Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“


 Начините како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција, и како младите можат и треба да се приспособат на овие промени преку учење вештини за медиумска писменост и за користење на алатките за вештачка интелигенција, се во фокусот на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во доба […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во […]

За Велковски срамота е зголемувањето од пет отсто на пензиите


Пет проценти на пензиите не претставува покачување, туку усогласување на трошоците за живот за сите приматели на пензии во Македонија, вели техничкиот министер за труд и социјална правда, Ѓоко Велковски. „Процентот за жал е многу мал и срамота е да се каже дека 5% е зголемување на пензиите како некои други што потенцираат. Јас ова […]

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите


Судскиот совет попладнево преку соопштение реагираше на најавените измени на законите со кои се предвидува намалување на коефициентите на платите на избраните и именуваните лица.  Од Судскиот совет наведуваат дека со интервенција во закон во кој е загарантирана платата на судијата, директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите и на независноста и самостојноста на […]

Јавниот обвинител Петрески назначен за следење на предметите поврзани со безбедност на новинарите


На регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“, што се одржува денеска во Белград, во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, учествува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Дејан Петрески. Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи […]

Пратениците го донесоа законот за конфискација на имот во граѓанска постапка


  Собранието попладнево одржа продолженија на неколку седници при што беа изгласани повеќе закони. Во рамки на 129 седница беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка со 64 гласа „за“, без ниту еден против и воздржани, како и со гласовите на 25 пратеници од […]

Попов: МАНУ „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“


Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече,  се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија. Посочи на „генерална партизација“ […]

Судиите и се закануваат на Владата со судски процес ако им ги намали платите


Управниот одбор на Здружението на судии на Македонија реагираше за најавените измени на Законот за плати на судии и Законот за плати на членовите на Судски совет во скратена постапка, кои се на дневен ред на денешната седница на Собранието. Управниот одбор на Здружение на судиите смета дека е неприфатлив ваквиот „нетранспарентен начин на работа и […]

Лажна дојава за поставена бомба во Кратово


Вработена во кабелски оператор во Кратово денеска околу 10:30 часот во СВР Куманово пријавила дека преку смс-порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Два деловни […]

Буџетот за основна дејност на МАНУ помал за 40 отсто, новиот претседател Попов ја претстави годинашната програма


Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, порача новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов, во експозето откако на крајот на ноември беше избран за прв човек на Академијата за мандатниот период 2024 – 2027 година заедно со нов состав на Претседателството на […]

Пропадна предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за пасошите со Република Македонија


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки извести дека  пратениците на ДУИ и на СДСМ  одбиле да го стават на дневен ред предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за измена на рокот до кој ќе важат пасошите со  име Република Македонија. Предлогот од власта беше оценет како кршење на Преспанскиот договор и како иницијатива која има цел само пи-ар, […]

Биокомпостара во Скопје – од 1.000 кг биоотпад ќе прави 200 кг компост


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја промовираа новата биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад. Kомпостарата е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостарата се овозможува ефикасно решение за справување со проблемот со […]

Научниците во Македонија земаат потпросечна плата, бараат повеќе


Синдикатот на самостојните јавни научни установи ја поздравува извојувана долга и макотрпна битка на Сојузот на синдикати на УКИМ, со којашто успеаја барем малку да го вратат достоинството на професијата универзитетски професор. „Ние како синдикат на вработените во седумте јавни научни установи од национален интерес кои реализираат и програми од втор и трет циклус на […]

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид


Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. – Во координација со јавен обивнител, […]

Нов национален план за чист воздух – постои сериозен недостаток на стратешко планирање


Владата да донесе нов национален план за чист воздух и да се обезбедат финансиски средства и институционални капацитети на општините и Градот Скопје за спроведување на нивните надлежности. Ова се главните препораки од анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“ изработена од Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот […]

Без вода дел од Трнодол и Жданец


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 11:50 часот ќе бидат корисниците од населба Трнодол и улиците „Нерешка“ и „Теодосиј Синаитски“ во населба Жданец, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Утре и во петок дожд, викендот претежно сончево и релативно топло


Утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Според прогнозите на Управата за хидометеоролошки работи, утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над […]

Пензиите од 1 март ќе се зголемат за околу пет отсто


  Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски. Тој не сакаше тоа да го нарече зголемување, туку „статистичко дополнување“. На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, […]

Уставниот суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција


  Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност“ во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот. Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член […]

РЕДИ самит: Инклузија на Ромите и во зелени и дигитални иновативни технологии


Инклузијата на Ромите во зелените и дигиталните иновации и еднаквоста при управување со животната средина беа теми на кои се дебатираше на третото традиционално издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во хотел Мериот, Скопје. За време на самитот, панелистите се осврнаа на клучни прашања, давајќи увид во клучните приоритети, цели и стратегии за промовирање […]