Фенилкетонурија – 28 Јуни. Иницијативата е на претседателот на Здружението за ретки болести „Ретко е да си […]

Од понеделник, студентите на неделно ниво ќе добиваат пари за оброк


Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка.  […]

Петте универзитети бараат потпишување на колективните договори, за да им се зголемат платите како на колегите од УКИМ


Петте државни универзитети реагираат на дискриминацијата што им ја направија Собранието и Владата, во врска со колективниот договор, според кој платата се зголемува за 22% само за јавниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ а не и за други јавни универзитети во земјава. Од таму велат дека имаат  реакција на вработените и членовите на Синдикатите на […]

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината, епицентарот во Албанија


 Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23 часот и 37 минути во југозападниот дел од земјава, во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2..

Презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините“


Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи денеска ќе ја презентираат анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“. Од Фондацијата Конрад Аденауер инфромираат дека оваа анализа претставува документ преку кој се утврдуваат проблемите и предизвиците од аспект на законската рамка, како и од аспект […]

Уставниот суд треба да донесе одлука за „националност“ во Законот за матичната евиденција


 Уставниот суд денеска ќе ја одржи осмата седница на која теба да бидат разгледани две иницијативи за оценување на уставност и законитост и два предлога за одлучување со нацрт-одлуки. Уставните судии треба да донесат одлука за предметот во кој е оспорен делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на судот. За овој предмет […]

Редовно годишно собрание на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание. Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период. На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на […]

Предавање за Патот на свилата во КИЦ-Скопје


 „Почетокот на Патот на свилата“ е насловено предавањето на Игор Радев, синолог и преведувач, што ќе се одржи вечер во Културно-информативниот центар – Скопје. Почетоците на Патот на свилата, како трансверзала што ги поврзувала Источна Азија со Медитеранот, датираат  во првите два века од нашата ера. Тоа е епохата на кинеската династија Хан (205 п.н.е […]

Трет „РЕДИ Самит 2024“


Во Скопје денеска ќе биде официјално отворено  третото издание на „РЕДИ Самит 2024“, со поддршка од ЕУ. На официјалното отворање на самитот ќе се обратат со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.  Ова трето издание на Самитот РЕДИ служи како витална платформа за дијалог, соработка и […]

Без вода комплексот „УКИМ“, струја ќе нема во делови од Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште


Во текот на денов без вода ќе бидат корисниците на комплексот „УКИМ“, а струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ има известување дека денеска, поради уличен дефект на булеварот „Гоце Делчев“ број 9, во […]

Променливо облачно и релативно топло


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 […]

Демири ќе разговара со семејството на Леонид Индов за трошоците за неговата рехабилитација


Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство. – Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на […]

Владата го утврди и усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024-2044


Владата на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е канцеларијата на премиерот. Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата, соопшти владината прес-служба. Националната развојна стратегија е […]

Брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи


По иницијатива на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи. „Овозможуваме непречен меѓународен транспорт и побрзо издавање на патни исправи за домашните транспортери“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска на седница на Владата се донесе одлука за воспоставување на брза […]

Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто, зголемување ќе им се исплати и за јануари


Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година, […]

ЛДП предлага патните исправи да важат подолго со печат на Северна Македонија


Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.   -Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на […]

Синот на ексградоначалникот Шилегов го отвора второто кафуле во Скопје


Лоциран во новиот шопинг мол во близина на кулите „Џевахир“, наскоро треба да започне со работа новиот кафе бар каде сопственик е синот на ексградоначалникот Петре Шилегов. На социјалните мрежи веќе се појавија објави на кои се рекламира новиот локал, името на кафулето е „Бабилон“. Инаку, синот на ексградоначалникот, од пред две години е сопственик […]

Демири: Свесноста за органодарителството се зголемува


Горд сум што свесноста за органодарителството се зголемува, истакнал министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири на стручниот состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација. Министерството за здравство соопшти дека Демири во своето излагање упатил благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот […]

ДИК: Утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори


 Утре, на 28 февруари, во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните претедателски и парламентарни избори. Како што беше речено на денешната седница на ДИК, увидот во Избирачкиот список ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се […]

Учениците од Охрид ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“


Во деветте основни училишта во Општина Охрид ќе се одржат работилници против врсничко насилство што ќе ги овозможи „Макпетрол“ во својата општествено одговорна кампања. Изминатиов период Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од активностите на „Крени глас против врсничко насилство“. Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија […]