Општина Аеродром одбележа 19 години постоење


 
Во духот на младоста и радоста, со повеќе настани, спортски и музички активности, денес се одбележа 19. роденден на Општина Аеродром. Учество земаа учениците од основните училишта и детските градинки, кои уште еднаш покажаа дека Аеродром е најубавата, најурбана и спортска средина која аеродромци се учат да ја чуваат уште од најмали нозе.
 
Во рамките на активностите, утрово повеќе ученици трчаа низ сите основни училишта, собирајќи пораки со желби за поубава, позелена и почиста општина, кои на крајот беа однесени во Општина Аеродром и кај градоначалникот Тимчо Муцунски.
 
Тој, пред присутните на централниот настан во СЦ „Марко Божиновски“, се заблагодари на сите кои учествуваа во активностите и го направија овој ден посебен, потенцирајќи дека желбите на најмладите ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром.